Бугарија изгуби 844 илјади жители за десет години


  Населението на Бугарија на 7 септември 2021 година е 6,5 милиони луѓе, соопшти Националниот статистички институт, кој денеска ги презентираше податоците од пописот што се одржа во периодот 7 септември – 10 октомври 2021 година. Од 2011 година, населението во Бугарија е намалено за 844.781 лице, што е еднакво на 11,5%. Фактори за ова […]

Кремљ уште не знае кои територии од Украина ги анектира


  Три дена откако претседателот Владимир Путин потпиша „пристапни договори“ со кои се формализира руската нелегална анексија на четири окупирани региони во Украина, Кремљ соопшти дека ќе треба да спроведе консултации за дефинирање на границите на две од териториите. За време на неговиот редовен брифинг со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека границите […]

„Макпетрол“: Цената на природниот гас ќе се намали за околу 200 евра


Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за октомври ќе се намали за околу 200 евра за 1000 нормални метри кубни, во однос на цената за септември […]

Хидросистемот „Стрежево“ тоне во загуби


  БИТОЛА – За првите шест месеци од оваа година ЈП „Стрежево“покажало загуба од над 2,5 милиони евра. Претпријатието, кое е под државна капа, раководи со хидросистемот „Стрежево“, и снабдува со вода за наводнување 20.200 хектари земјоделско земјиште и е главен доставувач на сурова вода за индустријата, особено за РЕК „Битола“. Претпријатието има рибник за […]

Горивата поскапуваат од половина до два денари по литар


 Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, дизелот поскапува за 1,5, а екстра лесното масло за домаќинството за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,20 отсто. […]

Ќе се санира Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода


Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска потпиша Договор со директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, преку кое Министерството за локална самоуправа и додели на оваа локална самоуправа 2.294.571 денари. Како што соопшти Општина Кисела Вода, со финансиско партнерство меѓу локалната самоуправа и оваа институција ќе се извршат градежни зафати за санирање […]

Украина напредува и на јужниот фронт, кај Херсон


  Украинските сили, според објавите во понеделникот, враќаат градови долж западниот брег на реката Днепар во јужна Украина, при што Москва беше принудена да отстапи територии долж втората голема линија на фронтот само неколку дена откако тврдеше дека ја анектираше. Размерите на украинското напредување не беа потврдени, при што Киев молчеше за ситуацијата во областа. […]

Вешти лица: Обвинетите за убиството на Тот биле со запазено психичко здравје


Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи доказната постапка за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. На денешното рочиште сведочеа две вешти лица од Судската медицина. Вештото лице Ана Ивчева рече дека настанатите повреди се […]

Кадиров ги праќа малолетните синови во војна во Украина


  Руската новинска агенција РИА Новости јави дека чеченскиот лидер и сојузник на Владимир Путин, Рамазан Кадиров рекол дека неговите три малолетни синови ќе одат во борба во Украина. „Малолетноста не би требало да смета во обуката на бранителите на нашата таковина. Ахмет, Ели и Адам имаат 16, 15 и 14 години. Но, нивната воена […]

ОН: Околу 5,7 милиони Пакистанци ќе се соочат со сериозна криза со храната поради поплавите


 Обединетите Нации предупредија дека околу 5,7 милиони Пакистанци ќе се соочат со сериозна криза со храната во наредните три месеци, поради поплавите што ја погодија земјата. Пакистанската национална управа за справување со катастрофи соопшти оти во поплавите, предизвикани од обилните монсунски дождови, загинаа 1.695 лица, а погодени се 33 милиони луѓе. Оштетени се над два […]

Археолошки истражувања на локалитетот Градиште кај Неготино


 НУ Археолошки музеј во соработка со Универзитетот од Гдањск, Р. Полска, во изминатиот месец го реализираа меѓународниот проект „Археолошки истражувања на локалитетот Градиште кај Неготино“.   -Покрај стручниот тим од Археолошкиот музеј, во проектот се вклучени професори и постдипломци од Универзитетот од Гдањск, како и археолози од Музеј на град Неготино. Локалитетот се наоѓа на […]

