Околу 28.500 Грци примиле терапија за Ковид-19 со антивирусниот лек „паксловид“


Најмалку 28.500 пациенти со Ковид-19 во Грција примиле домашна терапија со антивирусниот лек „паксловид“ од крајот на март до сега, објави грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Според весникот, повеќе од половина од лековите, односно 17.000 биле дадени во изминатите месец и половина, кога во земјата беше регистриран зголемен број заразени со […]

Европол разби балкански картел кој шверцувал кокаин од Јужна Америка


  Полицијата од Хрватска, Италија, Црна Гора, Холандија, Португалија, Србија и Шпанија, во координирана акција со Европол, разбија криминална организација која тргувала со кокаин од Јужна Америка во Европската Унија. Истрагата за оваа криминална мрежа траела неколку години, а вклучувала бројни држави членки на ЕУ и земји од регионот на Западен Балкан. Криминалната банда главно […]

ДРЗ: Искористени само половината од „ваучерите за туризам“ во време на пандемијата


Државниот завод за ревизија (ДЗР) на својата веб-страница го објави конечниот ревизорски извештај  за ефикасноста на преземените мерки и политики за намалување на ефектите од пандемијата во секторот туризам. Во него констатира дека мерките имале делумно влијание за ефикасно справување со последиците од пандемијата, дека има низок степен на реализација на владините мерки во секторот […]

Речиси половина од новоотворените фирми имаат сметки во НЛБ и во ХАЛК БАНКА


  Во првото полугодие од годинава, 3.768 новооторени фирми морале да си ја почнат својата бизнис приказна со отворање сметка во банка. Нивниот најчест извор, според податоците на БизнисМрежа.мк била НЛБ Банка, таму отвориле сметка 891 фирма. Веднаш зад неа била Халк Банка, која станала избор на 809 фирми. Една година порано пак, Халк банка беше најчестиот избор […]

Грција со два авиони ѝ помага на Франција во гаснењето на пожарите


Грција вчера испрати во Франција два авиони од типот Канадер (Canadair CL-415) за да помогнат во гаснењето на пожарите, јави дописничката на МИА од Атина. Авионите беа испратени откако француските власти преку Европскиот механизам за цивилна заштита и rescEU побараа помош за справување со големите шумски пожари, особено во југозападниот и југоисточниот дел на земјата. […]

(Видео) Вандализиран холограмот на Прличев во Охрид


Паметниот споменик на Григор Прличев, кој пред неколку дена беше поставен во Охрид, а со кој граѓаните можеа да комуницираат, синоќа бил вандализиран. Се обиделе да му го извадат главниот компјутер, а пресечени биле и жиците за довод на струја.    „Вечерва на 11-ти август, после нецели 48 часа од промоцијата, Паметниот споменик на Виртуелен […]

Се бара општествен консензус за повеќе и поголеми даноци


Најавените „даночни реформи“, се поблиску до дефиницијата на ад-хок мерки најверојатно поттикнати од фискална нужност, но не и од желба за реформи, бидејќи не се базираат на економски и финансиски анализи кои се транспарентни и стратешки врамени кои ќе обезбедат предвидливост за сите засегнати страни, наведува Групата ЦИВИТАКС во денеска објавениот став за предложената даночна […]

Светскиот рекет број 1 Швјонтек елиминирана во третото коло на турнирот во Торонто


Полската тенисерка Ига Швјонтек која е првопласирана на ВТА-листата, загуби во третото коло на турнирот во Торонто. Таа синоќа во три сета загуби од Бразилката Беатрис Хадад Маиа. Бразилката го доби првиот сет со 6:4, Швјонтек возврати во вториот со 6:3, а во решавачкито трет сет беше 7:5 за Маиа. Мечот траеше три часа и […]

Црна Гора најзависна од туризмот од сите европски земји, Македонија при дното


Од сите земји во Европа, црногорската економија е најзависна од туризмот, покажуваат податоците од истражувањето на Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC), објавени од Landgeist.com. Како што е наведено во резултатите од истражувањето, туризмот учествува со 30,8 отсто од БДП на Црна Гора. Во Македонија туризмот учествува со 6,6 отсто во домашниот БДП и […]

Словенија: Бројот на слободни работни места е најголем од 2008 година


Во Словенија во вториот квартал од годината има речиси 25.900 слободни работни места – највисока бројка откако националниот завод за статистика почна да ги објавува тие податоци во 2008 година. Најголем дел од слободните работни места се во угостителството. Отворените работни места во вториот квартал се зголемени за 6 отсто во однос на првиот квартал […]

