Дебата на тема „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“


  Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Клубот за младински прашања и политики денеска организираат дебата во Собранието на Република Северна Македонија на тема „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“. Како што најавија организаторите, на дебатата ќе дискутираат повеќе од 30 млади алумнисти од НДИ, ИРИ, ИФЕС, Младински европски амбасадори, […]

Средба на Бектеши и Азески за актуелната енергетска криза


  Министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески денеска ќе остварат средба на која ќе се разговара за актуелната енергетска криза. На средбата, што ќе се одржи во просториите на Стопанската комора, ќе присуствуваат претставници од компаниите кои се најголеми потрошувачи на енергија.

Собранието ќе ја продолжи 84. седница


  Собранието денеска напладне ќе ја продолжи 84-та седница, на чиј дневен ред се поголем број измени и дополнувања на закони од повеќе области. Пред пратениците се измените и дополнувањата на Законот за градење и Предлог-законот за задолжување со заем кај Европската инвестициона банка по финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на […]

Северна Македонија и ОБСЕ одбележуваат 30 години партнерство


  Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира настан по повод одбележувањето 30 години партнерство на Северна Македонија и ОБСЕ. Како што најавија организаторите, на настанот насловен „Северна Македонија и ОБСЕ: 30 години партнерство“ ќе се обратат шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тие ќе […]

Концерт на „Танец“ и пријателите во чест на Александар Сариевски


  Во Националната опера и балет вечер ќе се одржи вокално-инструментален концерт во чест на 100-годишнината од раѓањето на Александар Сариевски.  Организаторот на концертот – Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ – Скопје, најавува дека ќе настапат македонските пејачи Сузана Спасовска, Наум Петрески, Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, Влатко Стефановски и хорот и […]

Сончево и топло до 35 степени


  Времето денеска ќе биде сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните делови ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степен. УВ-индексот ќе биде 7. Во Скопје ќе биде сончево […]

Маричиќ: Почнува скринингот, верувам дека ќе ги направиме уставните измени


  Во Брисел денеска официјално почнува скринингот за усогласеноста на македонското законодавство со тоа на Европската Унија. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за МИА, по повод отпочнување на оваа фаза од нашето пристапување кон ЕУ, вели дека скринигот практично е фаза на дијагноза до каде сме и што треба да правиме. Тој повикува дека […]

Државата се подготвува за најтешката зима, мерки за повеќе струја дома и апели да се штеди


  Народната банка направи промени во инструментот за задолжителна резерва за поддршка на домашното производство на електрична енергија од обновливи извори, а во Собранието на седница се ставени измените на Законот за градење што ќе ја поедностават процедурата за поставување фотоволтаици. Паралелно со мобилизирањето на сите ресурси за зголемување на производството на струја, продолжуваат апелите […]

Астрономски календар


  Денеска е четврток, 15 септември 2022 година, 253-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 112 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 12 минути, а ќе зајде во 18 часот и 46 минути. Денов трае 12 часа и 34 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе […]

Шведската премиерка го призна поразот и најави оставка. Десницата ја превзема власта


  Социјалдемократската премиерка на Шведска, Магдалена Андерсон го призна поразот на изборите, предавајќи го раководството на земјата на десничарскиот блок составен од четири партии. Сите гласови сè уште не се преброени, но Андерсон, која минатата година стана првата жена премиер на Шведска, рече дека резултатите покажале дека десничарскиот блок победил. „Затоа утре ќе побарам од […]

Сензација на Евробаскет: Словенците во аут, Дончиќ исклучен во клучен момент


  Полска е во полуфиналето на Евробаскетот. Полјаците ја направија најголемата сензација на Евробаскетот и по неверојатна игра го исфрлија актуелниот европски првак Словенија (90:87) предводени од Лука Дончиќ. Полска во финалето ќе игра против Франција, која претходно во продолжението беше подобра од Италија. Во првите две третини Полска целосно го декласираше првиот фаворит на […]

