Клиника „Жан Митрев“: Целосно соработуваме со институциите


Од Клиниката „Жан Митрев“ денеска соопштија дека целосно соработуваат со институциите и дека д-р Жан Митрев по уредна покана на ОЈО денеска бил таму и дал своја изјава. „Клиника Жан Митрев и сега и понатаму целосно соработува со институциите за кои и да било случај. Ние како Клиника досега, а и понатаму работиме целосно транспарентно […]

Мехмедовиќ: Кичевчанецот е тестиран за мајмунски сипаници, во моментов е во изолација


Лицето од Кичево денеска е тестирано од мајмунски сипаници и во моментов е во изолација, потврди за МИА портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. -Пациентот од Кичево денеска беше исконтактиран, а потоа и тестиран од страна на Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот […]

Ограбувачи во Италија затрупани во тунел под банка, ги спасуваа пожарникари


Банда ограбувачи на банки била принудена на помош да ја повика римската полиција да ги извлече од тунелот кој самите го ископале, но се урнал за време на грабежот кој очигледно лошо го испланирале објавиле денеска италијанските медиуми. Членовите на спасувачките служби вчера вечерта во околу 20 часот извлекле еден повреден маж од урнатиот тунел […]

Од почетокот на војната во Украина во Хрватска пристигнале повеќе Руси отколку украински бегалци


Од почетокот на војната во Украина иницирана од Москва, речиси 50.000 руски граѓани престојувале во Хрватска, а дури и сега, според пресметките, повеќе од 7.000 од нив се во Хрватска, пишува Вечерњи лист. Бројот на руски државјани е нешто помал во споредба со истиот период лани, но пристигнувањата не само што не запреле, туку се […]

МААЕ: И покрај гранатирањето, нема ризик за безбедноста на нуклеарката Запорожје во Украина


Според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нема ризик за безбедноста на нуклеарната централа Запорожје во Украина и покрај континуираното гранатирање на што е подложена, јави ДПА. Само неколку часа пред состанокот на Советот за безбедност на Обединетите Нации (ОН) во Њујорк, свикан по барање на Русија, нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, најголемата во […]

Во Црна Гора мерките против корона вирусот се продолжени за следните 14 дена


Епидемиолошките мерки, задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, колективните центри и јавните превозни средства, аеродромите, продавниците, аптеките, бензинските пумпи, се продолжени за следните 14 дена, соопшти Институтот за јавно здравје. Ваквата одлука, се наведува, е донесена во согласност со моменталната епидемиолошка состојба, а врз основа на сеопфатна анализа на бројот на новозаболени и епидемиолошки […]

Позната западната банка која се согласи да изврши исплата за нафтата повторно да стигне до централна Европа


Европска банка се согласи да го процесира плаќањето за транзит на руска нафта преку Украина, изјавија за Ројтерс од словачката рафинерија „Словнафт“ и друг извор запознаен со ова прашање, расчистувајќи ја причината за прекинот на испораката на нафта во централна Европа минатата недела. Исплатата, доколку биде потврдена од сите страни, ќе биде чекор за повторно […]

Курти одобрува девојчињата да носат шамии на училиште


Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека во Косово не треба да има забрана на шамиите и на другите верски елементи во јавниот живот на граѓаните. Сепак Курти смета дека прагот за дозволување на носење на шамиите во училиштата треба да биде 16 години. „Мој став е дека не треба да има забрана на шамиите и […]

Уапсен жител на Василево, се сомничи за обљуба врз малолетничка од Радовиш


Полицијата вчера го лишила од слобода С.И. (21) од село Василево, струмичко. Тој е осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка од Радовиш. Според соопштението на СВР Струмица, лицето било задржано во Полициската станица во Струмица, а за настанот бил запознаен и јавен обвинител од ОЈО Струмица. Во соопштението се додава дека во текот на денешниот […]

Медведев со закана: „Несреќи може да се случат и во европските нуклеарни централи“


  Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев денеска упати прикриена закана до западните сојузници на Украина кои ја обвинија Русија дека создава ризик од нуклеарна катастрофа со стационирање сили околу украинската централа Запорожје. Украина ја обвини Русија дека врши напади врз украинските места во таа локација, знаејќи дека украинските сили не може да ризикуваат да возвратат. […]

Со ковид-19 заразени уште 619 луѓе, починаа четворица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.253 тестови, а регистрирани се нови 619 случаи на Ковид-19: Скопје – 265, Битола – 41, Охрид – 32, Куманово – 31, Велес и Струмица – по 22, Тетово и Кавадарци – по 21, Неготино – 19, […]

Жан Митрев на распит во Обвинителството


 Жан Митрев денеска бил повикан на распит во скопското обвинителство, по предметот кој беше отворен по сторијата на ИРЛ за лекување на ковид пациенти со хемофилтрација.   -Точно е дека лицето е повикано на распит во обвинителството за одредени околности за предметот кој беше отворен во обвинителството по допрен глас. Распитот го води обвинителката која […]

Османи разговараше со Милков


Европските интеграции на земјава и заложбите да продолжи развојот на соработката меѓу Северна Македонија и Бугарија во сите области во кои постои взаемен интерес, согласно Договорот за пријателство од 2017 година, како и Протоколот од Заедничката меѓувладина комисија, беа меѓу темите на телефонскиот разговор на министерот за надворешни работи Бујар Османи со новиот шеф на […]

Во првите шест месеци 75 проценти повеќе туристи од истиот период лани


Бројот на туристите е во периодот јануари – јуни 2022 година е зголемен за 75 проценти во однос на истиот период лани, а бројот на ноќевањата бележи раст од 66,3 отсто. Според Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е зголемен за 25,4, а на странските за 131,3 отсто, додека во однос на ноќевањата, […]

Британската економија падна во вториот квартал, инфлацијата го зема својот данок


Економијата на Обединетото Кралство се намали во вториот квартал од 2022 година. Зголемените трошоци за живот силно ја погодуваат земјата. Официјалните бројки објавени во петокот покажаа дека бруто домашниот производ (БДП) се намали за 0,1 отсто на квартално ниво во вторите три месеци од годината, што е помалку од падот од 0,3 отсто што го […]

Се бара лицето што го оштети дигиталниот споменик на Григор Прличев во Охрид


Во координација сме со јавен обвинител и се уште се преземаат мерки за откривање на вандалот, кој го оштети дигиталниот споменик на Григор Прличев во Охрид. Веднаш штом ќе имаме некои поконкретни сознанија ќе ја информираме јавноста, изјави за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Тој информираше дека вчера во 19:30 часот во СВР […]

Бугарските провокации се множат, државата подготвува нов закон за здруженија


Министерството за правда подготвува нов закон за здруженија, граѓански организации и фондации. Дотогаш земјата останува плодна почва за никнување на организации, кои за многумина се спорни и се толкуваат како провокација. Последниве денови бугарски здруженија никнуваат како печурки по дожд во неколку македонски градови, а државата сега нема механизам за да го спречи тоа. По […]

Од попладне до недела нестабилно, со дожд и грмежи


Од денеска попладне до недела под влијание на циклонска активност на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрично празнење и град, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во овој период наместа ќе наврнат и […]

Трабзонспор го претстави Барди


 Турскиот фудбалски прволигаш денес го промовира своето најново засилување, Енис Барди. Мкедонскиот репрезентативец во Трабзонспор ќе го носи бројот 29. Барди по пет сезони во шпански Леванте се одлучи за трансфер во Трабзон. Амбициите на Трабзонспор се висок пласман во туркото првенство и учество во групната фаза во Лигата на шампионите. Трабзонспор минатата сезона, по […]

МОТ: Меѓусекторска соработка и инвестирање во сите региони за поголема успешност на мерката Гаранција за млади


  На Меѓународниот ден на младите – 12 август, Меѓународната организација на трудот (МОТ) ги презентира наодите од Извештајот од мапирањето на младите луѓе кои не се вработени и не се дел од системите за образование или обука, односно НЕЕТ-лицата, со цел поддршка на подготовката на новиот План за спроведување на Гаранцијата за млади за […]