Деновиве врнежи над 30 литри на квадратен метар, од понеделник стабилизирање на времето


  До недела, под влијание на циклонска активност, времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што соопшти УХМР, локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Во текот на овој период, како што информира Управата, […]

Брисел раскинува со автомобилите


Улиците во центарот на Брисел преполнети со автомобили ќе станат ретка слика. На 16 август, стапува на сила нов план за мобилност во таканаречениот „Пентагон“ во градот, со цел да се намалат емисиите од транспортот, да се намали сообраќајот и да се подобри квалитетот на животот на жителите. „Го оставаме зад себе Брисел од 1960-тите […]

Изложба, дебати и креативно пишување – Поетска ноќ во Велестово од 19 до 21 август


   Традиционалната Поетска ноќ во Велестово годинава ќе се одржи по 34. пат од 19 до 21 август на неколку локации во село Велестово и во Охрид. Во програмата се предвидени три поетски читања на кои ќе учествуваат десетина поети од земјава и од странство, ќе биде отворена ликовна изложба, а ќе има и работилница […]

Ник Кириос го победи прворангираниот Даниил Медведев во Монтреал


  Канада– Ник Кириос го победи прворангираниот бранител на титулата Даниил Медведев со 6-7 (2), 6-4, 6-2 во средата на Канада Опен. Кириос, Австралиецот на 37. место, победи минатата недела во Вашингтон за својата седма титула на АТП турнејата. Медведев победи минатата недела во Лос Кабос, Мексико. Кириос има 3-1 против Медведев и победи на […]

Србија нарачала оружје за дури 1,3 милијарди долари


  Србија лани склучи договор за набавка на оружје и воена опрема во вредност од една милијарда и 318 милиони долари, што претставува сума поголема од вкупната вредност на сите набавки од крајот на 2016 година, кога почна процесот на модернизација на Војската на Србија, пренесе Бета. Според порталот Белканска безбедносна мрежа, висината на договорените набавки […]

Во Израел тројно зголемена имиграцијата од Русија и од Украина


Имиграцијата во Израел од Украина и Русија тројно е зголемена по руската инвазија врз Украина, објави израелското Централно биро за статистика. Од 24 февруари, кога почна инвазијата до 31 јули, од Украина во Израел пристигнале 12.175 имигранти, а од Русија 18.891. За пет месеци во Израел вкупно пристигнале 31.000 имигранти, што е за 318 отсто […]

„Пари„: Најголемите 100 компании во 2021 ги „надиграле“ најголемите 100 од 2020 – приходи поголеми за 25 отсто, а профити за 24 отсто%


Минатата година македонскиот бруто домашен производ забележа раст од 4 проценти откако претходната 2020 година имаше намалување за 4,5 проценти. Најголемите компании, кои се и двигатели на растот на бруто домашниот производ, очекувано во 2021 година покажаа подобри податоци како за приходите, така и за добивките. Порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк и Таргет груп […]

Од денес па се до 17 август заборавете на се друго освен на шопинг во „Рамстор Мол“ – започна „Garage sale“


Од денес па се до 17 Август заборавете на се друго и насочете се на шопинг во „Рамстор Мол“. „Garage sale“ конечно започна. Настанот кој  со нетрпение  го очекувавте, од денеска па се до17 август  ќе ви донесе одлична можност да купувате на огромни попусти до 70% бидејќи ПРАВИМЕ ЧИСТКА, ВАДИМЕ СЕ НАДВОР. Покрај големите […]

Повредени се 35 мигранти во синоќешната сообраќајка на патот Гевгелија – Демир Капија


Триесет и пет мигранти од вкупно 49 се повредени во синоќешната сообраќајка која се случи на магистралниот пат Гевгелија-Демир Капија на клучката за село Марвинци откако камион „сканија“ со скопски регистарски, таблички, во кој се превезувале мигрантите, излетал од патот. Според информациите од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, еден од мигрантите е со потешки […]

Вредноста на златото падна по слабеењето на инфлацијата во САД


Цените на златото паднаа на азиското тргување денеска бидејќи инвеститорите проценуваа какво влијание може да има заладувањето на американската инфлација врз идните одлуки за монетарна политика на Федералните резерви. Златото скокна прво во средата, откако беше објавено дека американскиот индекс на потрошувачки цени забави повеќе од очекуваното во јули, што укажува на тоа дека ФЕД […]

