Филип Николоски: Свесно не издадовме еврообврзница и заштедивме околу 40 милиони евра


  Постигнати се заштеди во висина околу 40 милиони евра на годишно ниво со обезбедување средства со пониски камати од оние на глобалниот пазар на капитал. Работиме домаќински за да можеме со што пониска камата да го финансираме дефицитот. За следната година е предвиден понизок буџетски дефицит, а со новиот Закон за буџети се предвидуваат […]

Чапутова во ЕП: Ако не ја браниме демократијата, таа ќе исчезне


 Словачката претседателка Зузана Чапутова од говорницата на Европскиот парламент повика на одбрана на демократијата и европските вредности и на солидарност на ЕУ во повеќекратните кризи низ кои минува, јави дописникот на МИА од Стразбур. Потсетувајќи се на неодамнешните хомофобични убиства во Братислава, словачката претседателка Зузана Чапутова рече дека злосторствата од омраза не се насочени само […]

Европски синдикати: Профитите растат додека платите паѓаат


Конфедерацијата на европски синдикати објави детаљна анализа за состојбата на платите и профитите на компаниите, алармира за состојбата на работниците во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Студијата на Европската синдикална конфедерација, каде членуваат сите големи синдикати на земјите членки на ЕУ, покажа дека во профитите на корпорациите во 13 земји на ЕУ се […]

Инфлацијата во ЕУ во септември на ново рекордно ниво


  Инфлацијата во ЕУ силно забрза во септември, достигнувајќи ново рекордно ниво од 11 отсто, покажа извештајот на Евростат. Годишната стапка на инфлација во ЕУ, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), достигна 10,9 отсто во септември, што е ново највисоко ниво откако Европската статистичка служба почна да објавува податоци. Во август таа изнесуваше […]

Шутаров: Со вакви менаџерски способности и кадри, Господ нека им е на помош на ЈСП


По барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Советот на Град Скопје денеска започна со вонредна седница во 14 часот, на која се расправа за префрлање пари на ЈСП „Скопје“, за вработените да можат да земат плата и граѓаните на главниот град да имаат сигурен јавен превоз. Советничката Марија Андоновска во своето обраќање пред Советот, рече […]

Министерството нас екс-министерот Милевски потрошило 79 отсто повеќе струја, најмноги заштедил Нуредини


Министерството за локална самоуправа каде што до скоро министер беше Горан Милевски, наместо да штеди струја, како што беше одлучено на Владата, во септември потрошило за 79 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Истовремено, Министерството за животна средина, на чело со министерот Насер Нуредини било прилично штедливо и потрошило за 75 отсто помалку […]

Грчкиот министер Дендијас се криеше од руските ракети во Киев


  Грчки дипломати потврдија дека министерот за надворешни работи на земјата, Никос Дендијас, кој е во посета на Украина, бил принуден да се скрие во засолниште за бомби во Киев. Сирените се огласија додека политичарот разговараше во главниот град на Украина со неговиот колега Дмитро Кулеба. „Министерот, неговиот украински колега и грчката делегација се добро […]

Русите го демонтираа споменикот во Мариупол за големата глад во 1923-1933


  Администрацијата на анектираниот Мариупол во областа Донецк во Украина го демонтираше споменикот „На жртвите на холодоморот од 1932-1933 година и политичките репресии“, кој од 2004 година стоеше во центарот на градот во близина на драмскиот театар. Низок гранитен споменик со уши врзани со лента и бодликава жица беше демонтиран со помош на камионски кран […]

„Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар го затвора фестивалот РУТА


  Фестивалот „РУТА група Триглав“ (Регионална унија на театри), кој во Скопје се одржува од 14 октомври, вечер ќе заврши со изведба на претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар – Скопје, во режија на Зоја Бузалковска. Тоа ќе биде 10-та изведба на претставата која премиерно беше изведена на крајот на минатата […]

