Во Кореја уапсена е жена осомничена за убиство на две деца, најдени во куфер


 

Во Јужна Кореја уапсена е 42-годишна жена која се сомничи за убиство на две деца чии тела се најдени во август во куфери купени на аукција на Нов Зеланд, пишува Гардијан.

Останките на малите деца, кои биле на возраст од околу пет и десет години, неколку години биле скриени во куфери пред семејство од Окленд да ги купи куферите на аукција преку интернет. Семејството дури подоцна погледнало во купените работи, а кога виделе што има внатре, се јавиле во полиција.

Кон крајот на август, полицијата рече дека идентификувале жена за која се верува дека е член на семејството на децата чии останки се најдени во куферот. Се работи за Новозеланѓанка родена во Кореја, која во таа држава пристигнала во 2018 година.

Нов Зеланд бара екстрадиција на 42-годишната

Новозеландската полиција побарала налог за апсење на жената од Јужна Кореј и нејзино испорачување во нов Зеланд. Јужнокорејските власти соопштија дека жената е уапсена во стан во градот Улсан. одека полицајците ја носеле од зградата, жената со качулка ја покрила главата/

Судот во Сеул во рок од два месеца треба да одлучи дали жената ќе ја испорача на нов Зеланд. Властите во нов Зеланд побарале таа да остане во јужнокорејски притвор до завршување на процесот на испорака.