Во Германија јавните чешми ќе станат обврска


Германската министерка за животна средина Штефи Лемке сака да ги обврзе германските градови и општини да создадат нови јавни места за вода за пиење.Граѓаните треба полесно да дојдат до вода кога се во движење, како и да дополнат бесплатна вода за домашна употреба.

Соодветниот предлог-закон на политичарката од  Зелените беше усвоен од федералниот кабинет во средата. „Пристапот до вода за пиење треба да биде што е можно полесен за сите луѓе во Германија“, рече Лемке.

Предлог-законот предвидува општините да поставуваат чешми за вода за пиење, на пример, во паркови, пешачки области и трговски центри – се додека тоа е технички изводливо и ги задоволува локалните потреби.Како прв чекор, градовите и општините треба да постават околу 1.000 дополнителни чешми за вода, соопшти Министерството. Сега има над 1.300 јавни чешми за вода за пиење низ целата земја.

„Неодамнешните суви и топли лета ни покажаа дека постојаните топлотни бранови веќе не се ретка појава во Германија, рече Лемке. Чешмите за вода се една од главните компоненти на доброто јавно здравје во овие околности“, додаде таа.„Ако општините сега преземат акција, ќе дадат важен придонес во заштитата на здравјето на граѓаните“, рече Лемке. „Водата од чешма е контролиран прехранбен производ, заштедува енергија и доаѓа без пакување – така што е добра и за животната средина“.