Георгиева: Силната зима може да доведе до социјални немири во Европа


  Силната зима може да доведе до социјални немири во Европа, каде руската инвазија на Украина веќе доведе до страшни економски последици, поради што постои страв од рецесија, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. Георгиева рече дека Европската централна банка, поради актуелната ситуација, мора внимателно да ја балансира борбата против инфлацијата, имајќи […]

По кибер нападите врз Албанија телефонски разговор Рама-Столтенберг


  По кибер нападите врз институциите во Албанија од страна на Иран, телефонски разговарале албанскиот премиер Еди Рама и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Според албанските медиуми, Стoлтенберг преку објава на Твитер нагласува дека НАТО ќе понуди целосна поддршка и солидарност со Албанија. – За кибер нападите против нашиот сојузник Албанија, кои многу сојузници […]

Што вели египетскиот хороскоп за есенва 2022?


Ако сè уште не ги знаете вашите силни и слаби страни, прочитајте еден од најстарите хороскопи – египетскиот. Пребарајте го вашиот знак по датум на раѓање и дознајте што ве очекува есента 2022 година. Нил 1-7 јануари, 19-28 јуни, 1-7 септември, 18-26 ноември Оние кои се родени на овие датуми од годината се под заштита […]

Пендаровски: Кризата е можност за зајакнување на нашата енергетска архитектура


  Кризата е и можност за зајакнување на нашата енергетска архитектура преку вложување во долгорочната енергетска безбедност, достапност и одржливост, порачал претседателот на државата Стево Пендаровски на свеченото отворање на Деновите на групацијата ЕВН. Говорејќи за кризата со достапноста до енергија, еколошката одржливост и енергетската безбедност, претседателот Пендаровски оценил дека како мала и отворена економија […]

ЕП усвои нови правила за минимални плати во ЕУ


  Европскиот парламент го усвои новиот закон за соодветни минимални плати во ЕУ, со 505 гласа „за“, 92 „против“ и 44 воздржани. Законодавството на ЕУ, договорено во јуни со Советот, има за цел да го подобри животниот стандард и работните услови за сите европски работници и да го промовира економскиот и социјалниот напредок, јави дописникот на […]

Данска и Франција за ограничување на поскапувањето на енергенсите


  Данската Влада денеска предложи привремено ограничување на цените на гасот, струјата и на парното за потрошувачите во текот на зимата, како мерка за спречување на поскапувањето на енергенсите. Франција исто така планира да го ограничи поскапувањето на струјата и на гасот на 15 отсто. Данскиот предлог доаѓа во време кога земјите низ Европа се […]

Четири земји од ЕУ против ограничување на цените на гасот


Рекордните цени на енергенсите и зголемените животни трошоци беа во фокусот на дебатата на европратениците за состојбата на Унијата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во средата. Иако мнозинството европратеници ја поддржаа политиката на санкции против Русија, има несогласувања околу причините за рекордните цени на енергенсите, зголемените животни трошоци и високата инфлација. […]

Најбогатите „полесни“ за 93 милијарди долари. Најголема загуба претрпеа Безос, Маск и Гејтс


Најбогатите американски милијардери изгубија 93 милијарди долари на берзата во вторникот, што е една од најголемите дневни загуби досега, бидејќи на берзата влијаеа податоците за инфлацијата која е повисока од очекуваната, објави Блумберг. Најголема загуба претрпе Џеф Безос, сопственикот на „Амазон“, чие богатство е намалено за 9,8 милијарди долари, а по него е Илон Маск, […]

Европарламентот сака да ја зголеми употребата на обновливите извори на енергија и заштедата на енергија


  Европратениците гласаа за зголемување на уделот на обновливите извори во вкупната потрошувачка на енергија во ЕУ на 45 отсто до 2030 година, како дел од прегледот на Директивата за обновлива енергија (РЕД). Оваа цел е поддржана и од Европската комисија во контекст на нејзиниот пакет RepowerE, јави дописникот на МИА. Законодавството, исто така, дефинира […]