Анџелина Џоли ќе ја глуми Марија Калас во новиот филм


 

Анџелина Џоли доби улога во нов филм, а овојпат ќе ја глуми култната оперска дива Марија Калас.

Во својата изјава Џоли вели дека улогата ја сфаќа многу сериозно.

„Ќе дадам сѐ од себе за да одговорам на предизвикот“, вели Џоли откако беше објавено дека ја добила улогата.

Уметницата која ќе ја глуми Џоли беше позната по неверојатниот распон на гласот на сцена, како и по турбулентниот љубовен живот кој вклучува и романса со грчкиот поморски магнат Аристотел Оназис, кој потоа се ожени со Џеки Кенеди.

„Многу сериозно ја сфаќам одговорноста за животот на Марија и наследството. Ќе дадам сѐ од себе за да одговорам на предизвикот“, рече Џоли и вели дека режисерот на филмот, Пабло Ларин, одамна му се восхитува.