Народната банка на Србија ја зголеми референтната камата на три отсто


Народната банка на Србија одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени, на ниво од 3 отсто. Истовремено, стапката на кредитните олеснувања е 4 отсто, а на депозитните 2 отсто, со што целиот коридор на каматните стапки е зголемен за 25 базични поени. Со ваквата одлука, Извршниот одбор обезбедува континуитет на умерено […]

Валентина Лисица, првата Jутјуб ѕвезда на класичната музика, на „Охридско лето“


Музичката програма на 62-то „Охридско лето“ продолжува вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“со концерт на големата украинско-американска пијанистка Валентина Лисица.   Валентина Лисица многумина ја сметаат за првата Jутјуб ѕвезда на класичната музика, но таа е повеќе од тоа. Таа е првиот класичен уметник кој успеал својот интернет успех да го претвори во […]

Франција ја губи позицијата на водечки извозник на електрична енергија во Европа


Во првата половина на 2022 година, Франција беше престигната од Шведска. Германија, исто така, напредува во извозот на електрична енергија, јави дописникот на МИА. Причината е пред се колапсoт на француското производство отколку зголемување на производството во Шведска. Ова според извештајот на аналитичарот за енергетски податоци EnAppSys, објаснува зошто Франција го загуби првото место како нето […]

Анализа: Изградбата на хидроелектрани во Западен Балкан ќе би биде се потешка и поризична


Проектите за изградба на нови хидроелектрични централи во земјите од Западен Балкан ќе бидат се потешко да се реализираат во иднина поради климатските промени, противењето на јавноста и правните и финансиски предизвици, при што тие проекти или нема да придонесат за енергетската безбедност или немаат доволно економски потенцијал, се нагласува во анализа на повеќе меѓународни […]

Сашо Дукоски избран за нов претседател на Трговска комора


Сашо Дукоски е новиот претседател на Трговска комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше едногласно избран на седница на Собранието. Фокусот на активностите на Дукоски во наредниот период, како што е наведено во соопштението од Сојузот на стопански комори на Македонија, ќе биде ставен на креирање на подобри услови за деловна активности […]

Триото LEΣ LYRISTEΣ  ја донесе старата грчка лира на „Охридско лето“


Прекрасните звуци на античката лира вчеравечер прозвучија во катедралната црква „Света Софија“ со триото LEΣ LYRISTEΣ кое музицираше на „Охридско лето“. Настапија Софија Каракута, вокал и тригином, Роза Фрагорапти на лира и Никос Ксантулис на лира варвитон. Како што рече уметникот Ксантулис, прекрасниот звук на лирата кој ги маѓепсувал античките филозофи е оживеан низ музицирањето […]

Министерството за правда не дало позитивно мислење ни за здружението „Цар Борис Трети“


Министерството за правда соопшти дека до нив не е доставено барање за давање позитивно мислење во постапката за регистрација на здружението ,,Цар Борис Трети”. Ваквото оградување уследи откако медиумите јавија дека по клубот „Иван Михајлов“ сега и некакво здружение ,,Цар Борис Трети” во Охрид го глорифицира фашизмот во земјата.  Наостраната реакција дојде од еврејската заедница […]

„Жена, мајка, христијанка“ и фашист води пред изборите во Италија


Џорџија Мелони, лидер на екстремно десничарските Браќа на Италија, се обиде да го детоксифицира постфашистичкото движење во земјата и со тоа го доведе на допир до власта.Со оглед на тоа што нејзината партија е на врвот во анкетите, а самата Мелони ужива највисок рејтинг од кој било шеф на партија, таа се постави себеси како […]

Во Тетово ќе се произведуваат електричните автомобили e.GO


Во Македонија ќе се произведуваат електричните возила e.GO. Мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово, ќе отвори 3-4.000 нови работни места, се вели во соопштението од денешната седница на Владата. Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за првпат ќе се […]