Нови 34 позитивни на корона вирус, пријавени две починати лица


Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 598 теста, а регистрирани се 34 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 25, Битола – 3, Гостивар – 2, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 1. Од вкупниот број позитивни (34), регистрирани се 9 […]

Георгиевска: Го блокираат Уставниот суд, па тврдат дека сум постапила противуставно


 Иницијативата на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за моја интерпелација како претседателка на Комисијата за прашањето на изборите и именувањата, не е ништо друго освен обид за прикривање на нивната вистинска намера, а тоа е да се предизвика уставна криза во државата, изјави денеска пратеничката Марија Георгиевска. Пратеничката на СДСМ истакна дека таа во својство на […]

Мицкоски очекува ЕСМ да потпише договор со неговите „позиции“, Бектеши чека конкретна понуда


Серијалот за „позициите“ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, односно неговите „контакти“ кои можат да помогнат во набавка на гас и мазут, продолжи и денеска, со различни гледишта на опозицијата и на власта. Мицкоски очекува позитивен исход и „испораката да почне во ноември“, додека министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека станува збор за договор […]

Амбасадорот во Брисел приоритетен за Македонија, не и за Милошоски


Шефот на дипломатијата Бујар Османи го повика денеска претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието, Антонио Милошоски до петок да закаже седница, каде би се презентирале тезите за упатување на амбасадорот во ЕУ.   „Упатувањето на амбасадор при Европската унија е приоритет за земјата, особено во услови кога после 17 години ги започнавме преговорите. […]

ССНМ: Да не се прифати барањето на Жан Митрев да се забрани истражувањето на ИРЛ


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), јавно инсистира Судот да не го прифати барањето на доктор Жан Митрев за примена на вонредни судски мерки, односно за повлекување на истражувањето на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) со наслов „Нечиста крв“. Во спротивно ИРЛ директно, но и целата медиумска индустрија посредно ќе бидат изложени на брутална […]

Пропадна и вториот обид, Бугарија не може да избере ни претседател на Парламент


Ситуацијата без преседан го остави новото Народно собрание на Бугарија без спикер. Без успех беше и вториот обид за избор на нејзин претседател, јавува дописникот на МИА од Софија. До ваква состојба дојде откако кандидатот на ГЕРБ, Росен Жељазков, и Никола Минчев од „Промените продолжуваат“ не успеаја да ја соберат поддршката на повеќе од половината […]

Мукаетов на регионален Форум на менаџери: Нѐ чека многу тежок период


Бизнис-лидери од регионот, меѓу кои и генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, зедоа учество на Форумот на менаџери, кој се одржа на 18 октомври годинава во Белград. Во рамките на овој еминентен бизнис-настан во организација на Српската асоцијација на менаџери – „САМ“, регионалните бизнис-лидери имаа свои излагања на теми од областа […]

Ангеловски: Во моментот реакцијата на државата на евентуален кибер напад е на ниво на мртов коњ


Директорот на ОТА, Зоран Ангеловски денеска информираше дека изработиле дигитален систем за пренос на класифицирани информации, кој е еден од најмодерните во регионот, со високо ниво на заштита, прв пат со употреба на крипто заштита со квантна технологија, но шест месеци се чека за акредитација од страна на Дирекција за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ). […]

Путин воведе воена состојба во анектираните региони од Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин објави дека потпишал декрет за воведување воена состојба во анектираните територии на Украина – самопрогласените ДПР и ЛПР и окупираните делови на регионите Херсон и Запорожје. Говорејќи преку видео-врска на состанокот на Советот за безбедност на Русија, тој објасни дека на овие територии важела воена состојба уште пред да „се […]

Почна изградбата на прв затворен пазар во Кисела Вода


Денеска почна изградбата на прв затворен пазар во Општина Кисела Вода, во близина на Домот на културата, а градоначалникот најави уште еден во Драчево. – Јас се обврзав дека ќе изградиме два вакви пазари, па еве, на истекот на првата година од мојот мандат веќе го почнуваме овој пазар којшто треба отприлика за два месеци […]