Вредноста на златото падна по слабеењето на инфлацијата во САД


Цените на златото паднаа на азиското тргување денеска бидејќи инвеститорите проценуваа какво влијание може да има заладувањето на американската инфлација врз идните одлуки за монетарна политика на Федералните резерви.

Златото скокна прво во средата, откако беше објавено дека американскиот индекс на потрошувачки цени забави повеќе од очекуваното во јули, што укажува на тоа дека ФЕД можеби е помалку агресивен во зголемувањето на каматните стапки.

Вчера цената на тој благороден метал најпрво порасна за дури 0,8 отсто, на 1.807,93 долари, највисока од 5 јули, по што почна да се менува и заврши со пад од 0,1 отсто.

Златото го продолжи својот надолен тренд денеска на берзата во Сингапур, каде што цената на самото место падна за 0,3 отсто на 1.786,26 долари за унца до рано попладне по локално време, објави Блумберг.

Послабнаа и цените на среброто и паладиумот, додека платината зајакна.