Продажните цени на производителите на индустриски производи за една година се зголемиле 15,9 отсто


 

Продажните цени на производителите на индустриски производи на месечно ниво во август се пониски за 0,1 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 15,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август 2022, во споредба со јули 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,5 отсто, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,4 отсто.

Во август 2022, во споредба со август лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 8,6 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 14,2 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 51,1 отсто.