Почна обновата на делница од регионалниот пат меѓу селата Робово и Муртино во Струмица


Со поставување израмнителен слој асфалт денеска почна реконструкцијата на делница од регионалниот пат меѓу селата Робово и Муртино во должина од 3,5 километри. На почетокот на работите увид оствари министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој истакна дека реконструкцијата на овој патен правец е од големо значење за граѓаните во овој регион, кој е […]

„Ер Франс“ в петок ќе откаже речиси половина летови поради штрајк на контролорите


 Француската авиокомпанија „Ер Франс“ денеска информираше дека в петок се откажани  55 отсто од летовите на кратки и средни и 10 проценти на долги дестинации, поради штрајк на контролорите на летање. Покрај тоа, можно е доцнење и откажување летови во последен момент, предупредува „Ер Франс“, истакнувајќи оти За тоа, патниците ќе бидат известени со СМС […]

Оценката за Владата како најотворена во регионот е мотив и обврска да се продолжи по тој пат


Тоа што регионалниот индекс на отвореност дава оценка за Владата на Северна Македонија како најотворена во регионот, со над 82 проценти исполнетост на поставените критериуми за отвореност, е дополнителен мотив и обврска да се продолжи на тој пат, смета владиниот портпарол Душко Арсовски. Тој на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање посочи дека оваа оценка е признание за […]

Иренa Папас, актерката од „ Гркот Зорба“ , почина на 96 години


  Иренa Папас, грчка актерка со албански корени,  која глумеше во филмови како „З“, „Гркот Зорба“ и „Пиштолите на Наваронa“, но го освои најголемото признание во својата кариера играјќи ги хероините од грчката трагедија, почина во средата. Таа имаше 96 години. Смртта ја потврди портпаролот на грчкото Министерство за култура . Не е соопштена причината […]

Зеленски ненадејно го посети до неодамна руското упориште, објави фотографии


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска дојде во ненадејна посета на Изум, стратешки важен град на истокот кој неодамна беше ослободен од украинските сили. Москва го искористи Изум како точка од која испрати засилување на фронтот во Донбас. Во тој регион, за потсетување, благодарение на молскавично брзиот украински контранапад, ситуацијата целосно се промени. Имено, Русите сега […]

Арсовски: Попаметно ќе беше да се оставеше референдумот да пропадне


  Како непотребен и непродуктивен политички маневар ја оцени аналитичарот Петар Арсовски одлуката на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да го одбие барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум  за поништување на договорот со Бугарија од 2017 година – со оценката дека Уставот не дозволува меѓународни договори да се менуваат со закон.  „Колку што гледам иницијативата за […]

Голдман Сакс: Европа го реши проблемот со гасот, цените ќе паднат


  Европските земји можат да ги издржат кратењата на испораките на рускиот гас оваа зима бидејќи проблемите со снабдувањето можеби се „успешно решени“, се вели во анализата на водечката американска банка Голдман Сакс. Аналитичарите на оваа банка проценуваат дека цената на гасот веројатно ќе се намали за повеќе од половина оваа зима, бидејќи напорите на […]

Петровска и Брнз на „Криволак“: Заеднички го менуваме ликот на Армијата


Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Брнз денеска на армискиот полигон „Криволак“ присуствуваа на вежба на припадниците на Армијата, која ги вклучуваше новите оклопни возила JLTV Oshkosh и армиските хеликоптери. „’Криволак’ е најдобриот пример за ефикасноста на нашата заедничка соработка. Кога имаме јасни цели и кога сме посветени […]

Од „Дае“ до “Медена земја“- македонски филмови во Словенечката кинотека од 14-18 септември


Од 14 до 18 Септември 2022 година, во киното на Словенечката кинотека во Љубљана, Словенија, Кинотеката на РС Македонија ќе претстави избор од филмски наслови од домашната кинематографија. Изборот вклучува неми филмови од почетокот на кинематографијата на Балканот, потоа етнографски документарни, како и играни и анимирани филмови (https://kinoteka.si/cikel/kinoteka-severne-makedonije-predstavlja/). Ревијата „Денови на македонскиот филм“ ќе започне […]

Донеси пластично шише и слушај ја Констракта


Викендов во главниот град ќе се одржи фестивалот „Звукот на Скопје“, кој започнува во петок и во текот на двата фестивалски дена ќе претстави повеќе популарни уметници од земјата и странство.   На 16 септември ( петок) на платото пред Филхармонија ќе се одржи концертен настап на Дина Јашари, бендот „Хајка“, а потоа и на […]

