Најстудено во Битола, најтопло во Крушево


  Утрово е најстудено во Битола, два степени, а најтопло во Крушево, 13 степени. Според УХМР, до 8:30 часот шест степени се измерени во Крива Паланка, Лазарополе, Претор, Прилеп, Штип, Демир Капија, Гевгелија и Дебар, 7 во Скопје-Зајчев Рид и Охрид, 8 во Маврови Анови, 9 во Виница, 10 во Дојран, 12 во Попова Шапка, […]

Албански гангстери се главни во војната за контрола на пазарот на канабис во Британија


  Немилосрдни албански гангстери користат ултра-насилни видеа на социјалните мрежи за да помогнат во борбата против „тајната војна цо предградијата“ за контрола на профитабилните бизниси со канабис во Велика Британија. Ужасните снимки на ТикТок откопани од „Мејл“ покажуваат дека шефовите на бандите користат киднапирања, лажни затворања и брутални тепања за да го наметнат својот авторитет […]

Институт за проучување на војната: Русите создаваат хуманитарна трагедија


  Американскиот безбедносен и одбранбен тинк-тенк Институт за проучување на војната (ИСВ) објави нов извештај за ситуацијата во Украина, каде Русија во последните недели жестоко ја напаѓаат инфраструктурата на земјата. Во извештајот се наведува дека „рускиот бран напади врз украинската енергетска инфраструктура создава хуманитарна трагедија, но не ја менува значително ситуацијата на фронтот“. Се додава […]

Кристиан Шопов: Преку магијата до зголемување на свеста кај децата за селекција на амбалажен отпад


  Со помош на триковите го привлекувам вниманието на децата, а потоа ги едуцирам како да селектираат амбалажен отпад. Верувам дека ова нема веднаш како магично стапче да го реши проблемот со отпадот, но ќе даде свој придонес во решавањето, вели во интервју за МИА Кристиан Шопов, магионичар, илузионист и екологист, кој со своите магионичарски […]

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Октомври: Да се помириме и сплотиме околу заедничката цел


  Претседателот на државата Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден, се наведува во честитката од Пендаровски, се потсетуваме на храбрите млади луѓе кои, не можејќи да се помират со тешката состојба на обесправениот македонски народ, во 1893-та година ја формираа Македонската револуционерна […]

Украинците собориле 16 дронови камикази во текот на ноќта


  Украинската армија соопшти дека во ноќта од сабота кон недела соборила 16 дронови камикази. Воздухопловните сили на Украина утринава соопштија дека 14 ирански дронови Шахед-136 биле соборени во регионот на Миколаев, а уште два биле соборени на истокот и северот на земјата.

Доларот надмина 150 јени, мораа да интервенираат јапонските власти


  На светските берзи вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна минатата недела, бидејќи јапонските власти интервенираа на пазарот, откако курсот на американската валута, првпат по 32 години, се проби над 150 јени. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата […]

Русите извршија 40 ракетни напади врз Украина во последните 24 часа


Генералштабот на украинската армија соопшти дека Русија во последните 24 часа извршила 40 ракетни напади во девет украински региони. Русите ги гаѓаа целите и со 16 ирански дронови Шахед-136. Главните цели беа енергетските и индустриските капацитети, информира Киев. Ова се најжестоките руски ракетни напади врз Украина од почетокот на октомври

Кинеските медиуми за отстранувањето на поранешниот претседател на Кина: Не му беше добро


  Во неочекуваниот потег што ја наруши церемонијата на затворање на Националниот конгрес на Комунистичката партија на Кина во саботата, поранешниот кинески лидер Ху Џинтао беше изведен надвор од салата. Се чини дека 79-годишникот со изнемоштен изглед не сакаше да го напушти првиот ред каде што седеше до кинескиот претседател Си Џипинг. Државните медиуми доцна […]

Си Џипинг рекорден трет пат потврден за лидер на партијата, уште повеќе ја зајакна целосната контрола


Си Џипинг на редовниот партиски конгрес што се одржа во Пекинг беше потврден како лидер на кинеската Комунистичка партија по рекорден трет пат по ред. Кинескиот претседател очекувано победи на крајот на еднонеделната партиска седница на која Џипинг ги исклучи од раководството оние што ги сметаше за свои противници. Си излезе на сцената со шест […]