Нобеловата награда за медицина за истражувањето на ДНК на неандерталецот


Добитник на Нобеловата награда за медицина годинава е шведскиот генетичар Сванте Пабо, за откритија во областа на изумрените хоминински геноми и човечката еволуција. Со своето пионерско истражување Пабо постигна нешто навидум невозможно: секвенционирање на геномот на неандерталецот. Тој го направи и сензационалното откритие на непознатиот Денисов хоминин. Пабо, исто така открил дека се случил трансфер […]

Средба Ковачевски-Схинас, се разговарало за справување со миграцијата и скринингот


Зајакнувањето на капацитетите на земјата за надминување на предизвиците со илегалната миграција, но и скрининг процес што и претстои на земјава биле темите на разговор на средбата што премиерот Димитар Ковачевски, заедно со вицепремиерот Бојан Маричиќ и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска ја имал со потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Схинас. -На состанокот […]

Каракачанов го отфрлија во Бугарија, но го сакаат во Македонија


  Скромни 462 бугарски државјани гласале вчера на избирачките места во Македонија. Бугарските изборни органи дистрибурирал 3.500 гласачки ливчиња, но биле искористени само 13,2 отсто. ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов победи во Бугарија, но и во Македонија. За неа се изјасниле 172 гласачи, а потоа следи ВМРО на Красимир Каракачаон со 91 гласа. Реформската […]

Храна што го подобрува расположението на децата


Храната може да влијае на среќата на децата, тврдат педијатрите. Имено, истражувањата покажале дека тоа што детето го јаде може позитивно да влијае на неговото расположение, но и на целокупното ментално здравје, пренесува „Мадерли“ (Motherly). Стручњаците сметаат дека, на пр., чоколадото или рибата на детето не само што му помагаат во неговото учење и помнењето, […]

За една декада за 11,5 проценти намалено населението во Бугарија


Бугарскиот Национален статистички институт (НСИ) денеска ги објави резултатите од 18. попис на населението, според кои до 7 септември 2021 година во Бугарија живееле 6.519.789 луѓе. Жените се 3.383.527 (51,9 отсто), а мажите 3.136.262 (48,1 отсто), јави бугарската новинска агенција БТА. Директорката на Управата „Демографска и социјална статистика“ при НСИ Магдалена Костова изјави дека во периодот помеѓу […]

Бочварски: Шпекулации се информациите за мое заминување од функцијата


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека се шпекулации информациите за негово заминување од министерската функција и за реконструкција на владиниот кабинет. -Јас мислам дека ова се шпекулцаиии, бидејќи и Владата и партијата СДСМ имаа став по тоа прашање. Она што го слушнавме и видовме, еве министерот за локална самоуправа  Горан Милевски, поднесе […]

Ако им дадат визна либерализација, ќе заминат 800.000 луѓе?


По визната либерализација, во рок од пет до седум години, Косово според објективните проценки ќе го напуштат 800.000 жители, тврди Донат Сиља. Сиља, кој е прв шеф на генералниот конзулат на Косово во Канада, истакнува дека визната либерализација ќе влијае на депопулација на Косово. Тој рече дека граѓаните на Косово лесно се прилагодуваат на европскиот […]

Горивата во Црна Гора најевтини во регионот


  Според објавата на црногорската Влада, горивата во земјата се со најниски цени во регионот. На својот инстаграм-профил Владата во Подгорица објавува дека литар бензин “Супер 95” во земјата чини 1,26 евра, 1,35 евра во Словенија, 1,37 евра во Северна Македонија, 1,39 евра во Хрватска, 1,46 евра во Босна и Херцеговина, 1,48 евра во Србија, […]

Шаќири: Во октомври и ноември ќе завршат сите процеси за учебниците од основно и средно образование


Очекувам во месеците октомври и ноември, сите процеси за сите учебници за основно и средно образование, да завршат во националната Комисија но и во процесот на печатење, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој во изјава за медиумите во Битола предочи дека проблемот со учебниците е од порано и не само во оваа […]