Пет милиони евра од ЕК за украинските уметници


Белгија – Европската комисија почнува со нова иницијатива за поддршка за уметниците од Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Со пет милиони евра Европската комисија ќе ги поддржува уметниците и културните организации во Украина преку програмата Креативна Европа во 2023. Со ова на Украина и се помага да биде дел од Креативна Европа и да […]

СЗО: На повидок е крајот на пандемијата


  Швајцарија – Светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата на Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус и ги повика земјите да истраат во борбата против вирусот од кој починаа повеќе од шест милиони луѓе. „Сè уште не сме таму, но крајот е на […]

Гир: Да не почнаа преговорите посетата на работната група од ЕУ не ќе беше можна


Брзавме да дојдеме во Северна Македонија за да одбележиме со вас почнување на една нова ера – отворањето на пристапните преговори. Ова е патување на кое сакаме да бидеме со вас и затоа сме тука на нашата прва посета. Ова е симболичен чин, меѓутоа и практична можност за нас да разговараме со вас и да […]

Завршија субвенциите за набавка на електричен тротинет – уште може да се аплицира за велосипеди


Завршен е јавниот повик за субвенции на електрични тротинери, известува Градот Скопје. Аплицирањето пак, за субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди е се уште во тек. Вредноста на средствата кои Градот Скопје ги субвенционира се во износ од 30 отсто од вредноста на еден тротинет. Сепак, тоа не вклучува повече од 8 илјади денари […]

Притвор за момче од прилепско село поради извршена обљуба


Дваесет и едногодишно момче од прилепско село е приведено под сомнение дека извршило обљуба врз малолетничка. Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека осомничениот А.Ш. е приведен вчера на влез во селото. Против него, како што стои во соопштението од МВР, ќе биде поднесена кривична пријава, а од страна на судија веќе му е […]

Чешка очекува 80 отсто од воената помош за Украина да и биде надоместена од НАТО и ЕУ


Чешка очекува 80 отсто од воената помош доставена за Украина да и биде вратена од фондовите на НАТО и на ЕУ, до крајот на оваа или во текот на наредната година, изјави чешката министерка за одбрана Јана Чернохова. „Од првиот момент кога почнавме да испраќаме воен материјал во Украина, доставивме и барања за компензација. Фондот […]

Јавен повик до Општините и Градот Скопје за обезбедување средства за давање социјални услуги


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, објави јавен повик на Министерството до Општините, Градот Скопје и Општините во градот Скопје за обезбедување на средства за давање на социјални услуги, со цел да продолжи давањето на социјалните услуги воспоставени на локално ниво од страна на општините.  -Јавниот повик до општините ќе биде отворен до крајот […]

Доскорешниот генерален секретар на Градот, Велковски, бара извинување од Арсовска


Ѓоко Велковски кој во понеделникот си даде оставка од позицијата секретар на Град Скопје, преку Фејсбук, побара градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска да му се извини за, како што вели тој, клеветничка изјава кои му го нарушила угледот и чест. -На ден 12 Септември 2022 година, на одржана прес-конференција од страна на градоначалничката Данела […]

Костадиновска-Стојчевска во Корча: Ги афирмираме македонскиот јазик и култура


Денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, престојуваше во работна посета на Корча, Република Албанија, придружувана од деканот на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Добри Петровски; претседателот на Советот за македонски јазик, проф. Људмил Спасов, и амбасадорот на Северна Македонија во Албанија, Данчо Марковски.  Целта на работната посета беше финализирање на подготовките […]

Приведени двајца измамници од Бугарија, фатени на дело, лажеле повозрасни лица за да им изнудат пари


 Полициски службеници од СВР Скопје денеска ги приведоа К.О.И.(51) и Г.Е.М. (56), двајцата од Благоевград, Република Бугарија, кои со измама се обиделе да земат 20.000 евра од 65-годишна жена од Скопје, лажејќи ја дека нејзината ќерка прегазила дете и дека тие ќе и помогнеле за да не оди во затвор. – Вчера (13.09) на 65-годишната […]

