Ако им дадат визна либерализација, ќе заминат 800.000 луѓе?


По визната либерализација, во рок од пет до седум години, Косово според објективните проценки ќе го напуштат 800.000 жители, тврди Донат Сиља.

Сиља, кој е прв шеф на генералниот конзулат на Косово во Канада, истакнува дека визната либерализација ќе влијае на депопулација на Косово. Тој рече дека граѓаните на Косово лесно се прилагодуваат на европскиот пазар на труд.

„Косовската дијаспора е многу добро структурирана, со капацитет да ја апсорбира работничката класа од Косово. Тука е и фактот дека земјите од ЕУ, имаат голема потреба од работници, особено Германија“, изјави Сиља.

Според пишувањата на турските медиуми, Косово во последните 10 години го напуштиле 529.647 граѓани или 30 отсто од вкупното население. Бројот на жители во Косово за 2021 година се проценува на 1.773.971 жител, јави ТРТ Балкан.

Наредниот попис на населението во Косово најавен е за 2023 година.