ЕУ ќе создаде јавна банка за инвестирање 3 милијарди евра за развој на обновлив водород


  ЕУ ќе формира нова јавна банка посветена на развојот на водородот, способна да инвестира 3 милијарди евра „за изградба на идниот пазар“ на оваа просперитетна енергија, соопшти претседателката на Европската Комисијата Урсула фон дер Лајен во говорот пред ЕП, јави дописникот на МИА.  -Треба да преминеме од мал пазар на масовен пазар (…) сакаме […]

Древна монета, вредна милион долари, вратена во Израел


Пo речиси 20 години барање на повеќе континенти и истрага на бројни детективи, пронајдена е ретката монета од пред 2.000 години, со богата симболика, вредна милион евра, и конечно таа е вратена во Израел, од каде што потекнува. Израелската управа за антиквитети (ИУА) влезе во трага кога од добро информирани извори дозна дека паричката ја […]

„Ил Диво“ со концерт во „Борис Трајковски“ на 15 октомври


Мултинационалниот вокален квартет IL DIVO доаѓа во Македонија. Концертот пред македонската публика е закажан за 15 октомври 2022 година  во „Арена Борис Трајковски“. IL Divo е комерцијално најуспешната classical crossover група во меѓународната музичка историја, уште од нивното основање во 2003 година. Имаат продадено повеќе од 30 милиони албуми, IL Divo се први изведувачи на класичен кросовер […]

Најинтересните трофеи што ги оставија Русите при бегството од Харков


  Повеќе стотини парчиња воен хардвер оставија руските војски при ферентичното бегство од своите позиции за време на украинската офанзива во регионот на Харков. Беа оставени многу оклопни возила, тенкови, артилериски орудија, многу муниција… Еве неколку од најинтересните трофеи што го оставија Русите.   Радарски систем „1L219 Zoopark-1m“ Ракетниот и артилериски разузнавачки радарски систем „Zoopark-1“, […]

Бочварски: Наскоро ќе бидеме на терен за пругата кон Бугарија


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека за стартот на активностите за продолжување на изградбата на пругата кон Бугарија се прават сите подготвителни постапки и оти наскоро ќе почне реалзиацијата. -Наскоро ќе бидеме на терен, се прават сите подготвителни постапки и ќе влеземе во реализација и со механизација да направиме увид на градежните […]

Тешко повреден гостиварец кој со трактор со дрва излетал од патот


Синоќа во 19 часот во СВР Тетово било пријавено дека на шумски пат во атарот на гостиварско Галате, управувајќи трактор со кој превезувал огревни дрва, 60-годишниот Б.Д. од ова село, излетал од патот. Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување на […]

Министерот Бесими на состанок на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка во Сараево


  Министерот за финансии Фатмир Бесими ќе учествува на состанокот на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка што ќе се одржи во Сараево. На настанот, како што информираат од Министерството за финансии, ќе се дискутира за една од најважните теми на денешницата „Од криза до опоравување“, а министерот Бесими ќе има свое излагање […]

Жители на Врање одат по млеко во Северна Македонија


  Недостигот на млеко последниве денови во Србија ги натера жителите на Врање уште еднаш да ја искористат близината на граничниот премин со Северна Македонија, па некои, како што пред поскапувањето полнеа таму гориво, сега одат да купуваат млеко. Млекото е поскапо е за десет динари (пет денари), но, како што велат, го има доволно […]

Утре и во петок особено топло, од сабота дожд и заладување


Под влијание на јужно воздушно струење, од денеска ќе има значителен пораст на температурата. Особено топло ќе биде утре и во петок, кога дневната температура ќе биде над вообичаениот просек и ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури, најавуваат од УХМР. Истовремено, додаваат од УХМР, и ќе дува засилен западен ветер, особено […]

Германската држава ги продаде акциите во авиокомпанијата „Луфтханза“


  Германската држава ги продаде останатите акции што ги поседуваше во авиокомпанијата „Луфтханза“, каде влезе со 20 отсто акции во 2020 година, за време на планот за нејзино економско спасување поради пандемијата со коронавирусот. Фондот за економска стабилизација, јавно тело што ги поседуваше акциите, „го продаде својот последен удел на меѓународни инвеститори“. Оттаму додаваат дека […]