Скопјани пријавија 349 осигурани штети од силното невреме, имотот на „Ист Гејт Мол“ осигуран со франшиза од 100.000 евра


  Осигуреници од скопскиот регион пријавија вкупно 349 штети врз имот во сите осигурителни компании по силното невреме што го зафати Скопје на 30 август годинава. Од сите пријавени штети поголем број, односно 215, се врз имот осигуран од физички лица. Компании и други правни лица со седиште во Скопје пријавиле 134 штети врз имотот […]

Делегацијата на германското стопанство се приклучи кон Декларацијата на Стопанската комора за економски реформи и мерки


  Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, како застапништво на Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) во Берлин, ја потпиша Декларацијата за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки, што ја усвои Собранието на Стопанската комора на 14 јули по повод 100-годишнината. Како што соопштуваат од […]

За десет години Албанија ја напуштиле 500 илјади граѓани, бранот продолжува


Најмалку 500 илјади Албанци ја напуштиле земјата во период од една деценија, односно од 2010 до 2020 година.   Ова се официјалните податоци објавени од албанскиот институт за статистика, ИНСТАТ и ЕУРОСТАТ, додека бројот на оние кои ја напуштиле земјата повеќе од сигурно е многу поголем.   Германија е една од земјите која е најпосакувана […]

(Видео) Падна стражар што го чуваше ковчегот на кралицата Елизабета Втора


Војник кој го чуваше ковчегот на кралицата Елизабета Втора се онесвести додека се одржуваше церемонијата. Тој колабира во раните утрински часови покрај ковчегот, што цела ноќ го посетуваа Британците, за да ѝ оддадат почит на кралицата. A royal guard at the Queen’s coffin has collapsed. pic.twitter.com/7ROevcLEQ8 — Bad Automatons (@badautomatons) September 15, 2022 Видеото стана […]

САД ќе му скратат на Египет 130 милиони долари од помошта поради кршење на човекови права


Владата на американскиот претседател Џо Бајден одлучи да скрати 130 милиони долари воена помош за Египет поради неуспех на земјата на полето на заштита на човековите права. Ова го потврдија американски официјални лица, со тоа што Владата во Каиро сепак ќе добие одреден дел од американскиот пакет помош поради намалување на бројот на политички затвореници. […]

Нови протести на студентите во Солун и Атина против универзитетската полиција


Помала група студенти утрово одржува мирен протест пред солунскиот Универзитет Аристотел откако доцна синоќа, припадниците на универзитетската полиција беа распределени и во кампусот во Солун. Масовен протест, синоќа беше одржан во Атина, на кој имаше и мали изолирани тензии, а студентите во Грција реагираат откако минатата седмица започна распределувањето на припадниците на новоформираната универзитетска полиција, […]

Сончево и натпросечно топло време


Утрово во поголемиот дел од земјата е сончево. Поради топла воздушна маса која се проширува од запад уште од изутрина на поголемите надморски височини е натпросечно топло, соопшти УХМР. Времето денеска сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните делови ќе биде западен и […]

Турција ја повика новата шведска Влада да преземе мерки против терористичките групи доколку сака влез во НАТО


 Новата шведска влада сега би требало да се позанимава со безбедносните проблеми што Турција ги изнесе како замена за отстранување на ветото за членство на Шведска и Финска во НАТО, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Двете земји поднесоа барање за приклучување на Сојузот, како одговор на руската инвазија врз Украина. Но, тие […]

Во Кореја уапсена е жена осомничена за убиство на две деца, најдени во куфер


  Во Јужна Кореја уапсена е 42-годишна жена која се сомничи за убиство на две деца чии тела се најдени во август во куфери купени на аукција на Нов Зеланд, пишува Гардијан. Останките на малите деца, кои биле на возраст од околу пет и десет години, неколку години биле скриени во куфери пред семејство од […]

Дончиќ ја презема вината за четвртфиналниот пораз од Словенија


  Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ ја презема одговорноста за елиминацијата на неговата репрезентација во четвртфиналето на Европското кошаркарско првенство. Словенија синоќа во Берлин загуби од Полска со 90:87, а ѕвездата на Далас, не го доигра натпреварот поради петта лична грешка на пет минути пред крајот. Претходно Дончиќ доби техничка грешка поради протест кон судиите. – […]