Поранешниот германски канцелар Шредер го тужи парламентот поради одземени привилегии


Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер го тужи парламентот во обид да ги врати специјалните привилегии што му беа одземени во мај, изјави неговиот адвокат за ДПА. Шредер (78) ја бара својата пратеничка канцеларија во тужба поднесена во Управниот суд во Берлин, изјави неговиот адвокат во Хановер, Михаел Нагел. Комисијата за буџет на германскиот парламент во […]

Несреќа во забавниот парк Леголенд: Се судрија возови на смртта, десетици повредени (видео)


Повеќе од 30 луѓе се повредени, од кои двајца потешко, кога се судрија два воза на смртта во забавниот парк Леголанд во близина на Гинзбург, Баварија. Несреќата се случила кога еден од возовите закочил и на него налетал друг воз, но се уште не е јасно што ја предизвикало несреќата. Портпаролот на локалната полиција изјави […]

Ен Хеч има тешки повреди на мозокот и не се очекува да преживее


  САД-  Ен Хеч „Не се очекува да преживее“ откако претрпе оштетување на мозокот за време на тешката сообраќајна несреќа, изјави нејзиниот публицист за Yahoo Entertainment во изјава доцна во четвртокот. „За жал, поради нејзината несреќа, Ен Хеч се здоби со тешка аноксична повреда на мозокот и останува во кома, во критична состојба“, стои во […]

Мундијалот во Катар ќе почне ден порано


Светското фудбалско првенство 2022 во Катар ќе почне на 20 ноември. На овој датум ќе се одржи церемонијата на отворање, по што ќе се одржи првиот натпревар, објави ФИФА. Во првиот дуел ќе играат домаќинот Катар и Еквадор. Првично беше планирано овие две репрезентации својот натпревар да го одиграат на 21 ноември, но беше одлучено […]

Помилуван директорот на Самсунг кој беше во затвор поради поткуп


Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол го помилува потпретседателот на Самсунг Електроникс, Ли Јае Јонг за да помогне во надминување на „националната економска криза“, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за правда. Помилувањето е главно симболично, бидејќи Ли веќе е на условна слобода откако отслужи 18 месеци затвор за мито додека беше на чело на најголемиот светски производител на […]

Вашингтон пост: ФБИ кај Трамп барале документи за нуклеарно оружје


Агенти на ФБИ барале документи поврзани со темата – нуклеарно оружје, за време на претресот на домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида, објави Вашингтон пост. Не е познато дали такви документи се пронајдени во Палм Бич, каде се наоѓа куќата на Доналд Трамп, пишува Вашингтон пост. Министерството за правда побара од истражниот […]

Тилев: Скринингот со ЕУ е исклучително сложен процес со јасен план за целосна хармонизација со европското право


Државниот советник за европски политики во Секретаријатот за европски прашања, Драган Тилев за МИА го појаснува претстојниот процес на билатерален скрининг со ЕУ за усогласеноста на европското законодавство со македонското, што треба да започне во септември. Тој вели дека од формално-правен аспект, нема дилема оти за нас преговорите веќе се започнати со отворањето Меѓувладината конференција, […]

Драмски театар Скопје со претставата „Кармен“ на фестивалот РУТА во Хрватска


Со монодрамата „Кармен“, Драмскиот театар Скопје денеска ќе учествува на фестивалот РУТА. Членките од Регионалната унија на театри со своите претстави ќе гостуваат на отворената фестивалска сцена на Бриони во Хрватска, а домаќин на летново издание на фестивалот е театарот Улисис. Фестивалската програма на Бриони е во рамки на театарско-музички проект на тимот на познатиот […]

Шефот на МААЕ побара пристап до нуклеарната централа Запорожје во Украина


Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси побара во Советот за безбедност на ОН пристап до нуклеарната централа во Запорожје, Украина, каде се вршат воздушни напади, за што Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат. „Ситуацијата е сериозна и МААЕ мора да биде овластена да ја изврши својата мисија во Запорожје што […]

Јубилеен 50. меѓународен ракометен турнир „Струга 2022“ од 16 до 20 август


По повод 50-то јубилејно издание на Меѓународениот ракометен турнир „Струга 2022“ што годинава ќе се одржува од 16 до 20 август во Струга, денеска на прес-конференција ќе биде претставена програмата за турнирот. На прес-конференцијата, што ќе се одржи во Агенцијата за млади и спорт во Скопје, ќе присуствуваат членови на Организацискиот Одбор на турнирот, директорот […]