Русија наскоро ќе претстави нов проектил, лета со брзина од 1000 км/ч


  Рускиот државен производител на оружје КТРВ најави дека во рамки на меѓународниот форум Војска-2022 прв пат ќе претстави нова крстосувачка воздушна ракета Kh-69. „Што се однесува до тој производ, на форумотВБојска-2022 прв пат ќе ја претставиме повеќенаменската, нископрофилна, високопрецизна крстосувачка ракета Kh-69″, објави корпорацијата. Проектилите Kh-69 се дизајнирани за уништување широк спектар на стационирани […]

„Дизни“ го престигнува „Нетфликс“ во однос на претплатниците


„Дизни“ добива сѐ повеќе претплатници и го надминува „Нетфликс“ по бројност, па затоа во декември ќе лансира нова услуга за стриминг во САД. Дизни објави 221,1 милиони претплатници на своите три платформи за стриминг на почетокот на јули. Тоа го стави пред „Нетфликс“, кој со месеци губи претплатници. Компанијата, која исто така поседува платформа за […]

Вучиќ: Под превез на борба против криминалот, Приштина се подготвува да ликвидира Срби на северот на Косово


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска предупреди дека приштинските власти „под превезот на борба против криминалот“ подготвуваат ликвидација на Срби на северот на Косово, пренесе Бета. Вучиќ ги отфрли тврдењата на Приштина дека неодамна биле пукано кон припадниците на косовската полиција на територијата на централна Србија и додаде дека Србија „нема да дозволи никому, па […]

Се замрзнува маржата на огревно дрво и пелети за огрев на 10%


На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе Одлука за определување највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. Согласно Одлуката највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10%, објави министерот […]

ЦУК: Пожар кај стариот млин на патот Битола – Прилеп


Центарот за управување со кризи информира дека гори стрниште кај стариот млин на патот Битола – Прилеп. Пожарот е се уште активен и екипите се на терен. Се интервенира со едно возило и со двајца пожарникари. – Во атарот на селото Беловиште кон Куново гори депонија која може да предизвика штети и во шумскиот појас. […]

Од полноќ ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 88 денари


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34% во однос на одлуката од 8.08.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за […]

Енергетската криза не ја заобиколи ни Норвешка


Додека енергетската криза, предизвикана со руската инвазија на Украина, длабоко ја потресува Европа, Норвешка, земја меѓу најголемите извозници на електрична енергија на континентот, најавува можност за ограничување на извозот на струја. Норвешка и самата се нашла пред можен недостиг зимоска. Поради нискиот водостој во јужниот дел на земјата, Владата на Норвешка може да ги стави […]

Се забранува извоз на семе од сончоглед


Владата на денешната седница ја усвои Одлуката за воведување забрана за извоз на семе од сончоглед. Целта на оваа Одлука, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабдат домашните капацитети за производство […]

Оваа учебна година ќе започне на 1 септември, а секоја следна ќе започнува на 10 септември


Основците и средношколците во земјава годинава се враќаат на училиште од 1-ви септември, иако имаше идеја учебната година да стартува 10 дена подоцна, односно на 12-ти септември, потврди за Мета.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој најавува дека оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во […]

Се обновува авиолинијата Љубљана – Скопје?


Аеродромот во Скопје е „исклучително важна“ рута за Љубљана што треба да се обнови, велат претставници на љубљанските аеродромски власти за специјализираниот сајт за авиосообраќај „Ексјуавиејшн“. Сајтот посочува дека Скопје и Љубљана се двата најпрометни неповрзани аеродроми на територијата на поранешна Југославија, кои останаа без директна авиолинија по пропаѓањето на словенечката авиокомпанија „Адрија Ервејс“. Според […]

Какви препреки го очекуваат твојот хороскопски знак до 4 септември: Денес Вeнера влегува во Лав, спремете се за ризични промени


Хороскопот истакнува дека од 11 август Венера преминува во знакот Лав, што е неповолен настан. Во Лав ќе остане до 4 септември. Ова е период на љубов, изобилство, но може да ве очекуваат и некои предизвици. Ова е најважниот аспект за следните неколку недели, а еве кои пречки и турбуленции го очекуваат вашиот хороскопски знак: […]