Поништен тендер: Ќе се избира нов надзор за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“


Поништен е тендерот за избор на Надзор и правен трансакциски советник за изградба на автопатите што ќе ги гради на Коридор 8 и Коридор 10-Д американско-турскиот конзорцум „Бехтел и Енка“, откако избраниот понудувач на тендерот во предвидениот рок не ја обезбеди банкарската гаранција за навремено и квалитено извршување на договорот. Во тек е рокот за […]

Регистрирани вкупно шест случаи на африканска свинска чума во земјава


Од 6 јануари годинава кога во делчевското село Драмче првпат беше регистрирана појава на африканска свинска чума во земјава, до вчера се констатирани нови случаи и во Моштица, Мојанци, Пресека, Тркање и Виничка Кршла, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. Бабовски нагласи дека на удар се малите одгледувалишта со […]

Без изолација по контакт со заразено лице: САД со нови насоки за Ковид-19


Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги олесни мерките за Ковид-19, укинувајќи ја препораката за граѓаните на САД да се изолираат доколку дојдат во близок контакт со заразено лице. Американската здравствена агенција објави и дека држењето растојание од најмалку два метри од другите повеќе не е задолжително. ЦДЦ објасни дека промените се […]

Манева-Чупоска: ДЛУМ нема достоинствен простор за работа и галерија


  Повеќе од непристојно е една држава која има толку значајно здружение како што е Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), со 75 години постоење и со голема културна и ликовна меморија од генерации и генерации наназад, да нема соодветна галерија и достоинствен простор за работа. Искрено се надевам на сериозно размислување од страна […]

Под закана со пиштол од струмичанец изнудиле 20.000 евра


Од страна на СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, лишени се од слобода И.Ј.(40) од Струмица и Ф.С.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Имено, на 09.08 […]

Неколку лица се повредени во сообраќајна несреќа во Дубровник (видео)


Во судир на два автомобила со дубровнички регистарски ознаки на државниот пат Д-8, недалеку од кривината за Босанка, повредени се неколку лица кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во ОБ Дубровник. Полицијата известува како се одвива сообраќајот, од градот преку жичарницата, а излезот е преку Комолц. Се уште не е познато како […]

 Естонија и Латвија излегоа од кинеската иницијатива за Источна Европа


Како голем удар за кинеските дипломатски напори во Европа, Естонија и Латвија  се откажаа од кинескиот ексклузивен клуб за ангажман со земјите од Централна и Источна Европа, поради  загриженоста за врските на Пекинг со нивниот главен непријател – Москва. Декларацијата на Кина за пријателство „без граници“ со рускиот диктатор Владимир Путин е анатема за балтичките […]

Која е вашата супермоќ според хороскопот? – Не сте ни свесни дека ја имате, но таа ве издвојува од останатите


Дознајте која е вашата супермоќ според вашиот хороскоп! Не мора да си суперхерој за да имаш супермоќ! Згора на тоа, секој од нас, велат астролозите, има една голема особина која може да се смета за суперсила – еве ја вашата! Овен Вашата супермоќ е да бидете бестрашни. Вие сте многу храбри, ризикувате, вие сте вистински […]

Тимоти Ридаут и Франк Дупре – концерт за виола и пијано на „Охридско лето“


  Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва во црквата „Света Софија“ од 21 часот со концерт на виолистот Тимоти Ридаут од Велика Британија и пијанистот Франк Дупре од Германија. Тимоти Ридаут е добитник  на инаугуративната награда со името на Сер Џефри Тејт во Хамбург, и носител на стипендија од фондацијата Борлети-Буитони.  Тој  со […]

Бугарија меѓу трите најголеми извозници на струја во Европа


Бугарија е меѓу првите три најголеми нето извозници на електрична енергија во Европа, пред Шпанија и Франција, покажаа најновите податоците . Земјата извезува 33% од домашната потрошувачка на електрична енергија и соодветно заработила речиси 3 милијарди лева за 6 месеци. Цените на слободниот пазар на електрична енергија во август се околу 600 лева за мегават […]

Неготинската библиотека поттикнува и наградува приказни напишани од деца 


  Неготинската библиотека поттикнува и наградува едукативни приказни напишани од деца, информираа денеска од градската библиотека „Страшо Пинџур“.   -Имаме нова поставка од проектот „Приказна низ прошетка“. Поставивме слики на неколку табли во паркот спроти Градскиот музеј. Ги повикавме децата да осмислат своја приказна од прикажаните ликови, која ќе се базира врз принципите на ланецот […]

Тројца Битолчани ја искачија насоката Касин на планината Пиц Бадиле (3.308 м.)


