Каде ќе се кратат платите, а каде треба да се зголемат приходите. Еве што вели премиерот Ковачевски


  Претпријатијата и институциите кои што креираат загуби, а кои што мора да се покриваат со пари од буџетот, ќе мора да направат рационализација на трошоците, вклучувајќи ги и оние за плати, особено онаму каде што тие се над просекот, изјави денес премиерот Димитар Ковачевски. Истовремено, треба да се зголемат и приходите, особено онаму каде […]

Ален Исламовиќ доаѓа во Штип на „Макфест 2022“


  На сцената во домот на културата во Штип  на 21 и 22 октомври на „Макфест“ ќе настапат едни од најголемите имиња од македонската естрада.   После неколку години на фестивалот се враќа Тамара Тодевска, ќе ги видиме и момците од рап-дуото „Два Бона“, потоа Пајак и Лара Иванова, Ламбе Албакоски, Викторија Лоба, еворвизиската преставничка […]

Нови 72 случаи со Ковид-19, починале четири лица


Нови 72 случаи на Ковид-19 се регистрирани во изминатите три дена (7, 8 и 9 октомври) од вкупно 871 направен тест, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.   Од новите случаи, 60 се во Скопје, три во Куманово, по два случаја имаат Битола и Велес и по еден Прилеп, Охрид, […]

За Мицкоски владините мерки се задоцнети, предложи негови за ублажување на економската криза


  Лидерот на ВМРО-ДПМЕ Христијан Мицкоски денеска предложи пакет мерки за стопанството, компаниите и граѓаните за коишто се надева дека ќе бидат разгледани од Владата и прифатени. Мицкоски ја повика Владата да ги прифати овие мерки, но исто така критикуваше дека вчера предложените владини мерки се задоцнети, недоволни и не се однесуваат на компаниите. Првиот […]

Ењеди, Бегиќ, Маринковиќ, Стараче и Венинова во жири на „Киненова“


Илдико Ењеди од Унгарија, Аида Бегиќ од Босна и Херцеговина, Паво Маринковиќ од Хрватска, Симоне Стараче од Италија и Елеонора Венинова од Северна Македонија, се годинешните членови на жирито кое ќе одлучува за главната натпреварувачка програма составена од осум филмови и за кратките филмови на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Режисерката Илдико Ењеди е годинешниот лауреат […]

Русија ја нападна со ракети цела Украина, вклучително и Киев. Има многу мртви


  КИЕВ – Русија во понеделникот изврши смртоносен бран напади врз повеќе украински градови, разурнувајќи цивилни цели, вклучително и центарот на Киев, каде што загинаа најмалку осум лица. Интензивниот, повеќечасовен напад означи ненадејна воена ескалација од страна на Москва. Тоа се случи еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин ја нарече саботната експлозија на огромниот […]

Комичната претстава „Лагата“ во сабота во МНТ


На сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) во сабота, 15 октомври, премиерно ќе биде одиграна комичната претстава „Лагата“, работена според текст на современиот француски писател, драматург, сценарист, театарски и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи.   Во комедијата, која во нашата земја се поставува за првпат, игра актерската екипа – Јордан […]

Неделен хороскоп од 10 до 16 октомври: Овните добиваат нови љубовни прилики, Водолиите стручно се усовршуваат….


Дознајте што ве очекува до крајот на оваа недела! ОВЕН ЉУБОВ: Овие денови навистина ќе светнат на вашето љубовно небо. Пријатно ќе бидете изненадени од тоа колку нови љубовни можности ви се отвораат. Облечете се и излезете меѓу луѓето. КАРИЕРА: Ќе ги решите сите поголеми деловни дилеми и сега похрабро одите напред. Малку по малку […]

Наградата „Вацлав Хавел“ за 2022 година за рускиот опозиционер Владимир Кара-Мурза


  Франција– Наградата за човекови права „Вацлав Хавел“, што ја доделува Советот на Европа, годинава ја доби  41-годишен руски опозиционер Владимир Кара-Мурза, кој беше уапсен поради спротивставување на војната во Украина, јави дописникот на МИА од Стразбур. Наградата за Кара-Мурза, проследена со 60.000 евра, е заради неговата храброст да се спротивстави на војната во Украина. Тој […]

(Видео) Снимен моментот на проектил во Дњепро


Денеска повеќе градови во Украина беа гранатирани, а по социјалните медиуми се шират снимки од експлозиите. Последната објавена е од Дњепро, а автенричноста ја верификува „Скај нус“. Прикажува момент кога руски проектил удира во Дњепро, а снимката е направена од камера во автомобил. Росіяни вже виклали відео сьогоднішніх ракетних ударів по Дніпру pic.twitter.com/zrYpPwg6lN — ЄвроМайдан […]

