Најинтересните трофеи што ги оставија Русите при бегството од Харков


Руски оклопни возила и тенкови кај Изјум

 

Повеќе стотини парчиња воен хардвер оставија руските војски при ферентичното бегство од своите позиции за време на украинската офанзива во регионот на Харков. Беа оставени многу оклопни возила, тенкови, артилериски орудија, многу муниција…

Еве неколку од најинтересните трофеи што го оставија Русите.

 

Радарски систем „1L219 Zoopark-1m“

Ракетниот и артилериски разузнавачки радарски систем „Zoopark-1“, познат на Западот како радар против батерии, беше развиен од поранешниот Советски Сојуз во 1980-тите како замена за радарскиот систем „АПК-1 Рис“. „Zoopark-1“ е дизајниран за автоматско одредување на координатите на непријателските артилериски позиции, како што се минофрлачи, хаубици, ракетни фрлачи и тактички ракетни системи. Радарскиот систем „Zoopark-1m“ може да служи и за следење на резултатите од гаѓањето на сопствените артилериски системи. Може да открие копнени цели до 40 километри. Цената се проценува на 10-20 милиони долари.Радарскиот систем „Zoopark-1m“ беше распореден во Сирија на почетокот на 2016 година.

 

„Арктичкиот“ тенк Т-80БВМ

Ова е еден од најмодерните руски тенкови, најрелевантната модификација на најдобриот советски „Т-80“. Овие тенкови беа доставени до најпрестижната дивизија на руските тенковски сили – Кантемировска. Русите загубија повеќе тенкови заробени отколку уништени.

Повеќе од 20 нови тенкови годинава ќе бидат испорачани на тенковските бригади лоцирани на полуостровот Кола. Во текот на 2019 година ќе бидат завршени надградбите на бригадите, информираат од Северната флота.

Руската војска смета дека овој тенк е најсоодветен за операции на високиот север, затоа го доби прекарот „Арктички“. Има топ од 125 мм со дострел до 3.000 метри. За прв пат беше јавно објавен во 2017 година. Но се малку во употреба поради големата цена на чинењето. Русија денес оперира со вкупно 4.500 главни борбени тенкови Т-80 од сите варијанти.

 

Самоодни хаубици Msta-SM2 152 мм

За Русија војната во Украина е првенствено „артилериска“. Сепак, повеќето топови се многу застарени, многу не се модернизирани. Под овие услови, токму Msta-SM2 е најмодерната руска артилерија.

Msta-SM2 за прв пат беше јавно објавена во 2013 година. Испораките започнаа во 2017 година. До 2018 година најмалку 15 од овие самоодни хаубици беа испорачани на руската армија.