Нови 34 позитивни на корона вирус, пријавени две починати лица


Фото: Б. Грданоски

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 598 теста, а регистрирани се 34 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 25, Битола – 3, Гостивар – 2, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 1.

Од вкупниот број позитивни (34), регистрирани се 9 реинфекции.

Регистрирани сe 47 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 33, Битола – 4, Куманово и Гевгелија – по 2, Прилеп, Велес, Штип, Кичево, Кратово и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема регистрирани починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се две починати лица, од Скопје (72) и од Прилеп (77 г).

Едно лице е починато во домашни услови и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во периодот од 17.9 до 1.10.2022година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.178.565 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.756, бројот на оздравени пациенти е 333.880, на починати е 9.556 а бројот на активни случаи изнесува 320.