Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи


 Министерството за здравство соопшти дека од денеска, преку страницата vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население. Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од производителот компанијата „Абот“ од Холандија. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен […]

ММФ даде зелено светло за поддршка на Македонија со 530 милиони евра


  Македонија е на чекор да ја добие долгоочекуваната финансиска поддршка од Меѓународниот монетарен фонд. Како што соопшти Министерството за финансии, мисијата на ММФ „даде зелено светло за доделување 530 милиони евра на Република Северна Македонија преку Кредитната линија за претпазливост (The Precautionary and Liquidity Line – PLL) во рок од 24 месеци“. „Ова е […]

Првата седница на новоизбраниот бугарски парламент ќе биде на 19 октомври


 Претседателот на Бугарија Румен Радев соопшти дека ќе ја свика првата седница на новоизбраното 48. Народно собрание на 19 октомври 2022 година, соопшти неговата прес-служба. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев денеска го потпиша указот врз основа на чл. 75 од Уставот на земјата, откако Централната изборна комисија на 7 октомври го […]

Новиот руски командант во Украина ја покажа бруталноста само два дена по именувањето


  Бранот напади насочени кон градовите низ Украина доаѓа два дена откако Русија назначи озлогласен генерал за свој прв генерален командант за војната во Украина. Генералот Сергеј Суровикин (56) е ветеран командант и генерал на воздухопловните сили кој ја водеше руската воена кампања во Сирија во 2017 година, каде беше обвинет за надгледување на бруталното […]

Илјадници на улица во европските градови: Се штрајкува за високите цени, инфлацијата…


  Неколку илјади демонстранти во бројни германски градови бараа замрзнување на цените на станарините додека инфлацијата во цела Европа достигнува високи нивоа, во Прага се протестира против високите цени на намирниците, а во Рим за подобри работни услови, социјална правда и политиките на крајната десница. „Многу сме задоволни од одѕивот кој ни е показател во […]

Османи: Ги осудуваме денешните ракетни напади врз цивилни цели во Украина


Денешните ракетни напади врз цивилни цели во Киев, Лвов, Днипро, Харков, Криви Рих и други делови од Украина претставуваат флагрантно кршење на меѓународното хуманитарно право, како и дополнително поткопување на меѓународниот поредок заснован на правила, објави шефот на дипломатијата Бујар Османи на негопвиот Фејсбук профил. -Република Северна Македонија силно ги осудува ваквите неприфатливи дејствија извршени […]

Како беше отстранета плочата на Борис Трети во Ерусалим


  Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, при тензичното отворање на просториите на здружението, рече дека споменик на бугарскиот цар има и во Тел Авив, Израел. Сакајќи индиректно да нагласи дека улогата на Борис Трети во спасувањето на бугарските Евреи била признаена и во Израел. Но тоа не е вистина. […]

Атинскиот аеродром и пристаништето Пиреа од денеска поврзани со директна метро линија


  За 55 минути од аеродромот во Атина ќе се стигнува до пристаништето Пиреа, со отворањето на новите три станици од една од линиите на атинското метро, со што  најголемиот грчки аеродром директно ќе се поврзе со најголемото грчко пристаниште, јави дописничката на  МИА од Атина. Според информациите од грчката влада, со трите нови станици […]

Нафтовод до Унгарија или до Македонија и Албанија засега е само можност, вели Михајловиќ


  За Србија најодржливо е сурова нафта да добива преку јадранскиот нафтовод ЈАНАФ, изградбата на нафтовод до Унгарија, што е прва опција, или до Албанија преку Северна Македонија, што е втора опција, засега се само можности, изјави српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, […]

Мицкоски вели дека се сретнал со претседателот на бугарскиот клуб, но само еднаш


  Христијан Мицкоски, денеска потврди дека се сретнал со претседателот на бугарскиот клуб во Охрид, но дека тоа било случајно. И не го познавал Томе Блажевски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска одговори како се случило тие двајца заедно да палат свеќи пред црква. „Не, не го познавам момчето. Гледам некоја слика се појавува таму. Мислам дека […]

