Со пандемијата се нормализира пиењето штетни количини алкохол


Пандемијата од корона вирус го нормализира пиењето штетни нивоа алкохол, наведуваат од британска хуманитарна организација и здравствените работници. Добротворната организација за злоупотреба на супстанци Барод наведува дека бројот пациенти зависни од алкохол се зголемил за 41 отсто во споредба со периодот пред пандемијата, пишува Би-би-си.

Велс лани забележал најголем број смртни случаи од алкохол во последните 20 години, а се стравува дека оваа година бројот на смртни случаи ќе биде уште поголем.

Промена на животниот стил

Роб Баркер-Вилијамс, водач на Баррод кампањите, вели дека многумина кои барале поддшка рекле дека користеле алкохол за да се изборат со карантионот откако нивното ментално здравје било значително загрозено.

РајанЏонс, медицинска сестра во болницата во Абериствит, вели дека пандемијата го променила животниот стил на луѓето и секојдневните рутини.

„Многу луѓе повеќе не мораада возат до работа, завршуваа порано и поќнуваа подоцна – имаа повеќе време за пиење“, вели таа.

Покрај емоционалниот учинок, Џонс вели дека со локдаунот на луѓето им се овозможи, оние кои пиеле по една до две пијачки навечер, да испијат три или четири. Како резултат на тоа, Џонс вели дека се плаши дека опасните нивоа на пиење алкохол се „нормализирале“. Дури четвртина од пациентите во болницата не сфаќале дека нивното опивање е проблем.

Физичка зависност

„Многу пациенти кои зависат од алкохолот не сфаќаат дека се зависни од него. Завршуваат во болница поради болести на срцето, системот за дишење или црниот дроб, но не сфаќаат дека пијат штетни количини алкохол“, вели таа и додава дека сега, кога нема локдаун, враќањето на нормалната рутина може да им помогне на многумина да се контролираат во пиењето алкохол.

Сепак, некои се физички зависни од алкохолот, што значително ја отежнува ситуацијата. Во 2020 година смртните случаи поврзани со алкохол во Велс пораснале за 19 отсто, на највико ниво за 20 години.

Велшката влада соопшти дека троши 64 милиони фунти годишно на план за злоупотреба на супстанците за да ја подигне свеста за влијанието на прекумерното пиење и да обезбеди пристап до услуги за лекување и рехабилитација.