Несреќа во забавниот парк Леголенд: Се судрија возови на смртта, десетици повредени (видео)


Повеќе од 30 луѓе се повредени, од кои двајца потешко, кога се судрија два воза на смртта во забавниот парк Леголанд во близина на Гинзбург, Баварија.

Несреќата се случила кога еден од возовите закочил и на него налетал друг воз, но се уште не е јасно што ја предизвикало несреќата.

Портпаролот на локалната полиција изјави дека на лице место се испратени сите спасувачки единици на паркот, а Би-Би-Си јави дека во транспортот на повредените учествувале и три хеликоптери.

Повеќето од повредените се здобиле со модринки и гребаници, додека двајца тешко повредени се пренесени во болници, соопшти германската полиција. Сударот на возот се случил на влезот на возот на смртта „Огнен змеј“, кој се движи со брзина до 29 километри на час.

Ова е втора голема несреќа во забавните паркови во Германија за само една недела. Во несреќа минатата недела, 57-годишна жена загина во друг забавен парк, откако паднала од воз за време на возење.

Паркот Леголанд во Гинзбург, кој се наоѓа на околу 100 километри западно од Минхен, е еден од десетте вакви тематски паркови во светот и единствен во Германија.