Продажните цени на производителите на индустриски производи за една година се зголемиле 15,9 отсто


  Продажните цени на производителите на индустриски производи на месечно ниво во август се пониски за 0,1 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 15,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во август 2022, во споредба со јули 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство […]

Шварценегер е најскапиот личен тренер во САД- наплатил 300.000 долари за вежбање со надгледување


САД – Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД откако вчера тренираше два тима, што платија по 150.000 долари за вежбање со надгледување. Сѐ тоа беше во добротворни цели. Шварценегер, имено, „призна“ дека сега почесто ќе наплаќа 150.000 долари по тренинг во неговата омилена вежбалница во Калифорнија. Споменатите суми се дел од собраните средства за […]

Увозните цени на коксот и нафтените деривати за една година се зголемиле 85,8 отсто


Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2022 година, увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се пониски за 6,9 отсто на месечно ниво и повисоки за 85,8 отсто на годишно ниво. Индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците […]

Џулијан Асанж се заразил со Ковид во затвор


  Англија- Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (пикс) е позитивен на тестот за Ковид, рече неговата сопруга во понеделникот, додека се бори со неговата екстрадиција во Соединетите држави. „Џулијан се чувствуваше лошо минатата недела, но почна да се чувствува лошо во петокот“, рече Стела Асанж, цитирана од новинската агенција Прес асоцијација. „Почна да кашла и […]

Иницијативата за референдум на Левица уште не стигнала кај Џафери


  Претседателот на Собранието Талат Џафери сѐ уште не ја примил иницијативата за одржување на референдум од Левица, соопшти неговиот кабинет. „До овој момент претседателот Џафери ја нема примено Иницијативата за одржување референдум од политичката партија Левица“, информираат од кабинетот на Џафери. Од таму наведуваат дека во моментот кога официјално ќе ја примет иницијативата ќе […]

Српски Ананас стана сопственик на сајтовите Групер и ПаоПао во Македонија


Маркетплејс платформата за онлајн продажба, Ананас.рс (Ananas.rs), со седиште во Србија, од „Пејтен“ (Payten) откупи 100 отсто од сопствеништвото на компанијата ВЕБСПОТ со што стана сопственик на македонските брендови за онлајн купување Групер.мк (Grouper.mk) и ПаоПао.мк (PaoPao.mk), соопшти компанијата. На македонскиот пазар Групер е познат по бизнисот за продажба на купони за услуги, додека неодамна […]

Ивановска: Нема основа за покренување постапка против Ковачевски за „Броило“


 Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска вели дека нема основа за отворање случај против премиерот за случајот „Броило“, откако тоа го побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ. -Кога стапи на функцијаta заменик-министер за финансии, премиерот Димитар Ковачевски во својот анкетен лист уредно пријави сѐ што поседува. Од податоците во анкетниот лист имаме сознанија дека […]

Дали има „бугарска врска“ во експлозијата на мостот кај Крим?


  Претседателот на Русија, Владимир Путин, експлозијата на Кримскиот мост ја нарече терористички напад, чии автори, гаранти и извршители се украинските специјални служби. Претседателот на Истражниот комитет Александар Бастрикин на средбата со претседателот додаде дека во организацијата на нападот биле вклучени руски државјани и странски држави. Според Бастрикин, истражителите ја утврдиле трасата на камионот што […]

Скопје ќе има парно без разлика дали ќе работи ТЕ-ТО или не


Топлинска енергија од 15 октомври ќе има за сите потрошувачи во град Скопје без разлика дали ќе работи или нема да работи когенеративната електрана ТЕ-ТО, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Ако не работи ТЕ-ТО во делот на производство на електрична енергија со чиј нус производ се обезбедуваат 60 до 70 отсто од производството […]

Летното сметање на времето ќе смени само два до три проценти од состојбата, вели Мицкоски


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека вчерашниот владин предлог за продолжување на летното сметање на времето, ќе смени повеќе од два до три проценти од вкупната слика од состојбата во државата. Мицкоски побара од Владата да го прифатат нивниот пакет мерки за стопанството, компаниите и граѓаните, што го презентираше тој денеска на прес-конференција. […]