Целосно ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции кон сточарите, ветува Николовски


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера попладне престојуваше во Дебар каде во општинската зграда оствари средба со замјоделци од ова подрачје. – Од Дебар започнуваме со низата средби на кои детално, транспарентно и отчетно ќе го презентираме новиот модел за субвенционирање за земјоделците. Промената која ја предлагаме за сточарите предвидува субвенционирање на […]

Почина Дитрих Матешиц, основачот на „Ред Бул“


  Дитрих Матешиц, основач и косопственик на „Ред Бул“, почина на 79-годишна возраст по битка со тешка болест. Австриецот со словенечки корени го основа „Ред Бул“ во 1984 година и го претвори во еден од најголемите и најпрепознатливите брендови во светот. „Во моменти како овој, тагата ги надминува сите други чувства. Но, тагата наскоро ќе […]

Претседателски избори во Словенија


  Словенечките граѓани денеска гласаат на првиот круг од претседателските избори, а анкетите покажуваат дека ниту еден од кандидатите нема да освои повеќе од 50 отсто од гласовите, неопходни за победа. На изборите учествуваат седум кандидати, од кои тројца имаат најмногу шанси за победа – поранешниот министер за надворешни работи Анже Логар, адвокатката и активистка […]

Медот зачести на македонската трпеза


  Зголемена е културата во исхраната, а медот зачести на македонската трпеза, нагласуваат пчелари од битолскиот, прилепскиот, велешкиот, гостиварскиот и други македонски региони, кои нагласуваат дека медот во исхраната е важен за сечие здравје. Но, впечатокот не треба да залажува затоа што Македонците и понатаму се далеку од европскиот просек за дневно или годишно користење […]

ЕК за затворскиот систем во земјава: Лошо менаџирање, лоша здравствена грижа, насилство, бедни материјални услови, ендемска корупција…


Остануваат главните недостатоци на затворскиот систем – лош систем на управување и учинокот на вработените, недостиг на кадар, лош квалитет на здравствена грижа за осудените лица, насилство меѓу осудените лица, бедни материјални услови, недостиг на наменски активности и ендемска корупција, нотира Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на Северна Македонија. ЕК нагласува дека има Стратегијата за развој на казнено-поправниот систем 2021-2025, […]

Надворешната и безбедносната политика целосно усогласена со ЕУ, нотира Европската комисија


Северна Македонија во делот на поглавјето 30 – надворешни односи е умерено подготвена и има постигнато добро ниво на подготвеност, а во однос на поглавјето 31 – заедничка безбедносна и одбранбена политика постигнат е многу добар напредок со целосното усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ по руската инвазија на Украина, нотира ЕК […]

Северна Македонија умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој


Северна Македонија останува умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој, оценува Европската комисија (ЕК) во последниот Извештај за напредокот на земјава. Според Комисијата, постигнат е одреден напредок во текот на извештајниот период. Се подобри апсорпцијата на ЕУ фондовите во рамки на ИПАРД 2, но треба да се обезбедат дополнителни кадровски ресурси и да […]

Повеќе улици во Скопје ќе бидат затворени утре


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 23.10.2022 (недела) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република, Маркета Пекарова Адамова. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото […]

Пукотници на студентска забава во Луизијана, најмалку 11 застрелани


Најмалку 11 лица се ранети во пукање во куќа на братството Капа Алфа Пси за време на забава, соопшти полицијата на Батон Руж, додавајќи дека две лица се во притвор. Тие изјавија дека ранетите не претрпеле повреди опасни по живот, пренесе АП. Двајцата уапсени мажи се идентификувани како Дерил Стенсбери (28) и Мајлс Мос (24) […]

Зумирана фотографија од лице на мравка изгледа навистина страшно


Зумирана фотографија од лице на мравка, која беше дел од натпреварот Nikon Small World Photomicrography, може да ве изненади. Направена е од литванскиот фотограф Еугенијус Кавалиаускас. Целта на овој натпревар е да се прикажат детали кои човечкото око не може да ги види. Така, Евгениј решил да го зголеми лицето на мравката петпати под микроскоп. […]