Каракачанов го отфрлија во Бугарија, но го сакаат во Македонија


Бугарската амбасада во Скопје

 

Скромни 462 бугарски државјани гласале вчера на избирачките места во Македонија. Бугарските изборни органи дистрибурирал 3.500 гласачки ливчиња, но биле искористени само 13,2 отсто.

ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов победи во Бугарија, но и во Македонија. За неа се изјасниле 172 гласачи, а потоа следи ВМРО на Красимир Каракачаон со 91 гласа. Реформската партија Продолжуваме со промената на Кирил Петков е трета со 69 гласа, покажуваат податоците на бугарската Централна изборна комисија (ЦИК). Националистичката и проруската партија Преродба добила 30 гласа. И Има таков народ на Слави Трифонов поминала добро во Македонија – за неа гласале 22.

Интересно е што ВМРО на Каракачанов најмногу гласови добила во Кавадарци – 41, потоа во Охрид 23, во Битола 16, во Скопје осум.