Зеленски му додели орден „Јарослав Мудриот“ на Талат Џафери


Украинскиот претседател Володимир Зеленски додели орден на кнезот Јарослав Мудриот на неколку светски политичари, меѓу кои и претседателот на Собрание на Република Северна Македонија, Талат Џафери. Орденот се доделува за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во […]

Медведев против ревизија на статусот на постојаните членки на Советот за безбедност


Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, предупреди на ревизијата на статусот на постојаните земји-членки на Советот за безбедност на ОН, вклучително и нивното право на вето. – Статусот на постојаните членки на Советот за безбедност, кои се основачки членки на ОН, никогаш не треба да биде предмет на ревизија, вклучително и нивното право да стават вето, рече Медведев. […]

Стотици пожарникари се борат со пожар на планината Килиманџаро во Танзанија


Стотици пожарникари денеска го гасат пожарот на планината Килиманџаро, соопштија локалните власти во Танзанија. Никој не е повреден во пожарот што избувна во петокот, изјави регионалниот комесар Нурдин Бабу за ДПА, додавајќи дека причината допрва треба да се утврди. Густите облаци чад како и ветровите им ја отежнуваа работата на 320-те пожарникари, а пожарот гори на надморска височина од околу […]

Кулеба за ракетните напади: Западот не треба да чека ни минута


Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска на Твитер напиша за „бараж руски ракети“ насочени против цивилната инфраструктура. „Утрото во Украина започна со бараж руски ракети насочени кон критична цивилна инфраструктура. Дел од нив пресретнавме, други погодија цели. Противвоздушната одбрана спасува животи. Не треба да има ни минута доцнење во главните градови кои одлучуваат […]

Скопјанка осомничена за измама


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишна скопјанка која е осомничена дека сторила кривично дело измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената, која претходно е осудувана и против која се водат и други постапки за слични кривични дела, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, […]

Евростат: Буџетскиот дефицит во ЕУ и еврозоната благо се намали во вториот квартал


Буџетскиот дефицит во ЕУ и во еврозоната изразен со удел во во БДП е благо намален во вториот квартал благодарение на повисоките приходи, намалената потрошувачка и закрепнувањето на економиите по кризата со коронавирусот, покажа последниот извештај на Евростат. На ниво на ЕУ, сезонски прилагодениот буџетски дефицит изразен со удел во БДП изнесуваше 1,8 отсто во […]

Десетици илјади протестираа во Германија против скапотијата


Неколку десетици илјади граѓани се собраа денеска на протести во шест градови во Германија, барајќи од германската влада да го зголеми учеството во финансирањето на сметките на граѓаните за енергија и други трошоци, како и побрзо напуштање на употребата на фосилни горива. Протести се одржаа во Берлин, Дизелдорф, Хановер, Штутгарт, Дрезден и Франкфурт, а учесниците […]

Речиси милион и пол корисници во Украина се без струја по руските напади


Повеќе од еден и пол милион корисници на компаниите за дистрибуција на електрична енергија во Украина се без струја по руските напади врз инфраструктурата на земјата, соопшти денеска Кирило Тимошенко, заменик-шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски. „Во овој момент, 672.000 претплатници се без струја во регионот Хмелницки, 188.400 – во регионот на Миколаев, 102.000 […]

Авион со германски државјани исчезна на брегот на Костарика


Крајбрежната стража и полицијата на Костарика започнаа потрага по авион со пет германски државјани, кој исчезна од радарите во близина на брегот на земјата, објави министерот за безбедност Хорхе Торес. Авионот кој бил на пат од Мексико кон аеродромот Лимон во Костарика исчезнал доцна синоќа по локално време, јавува Ројтерс.