Се подготвува резолуција за Зеленски да може да има видео обраќање на Генералното собрание на ОН


Се подготвува резолуција што ќе му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видо говор да се обрати на Генералната дебата на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк следната недела. Шансите тој лично да се обрати, се помали. Но, неколку дипломати од Њујорк за ДПА велат дека се подготвува резолуција што ќе му дозволи […]

Ѓукановиќ почнува консултации за мандатар на нова црногорска Влада


Црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, денеска ќе ги почне консултациите со претставниците на парламентарните партии за мандатарот за состав на новата влада. Како што соопштија од Службата за информирање на претседателот, Ѓукановиќ денеска ќе разговара со претставници на Демократската партија на социјалистите, Демократскиот фронт и Демократска Црна Гора. На малцинската влада на Дритан Абазовиќ на 19 […]

Зеленски неповрден во сообраќајна несреќа, полицијата го истражува инцидентот


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше сообраќајна несреќа во Киев, информираше неговиот портпарол Сергиј Никифоров рано изутринава, јави ДПА. Како што појасни Никифоров, возило се судрило со автомобилот на Зеленски, но и со други автомобили од неговата колона со возила. Тој додаде дека Зеленски бил прегледан од лекар и дека немал повреди при несреќата. Медицински […]

Српското собрание го прифати извештајот за Косово, Вучиќ порача дека претстои голема криза


  Народното собрание го прифати извештајот за преговарачкиот процес што претседателот на Србија, Александар Вучиќ го презентираше во вторникот на посебна седница. „Извештајот за преговарачкиот процес со привремените институции на самоуправата во Приштина“ е напишан на 50 страници, а „за“ гласаа 148 пратеници, додека 57 беа против, јави дописникот на МИА од Белград. Во извештајот […]

Урсула фон дер Лајен пристигнува во Бугарија за отворањето на гасниот интерконектор со Грција


  Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ќе ја посети Бугарија за отворањето на интерконекторот со Грција, изјави самата за бТВ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Фон дер Лајен прокоментира дека рускиот претседател Владимир Путин во последните месеци гасот го користел како оружје. -Сите 27 земји-членки се согласија дека треба да […]

Гутереш по разговорот со Путин: Шансите за мир во Украина – минимални


  Шансите за мир во Украина „во оваа фаза се минимални“, изјави синоќа генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин. -Имам чувство дека сме многу далеку од мир. Би лажел ако кажам дека мирот може да се случи наскоро, рече Гутереш на прес-конференција. „Немам илузии, во оваа фаза […]

Промоција на книгата „Дух во школка“ од Сунчица Уневска


  Во рамки на Скопје филм фестивал вечерва ќе биде промовирана најновата книга на филмската критичарка Сунчица Уневска „Дух во школка“.Ова е нејзина четврта книга, издавач е „Аквариус“. -Ова не се само филмски рецензии, ова се есеи за животот, за темите, кои вечно не интригираат и чии прашања и одговори се бројни, сè зависи каде […]

Започнува вториот дел од програмата на 10. издание на Викенд на гордоста во Скопје


  Од денеска до 17 септември на повеќе места во Скопје ќе се одбележи вториот дел од програмата на јубилејниот десетти по ред Викенд на гордоста Скопје. Програмата ќе биде отворена со перформансот „Етика“, на францускиот кореограф Матjе Окемије во изведба на Патрис Дезмон и Пјер Емо во Младинскиот културен центар – МКЦ. -Настанот ќе се одвива во Младинскиот културен центар […]

Самостојна изложба на Жарко Башески во МАНУ


  Самостојната изложба на Жарко Башески, професор на Факултетот за ликовни уметности, вечерва, во 19 часот, ќе биде отворена во Македонската академија на науките и уметностите. Во рамки на изложбата ќе бидат изложени скулптури од неколку циклуси. Публиката ќе има можност да погледне постари дела кои претходно не биле изложувани во земјава, вклучително скулптури изложувани […]

ХЕРА организира национална конференција за сексуално образование во училиштата


  ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска организира прес-конференција по повод претстојната Национална конференција „Со сексуално образование во училиштата до поздрава и побезбедна младина“. Како што е најавено, на конференцијата ќе учествуват претставници на професионални стручни здруженија и граѓански организации, политички партии и пратеници, амбасадори од земјите на ЕУ и европскиот регион. […]