Бугарија изгуби 844 илјади жители за десет години

Бројот на жителите според последниот попис спадна на 6,5 милиони луѓе. Во 1989 Бугарија имаше 9 милиони жители


Софија

 

Населението на Бугарија на 7 септември 2021 година е 6,5 милиони луѓе, соопшти Националниот статистички институт, кој денеска ги презентираше податоците од пописот што се одржа во периодот 7 септември – 10 октомври 2021 година.

Од 2011 година, населението во Бугарија е намалено за 844.781 лице, што е еднакво на 11,5%. Фактори за ова се природното движење – разликата меѓу раѓањата и умрените – и емиграцијата. На последниот попис за време на комунизмот во 1989 година Бугарија имаше 9 милиони жители. Оттогаш, за 22 години бројот на населението се намалил за 2,5 милиони лица.

Жените во Бугарија се 51,9%, а мажите 48,1%. Има 927 мажи на 1000 жени. Населението на возраст од 65 години и повеќе е 1,5 милиони, а 4 милиони се во возрасната група помеѓу 15 и 64 години.

Населението на Софија е 1,274 милиони жители. Најмалиот град во Бугарија е Мелник со население од 161 жители. Најголемото село е Лозен во Софиско со население од 6.471 жители.