Жан Митрев на распит во Обвинителството


 Жан Митрев денеска бил повикан на распит во скопското обвинителство, по предметот кој беше отворен по сторијата на ИРЛ за лекување на ковид пациенти со хемофилтрација.

 

-Точно е дека лицето е повикано на распит во обвинителството за одредени околности за предметот кој беше отворен во обвинителството по допрен глас. Распитот го води обвинителката која го работи предметот, велат од Обвинителството. Митрев  уредно  пристигнал во просториите.

Во својот документарен филм новинарската организација ИРЛ информираше дека нивното истражување го следело начинот на кој функционирала болницата во време на пандемијата, а конкретниот документарец е направен врз трогателни сведоштва на граѓани од Македонија и Косово и 24 пријави за работата на клиниката кои се верификувале повќе од 22 месеци.