Албанија ќе потроши 24 милиони долари за зајакнување на кибер одбраната


 По двата силни кибер напади албанската влада одлучи да инвестира 24 милиони долари за зајакнување на кибер одбраната.   Веста ја соопшти министерот за одбрана Нико Пелеши, кој порача дека  нема место за паника бидејќи Албанија како земја членка на НАТО не е под закана.   – За првпат го споделувам со јавноста фактот дека […]

„Синесајт“ стекнува мнозински удел во ФХ3Х


  Британско-канадското студио за визуелни ефекти „Синесајт“ (Cinesite) се здоби со мнозински удел во VFX фирмата ФХ3Х (FX3X), јавија повеќе специјализирани светски медиуми, како што се „Вараети“, „Скрин интернешенал“, „Филм Њу Јуроп“, ИМДБ њус и други. Тие пишуваат дека ФХ3Х има канцеларии во Скопје, Северна Македонија и Белград, Србија, како и дека компанијата моментално е […]

Македонски археолошки предмети за „Првите кралеви на Европа“ ќе бидат изложени во Њујорк, Чикаго и Отава


  Изложба со македонски археолошки предмети, кои претставуваат врвни уметнички достигнувања во доменот на социјалните и религиските форми карактеристични за разни етапи на предисторијата од ова поднебје во наредните три години ќе бидат изложени во Њујорк, Чикаго и во Отава. На прес – конференција во Битола, директорот на Управата за заштита на културно наследство Аријан […]

Утре почнува објаснувачкиот скрининг меѓу ЕУ и Македонија


  БРИСЕЛ – Преговарачкиот тим на Северна Македонија утре и задутре ќе го обновува своето знаење за законодавството на ЕУ, во пресрет на отпочнувањето на билатералниот скрининг. Тимот, составен од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и од претставници на надлежните институции, утре во Брисел, а задутре во Луксембург ќе одржи објаснувачки скрининг со Европската комисија, […]

Еден починат и 141 новозаразен од корона вирус


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 866 тестови, а регистриран е 141 нов случај на Ковид-19: Скопје – 79, Прилеп и Кавадарци – по 9, Куманово и Битола – по 7, Охрид – 6, Тетово – 4, Велес – 3, Кичево, Гевгелија и […]

Протест на слепите лица пред Владата – „Дајте ни ги правата“


Со паролата „Дајте ни ги правата”, Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија (НССРСМ) денеска одржа протест пред Владата. Слепите лица побараа зголемување на додатокот за попреченост и за помагала, како и средба со премиерот Димитар Ковачевски. Претседателот на Националниот сојуз на слепите, Бојан Селковски истакна дека протестот следи откако на разговорите со Министерството […]

Маричиќ: Правиме чекор напред во евроинтеграциите, од КОВЕБ преминуваме во КОЕЛА


Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја имаа првата средба со работното тело на Советот на ЕУ надлежно за земјите кои преговараат. – Во текот на последните подготовки, денеска се одржува првиот работен состанок со КОЕЛА пред утрешниот почеток на скрининг процесот. […]

Таткото на починатиот ракометар Денис Тот се приклучи кон кривичниот прогон на обвинетите


Таткото на хрватскиот ракометар Денис Тот кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, денеска пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд во Скопје изјави дека се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетите. Игор Тот, таткото на Денис, кажа дека од денот кога тоа се случи, за нив затанал животот. – Повеќе […]

Рустеми: Изградбата на автопатот Скопје-Блаце доцни заради проблеми со експропријацијата


Изградбата на првите два километри од автопатот Скопје-Блаце доцни заради проблеми со експропријацијата на парцели кои се приватни, рече директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на почетокот на реконструкцијата на патот межу селата Робово и Муртино во Струмица. На дополнително прашање колку е новата цена за […]

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на состанокот на Конституенцата на ММФ и СБ во Сараево


  Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, ќе присуствува на состанокот на Холандската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд и Групацијата на Светската банка, којшто годинава ќе се одржи од 14 до 16 септември во Сараево, Босна и Херцеговина. На средбата под наслов „Од криза до закрепнување“ ќе учествуваат високи претставници на ММФ и Светската банка, […]