Ќе се придружи ли Македонија кон Грција и Бугарија во сметањето на времето


Во Министерството за економија се прават анализи кои што треба да покажат дали Македонија ќе остане на летното сметање на времето, и по 30 октомври, кога во Европа стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад. Причината е евентуална заштеда на енергија, бидејќи доколку се продолжи со летното сметање на времето, практично подоцна ќе […]

„Беркли“ нуди курс за Ники Минаж


  САД– Универзитетот во Калифорнија, Беркли нуди курс посветен на Ники Минаж за семестарот пролет 2023 година. Насловен „Ники Минаж: Хип-хоп и феминизам“, семестарскиот час ќе го опфати влијанието на музичарката врз хип-хоп музиката, како и како нејзиното влијание се поврзува со „пошироките историско-социјални структури и хип-хоп феминизмите“. Објавено преку серија твитови кои сега се […]

Бензините поскапуваат по 2 и 2,5 денари, дизелот поскапува 3 денари


Претпразнично се зголемуваат цените на горивата – по минатонеделното зголемување, цените повторно одат нагоре. Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2,43 отсто. Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 2,5 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 89.00 денари. Цената […]

Нобелова награда за економија за Бернанки, Дајмонд и Дибвинг


Нобеловата награда за економија оваа година им е доделена на тројца американски економисти за нивните истражувања за банки и финансиски кризи. Наградата ја добија Бен Бернанки, поранешен претседател на американската централна банка ФЕД, Даглас Дајмонд и Филип Дибвиг, соопшти денеска Нобеловиот комитет. Важен наод во нивното истражување е зошто избегнувањето на колапс на банките е од витално […]

Скринингот продолжи со Поглавјето 1 – Слободно движење на стоки


  Скрининг средбите на Северна Македонија со Европската Унија во Брисел денеска продолжија со Поглавјето 1 – Слободно движење на стоки од Кластер 2 – Внатрешен пазар, соопшти СЕП. Слободното движење на стоки претставува една од 4-те основни слободи врз кои е изграден и функционира единствениот пазар на Европската Унија. Законодавството и институционалната имплементација на […]

Член на Левица осуден за инцидентот со Заев на Могилата на непобедените


Членот на политичката партија Левица, Иван Јованоски, првостепено е осуден за настанот од минатогодишното одбележување на 11 октомври на Могилата на непобедените, објави на Фејсбук профилот оваа партија без да се каже каква е казната.  Левица случајот го нарече политички монтиран  тврдејќи дека  пресудата е донесена по директива на поранешниот премиер Зоран Заев. Јованоски тогаш […]

Дали навистина се добри линиите за нега на кожата на славните?


  САД- Дури и ако не ги следите вестите за славните, невозможно е да го игнорирате налетот на линиите за убавина на славните во изминатите неколку години, од нега на кожата до шминка и сè помеѓу нив. Само во областа на нега на кожата, постојат линии од Фарел Вилијамс, Гвинет Палтроу, Џенифер Лопез, Скарлет Јохансон, […]

Три руски ракети упатени кон Украина – ја надлетале Молдавија


Молдавскиот министер за надворешни работи Нику Попеску напиша на Твитер дека го повикал рускиот амбасадор да објасни зошто три проектили лансирани од Црното Море кон Украина поминале низ воздушниот простор на Молдавија. Денеска Русија истрела 75 проектили врз цели во Украина, откако еден ден претходно рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина за терористички напад […]

Колку е богата Меган Маркл?


  САД/ Англија- Со смртта на кралицата Елизабета Втора на 8 септември, беше објавено дека Меган Маркл, војвотката од Сасекс, првично нема да патува за да биде со семејството во Балморал по нејзината смрт, и наместо тоа, барем на почетокот ќе остане во Англија. Според Би-Би-Си, нејзиното отсуство го потврдил кралскиот репортер Омид Скоби преку […]

Путин потврди дека се одмаздува


Рускиот претседател Владимир Путин денешните ракетни напади на Москва врз бројни украински градови ги опшиша како одговор на „терористичките напади“ на руска територија и предупреди дека може да следи уште поостар одговор. Тој уште тврди дека Украина се обидела да го дигне во воздух и гасоводот „Турски ток“. „Ако нападите врз Русија продолжат, одговорот ќе […]