Арктикот се загрева три пати побрзо од глобалниот просек


 

Глобалното затоплување предизвикано од климатските промени многу повеќе влијае на Арктикот отколку што се мислеше, велат финските научници.

Според новата студија на научниците од Финскиот метеоролошки институт во Хелсинки, арктичкото подрачје се загрева речиси четири пати побрзо од глобалниот просек во текот на изминатите 43 години.

Некои подрачја на Арктичкиот Океан станаа потопли за седум пати побрзо во споредба со планетата во целост. Климатските модели досега го проценија ефектот на таканаречената поларна амплификација, според научинкот Мики Рантанен.

Виновен е човекот

Минатите студии дојдоа до сознанија дека Арктикот се затоплува два пати побрзо од другите подрачја, додека работната група Арктички совет, сместена во Тромсо во Норвешка, во март 2021 година извести дека порастот на просечната температура на Арктикот меѓу 1971 и 2019 година изнесувал 3,1 степен Целзиусови, што е околу три пати повеќе од глобалниот просек.

Финските научници припишуваат повисоки бројки на силно и постојано арктичко затоплување, но и дефиницијата на Арктикот – целото подрачје сместено внатре во Арктичкиот круг, како и на фактот дека собирале податоци од 1979 година, кога деталните сателитски слики станаа достапни.

Според научниците, размерот на поларната амплификација е последица на климатските промени предизвикани од човековото делување, како и на природните долготрајни климатски флукуации. Овие два фактора само се зголемуваат во текот на последните 43 години.