Дендиас позитивен на Ковид-19


Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас преку „Твитер“ соопшти дека е позитивен на Ковид-19, без симптоми и ќе ги откаже сите средби и патувања во следните денови, јави дописничката на МИА од Атина. -На рапид и ПЦР тестовите со кои секојдневно се тестирам, позитивен сум на Ковид-19. Останувам асимптоматски, но должноста ќе ја […]

Руските сепаратистички власти наредија итна евакуација на Херсон


Руските сепаратистички власти денеска наредија итна евакуација на градот Херсон поради напредокот на украинската контраофанзива. Во објава на Телеграм, регионалните власти ги повикаа цивилите да се евакуираат со брод преку реката Дњепар. На тој начин тие би се повлекле подлабоко на територијата што ја контролира Русија бидејќи, како што се наведува, ситуацијата на фронтот е […]

Стапката на невработеност во Шведска благо опадна во септември


Стапката на невработеност во Шведска малку се намали во септември, откако се зголеми во претходниот месец, покажаа последните бројки на заводот за статистиката на Шведска. Неприспособената стапка на невработеност се намали на 6,5 отсто во септември од 6,6 отсто во август. Во истиот месец лани стапката на невработеност изнесувала 8,2 проценти. Бројот на невработени падна […]

Анџелина Џоли ќе ја глуми Марија Калас во новиот филм


  Анџелина Џоли доби улога во нов филм, а овојпат ќе ја глуми култната оперска дива Марија Калас. Во својата изјава Џоли вели дека улогата ја сфаќа многу сериозно. „Ќе дадам сѐ од себе за да одговорам на предизвикот“, вели Џоли откако беше објавено дека ја добила улогата. Уметницата која ќе ја глуми Џоли беше […]

ССМ и синдикалните организации на Пошта бараат итна средба со Владата, во спротивно најавуваат протест


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и синдикалните организации на Пошта бараат итна средба со претставници од Владата најдоцна до вторник или среда, на која ќе ги презентираат проблемите кои ги има ова претпријатие. Во спротивно, најавуваат дека ќе организираат протести пред Владата. Како што се вели во објавата на ССМ на нивната фејсбук страница, […]

Фабрика Тесла во близина на Берлин соопшти дека двојно го зголемила производството на возила


Американскиот производител на електрични автомобили Тесла го удвои нивото на производство во својата европска фабрика во последните неколку месеци, за да достигне 2.000 модели Y неделно, соопшти компанијата. Сепак, Тесла е сè уште далеку од својата цел – да произведува 500.000 електрични автомобили годишно во оваа фабрика. – Во зголемувањето на производството, Giga Berlin достигна […]

Втора фестивалска вечер на „Макфест“


Осумнаесет песни ќе бидат испеани вечерва на Фестивалот за забавни мелодии „Макфест“ на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип. Публиката ќе слушне 12 нови песни, а шест се од синоќешната вечер, за чиј влез на оваа фестивалска вечер гласаа жири комисија и публиката. Ревијалната вечер на „Макфест“ почнува со песната „Con el diablo“ на […]

Битолчанка тешко повредена во сообраќајка кај Ресен


Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случи вчера на патот Ресен-Битола, после местото викано „Чешмите“. Како што информираат од МВР, сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „рено талисман“ со хрватска национална ознака, управувано од М.И.(39) од Република Хрватска и патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(34) […]

Малолетници со метални предмети се тепале пред кумановско училиште


Малолетници се степале во Куманово, употребувајќи метални и тврди предмети, соопшти денеска полицијата. -Вчера од 17:30 до 18:30 часот во Полициската станица Куманово на службен разговор биле повикани пет малолетници од Куманово затоа што со група од други малолетници околу 13 часот пред средно училиште во Куманово физички ги нападнале Ф.К.(18) и уште едно лице, […]

Русите тврдат дека Американците ги спречиле да учествуваат на конференција за нуклеарна енергија во Вашингтон


 Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ тврди дека САД практично ја блокирале Русија да присуствува на конференцијата за нуклеарна енергија во Вашингтон, со тоа што не им дале влезни визи. Росатом и руската организација за индустриска безбедност, Ростехнадзор, планираа да присуствуваат на министерската конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Вашингтон на 26 и 28 октомври, соопшти Росатом, […]

Петровска: Придонесот на жените како лидери е поважен од зголемувањето на процентите


„Северна Македонија е позитивен пример во доменот на родовата еднаквост и родовата перспектива и тоа го кажувам од личен пример – јас сум министерка за одбрана и не сум првата жена која била поставена на оваа позиција. За мене е многу важно придонесот на жените да се гледа од квалитативен аспект, како жени лидери и […]