Кока – Кола ХБЦ изгуби 190 милиони евра со напуштањето на Русија


Компанијата Кока – Кола ХБЦ соопшти дека претрпела еднократен финансиски удар од 190 милиони евра во првата половина годинава, поради трошоци поврзани со работа во Русија, каде ја запре продажбата на пијалакот по нападот на Москва врз Украина. Кока – Кола ХБЦ ја ажурираше својата прогноза за деловни резултати, па сега очекува споредлива оперативна добивка […]

Со запалка ја палел сувата трева, полицијата го приведе


Службеници од Полициската станица Драчево синоќа во 19:20 часот го лишиле од слобода Ф.С. (59) од скопското село Долно Количани, бидејќи предизвикал пожар на отворен простор. – Постапувајќи по пријава од 09.08.2022 во 11:55 часот, според која покрај патот кој води за село Парагуша било забележано едно лице кое управувало патничко возило „Шкода Фелиција“ со […]

Заштитни нанофилтри на градинките во Центар


Здравјето и добросостојбата на нашите деца е еден од врвните приоритети во работата на Општина Центар и на градоначалникот Горан Герасимовски. Во таа насока, Општина Центар неделава започна со поставување на заштитни нано филтри на прозорците на сите 11 детски градинки под надлежност на општината. Досега филтри се поставени на матичниот објект на детската градинка […]

Оди ли Бугарија кон нестабилност и претседателски режим?


Бугарски „Дневник“ ја анализира актуелната предизборна ситуација во Бугарија, која се соочува со можноста проруските сили да се цементираат на власта или уште повеќе, претседателот Румен Радев како нивен промотор да ги помести уставните граници што му ги ограничуваат овластувањата и ќе стане врховен лидер без контрола, нешто како бугарски Виктор Орбан. Во анализата стои: […]

Мајмунските сипаници се пренесуваат преку близок контакт, детекцијата и изолацијата клучни за справување со болеста


  За разлика од КОВИД-19, мајмунските сипаници обично не се шират лесно меѓу луѓето, а за да се случи тоа потребен е близок контакт преку кој вирусот ќе влезе во телото преку исеченица на кожата (дури и кога таа не е видлива), респираторниот тракт или мукозни мембрани (очите, носот или устата), како и преку телесни […]

Шефот на „Рајанер“: Заврши ерата на летови што чинат 10 евра


  Шфот на авиокомпанијата „Рајанер“ Мајкл О`Лари изјави дека комапнијата нема повеќе да нуди летови по најниски цени поради растот на цената на горивата, пренесе Би-би-си. Наведува дека ерата на билети кои чинат 10 евра завршила. Просечната цена на авионска карта порасна за отприлика 40 евра и во следните најмалку пет години ќе чини 50 […]

Рекорден раст на цените на храната во САД


Вкупните цени на храната во САД во јули се зголемени за 10,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Тоа е најголем раст на храната од 1979 година, според податоците објавени од Министерството за труд. Неколку основни производи како житариците и одредени млечни производи бележат рекорден пораст од година во година. – Додека основната стапка на инфлација се намали во однос на претходниот месец, главно поради падот на цените […]

ОН негираат дека Анкара од Киев добила поевтино жито


Обединети нации негираат дека Турција добила попуст од 25 отсто на цените на житото од Украина во согласност со Договорот од Истанбул поддржан од ОН. – Направивме многу истражувања, колку што е можно и можам да ви кажам дека немаше попуст во Договорот за Црноморската иницијатива, што беше потпишан во Истанбул. Изјави портпаролот на генералниот секретар на […]

Со пандемијата се нормализира пиењето штетни количини алкохол


Пандемијата од корона вирус го нормализира пиењето штетни нивоа алкохол, наведуваат од британска хуманитарна организација и здравствените работници. Добротворната организација за злоупотреба на супстанци Барод наведува дека бројот пациенти зависни од алкохол се зголемил за 41 отсто во споредба со периодот пред пандемијата, пишува Би-би-си. Велс лани забележал најголем број смртни случаи од алкохол во […]

Сателитски снимки: Еден куп руски авиони уништени во базата на Крим


Според сателитски снимки, најмалку осум воени авиони се уништени во експлозијата што се случи во вторникот во руската воздухопловна база на Крим. Причината за експлозијата се уште не е позната. Според официјалната верзија на руското министерство, експлозијата се случила поради детонација на муниција, но не открија како дошло до детонацијата, пишува CNN. Украина не презеде […]