Сончево и натпросечно топло време


Фото: Б. Грданоски

Утрово во поголемиот дел од земјата е сончево. Поради топла воздушна маса која се проширува од запад уште од изутрина на поголемите надморски височини е натпросечно топло, соопшти УХМР.

Времето денеска сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните делови ќе биде западен и ќе засилува, а вдолж Повардарието ќе биде југоисточен.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 35 степен. УВ индексот ќе изнесува 7

И во Скопје сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 32 степени.