Влатко Деловски, Владимир Ѓоргиевски и Саша Грбиќ се првите Битолчани кои ја качија карпата Касин на планината Пиц Бадиле (3.308 м). Тројцата се членови на „СКК Вертикал“ од Битола. – Од почетокот на алпинизмот и качувањето во Битола до денес, ова е прва успешна акција и качување на оваа насока од битолски клуб, што експедицијата […]

Во Германија јавните чешми ќе станат обврска


Германската министерка за животна средина Штефи Лемке сака да ги обврзе германските градови и општини да создадат нови јавни места за вода за пиење.Граѓаните треба полесно да дојдат до вода кога се во движење, како и да дополнат бесплатна вода за домашна употреба. Соодветниот предлог-закон на политичарката од  Зелените беше усвоен од федералниот кабинет во […]

Арктикот се загрева три пати побрзо од глобалниот просек


  Глобалното затоплување предизвикано од климатските промени многу повеќе влијае на Арктикот отколку што се мислеше, велат финските научници. Според новата студија на научниците од Финскиот метеоролошки институт во Хелсинки, арктичкото подрачје се загрева речиси четири пати побрзо од глобалниот просек во текот на изминатите 43 години. Некои подрачја на Арктичкиот Океан станаа потопли за […]

Бугарија ќе го екстрадира Русинот што си го запали пасошот поради војната во Украина


Рускиот државјанин кој си го запали пасошот во Бугарија во знак на протест против војната во Украина, најверојатно ќе биде екстрадиран во земјата на потекло по одлука на бугарскиот суд. Четириесет и шестгодишниот Алексеј Алчин, Русин, кој пет години живее во Бугарија, ќе биде екстрадиран според пресудата на Окружниот суд во Варна. Конечната одлука на […]

Ќучук: Без Бугарите во Уставот ќе се блокира патот на Македонија кон ЕУ


Доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски својата кампања ја води со ставови против Бугарија и се противи на вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата, тоа ќе го блокира патот на Република Северна Македонија кон ЕУ, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучик. – Процесот на преговори меѓу ЕУ и […]

Шведска ќе екстрадира турски државјанин што го побара Ердоган


Шведската влада се согласи да испорача турски државјанин со курдски корени баран за измама со кредитни картички во Турција во четврток (12-ти август). Според извештајот на шведскиот јавен радиодифузен сервис SVT, екстрадицијата на 35-годишниот е дел од условите што го наведоа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го поништи своето вето за членството на Шведска […]

Украинците ликвидирале 1.000 руски офицери во војната


Украинците објавија дека од почетокот на борбите до денес на фронтот загинале дури илјада руски офицери. На списокот се регистрирани само потврдените случаи, преку јавно достапните податоци, како што се известувања за погреби, некролози или руски сајтови за вести. Целиот список е објавен во медиумите.

Во Велика Британија рестрикции во водоснабдувањето поради сушата


 Британската водоводна компанија „Јоркшир вотер“ денеска најави воведување на одредени рестрикции од 26 август. Причината е што делови на северна Англија имале најмалку врнежи откако почнале да се евидентираат, пред повеќе од 130 години. „Екстремно топлото и суво време предизвика реките во Јоркшир да исчезнуваат и нашите резервоари да бидат околу 20 отсто пониски, отколку […]

Последниот број од годината на раѓање открива кога ќе имате пари


Односот меѓу човекот и парите се развива во зависност од неговиот елемент според фенг шуи, како што објасни Наталија Правдина, руски експерт за фенг шуи. Како што истакнува, никој не се раѓа со способност да има помалку или повеќе, само треба да воспоставите хармонија со елементот на кој припаѓате. Можете да го одредите вашиот елемент […]