Ѓоковиќ се повлече од Мастерсот во Синсинати


Дваесет и еднократниот грен слем шампион Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти Мастерсот во Синсинати следната недела. Негово медсто на ждрепката ќе го замени Брендон Накашима, кој претходно мораше да игра со вајлд-карта. Да потсетиме, според сегашните правила, Ѓоковиќ не може да влезе во Соединетите Американски Држави, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот. Српскиот тренер Горан […]

Во крвопролевањето во Цетиње единаесет мртви и шестмина повредени, црногорската полиција го уби напаѓачот


Единаесет лица се убиени и шестмина се повредени во денешниот инцидент кој се случи околу 16 часот во Цетиње, а црногорската полиција го уби напаѓачот.Во населбата Медовина во Цетиње, убиени се 11 лица, а шестмина се повредени, меѓу кои и припадник на полицијата, потврди полицијата на РТЦГ. Црногорскиот јавен радиодифузер јавува дека на трагедијата и […]

Москва лута, не може да именува конзул во Битола


Заменик-директорот на Одделот за информации и печат на руското МНР ,И.И.Нечаев, реагираше на, како што се наведува, одлуката на нашата држава да не дозволи да се именува почесен конзул на Русија во Битола, иако претходно било прифатено. Во реакцијата стои:  „Властите на Северна Македонија официјално известија за повлекување на согласноста за воспоставување на функцијата почесен […]

ЕУ: 2022 година рекордна по бројот пожари во југозападна Европа


Пожарите што уништија десетици илјади хектари шума во Франција, Шпанија и Португалија ја направија 2022 година рекордна кога станува збор за југозападна Европа, соопшти денеска Службата на ЕУ за сателитско следење. Поради долготрајните тропски горештини што резултираа со температурни рекорди, во Франција последните три месеци регистрирани се рекордно високи параметри на загаденост на воздухот до […]

Бензема, Куртоа и Де Брујне номинирани за наградата играч на годината на УЕФА за 2021/22


Познати се номинираните за наградата на Европската фудбалска асоцијација за најдобар играч во сезоната 2021/22. Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа и играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне се во конкуренција за титулата, објави официјалниот сајт на УЕФА. Бензема стана најдобар стрелец на турнирот во […]

Чешка ќе предложи забраната за издавање визи за Русите на ниво на ЕУ


Чешка, која претседава со ЕУ, денеска соопшти дека забраната за издавање визи за сите граѓани на Русија на ниво на Европската унија би можела да биде следна во низата санкции што Унијата ги воведе кон Москва поради до руската инвазија на Украина. Прага тоа ќе го предложи на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи […]

Можно е Бајден да најави кандидатура за реизбор порано од вообичаеното


  Претседателот на САД Џо Бајден може да соопшти за намерата да се кандидира за повторен избор порано од вообичаеното, веднаш по ноемвриската трка за места во Конгресот, за да ги растера гласините за наводни планови на демократите да објават друга личност во предвечерјето на претседателската трка во 2024 година. Ова го соопштија некои американски […]

Масакр во Цетиње: Mаж уби повеќе лица


Mасакр се случи денеска во црногорскиот град Цетиње, каде загинаа најмалку седум лица, јавија локалните медиуми. Станува збор за семеен конфликт, при што напаѓачот е убиен, а меѓу ранетите има и деца и полицајци. Како што пишува црногорски „Дан“, не станува збор за конфликт меѓу криминални кланови, а лицето кое пукало во цивилите и полицајците […]

Сведителствата ќе чекаат да заврши прославата на Груби


Две недели до почетокот на учебната година, сведителства се уште нема, но има два тендери на контото на „Арбериа дизајн“ во висина од 13 милиони денари за оваа цел. Додека, учениците од повеќе паралелки чекаат писмен доказ за нивниот успех, „Арбериа“ победи и на тендерот на министерството на Артан Груби и утре треба да ја […]

Салман Ружди нападнат со нож на сцена


Писателот Салман Ружди (75) е повреден откако беше избоден со нож на сцената пред говорот што требаше да го одржи во Чаутаука, утринава, во близина на Бафало. Тој присуствуваше на дебата за САД  како дестинација за азил за писатели и други уметници во егзил и како дом за слободно креативно изразување.   Ружди постојано добиваше […]

Руски дипломат прогласен за непожелен во Црна Гора


Министерството за надворешни работи на Црна Гора прогласи еден дипломат од Руската амбасада акредитиран во Црна Гора за персона нон грата, соопшти денеска Министерството. Тие наведуваат дека одлуката е донесена поради активности кои се во спротивност со членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи. Формалната нота за оваа одлука, во која се наведува рок […]

По Гиговска и Владо Јаневски го откажа настапот на фестивалот за годишнината од Рамковниот договор


Поп-ѕвездата Владо Јаневски го откажа својот настап на Мировниот фестивал, посветен на 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. Денеска на официјалната Фејсбук страница на Владо Јаневски е објавено соопштение дека пејачот нема да настапи на прославата која ќе се одржи на 13 август на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. Вчера, Министерството за политички систем и односи […]

Шопинг лудило во Рамстор Мол на Garage Sale – погледнете како изгледаше првиот ден (видео)


Вчера започна најголемиот традиционален шопинг настан во градот, Garage Sale во Ramstore Мall. На првиот ден од Garage Sale посетителите имаа можност да искористат вистинска распродажба, многу попусти и да ги одберат омилените производи од големиот асортиман кој го нудат сите продажни објекти во Рамстор Мол. Можноста да пазаруваат со попусти кои достигнуваат до -70% […]

Јотова: Работата со Македонија не е завршена


Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова им се заблагодари на партнерите од Франција, кои ја разбрале бугарската позиција и придонеле во преговарачката рамка, вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата да се случи пред на вистинскиот почеток на преговорите, јавува Трибуна. Јотова ја оцени ситуацијата со РС Македонија како комплицирана и посочи дека секој што мисли […]

Судот на барање на Обвинителството му го одзеде пасошот на Жан Митрев


  Судија на претходна постапка го прифати предлогот на ОЈО во врска со случајот со доктор Жан Митрев и донесе одлука за определување мерка за претпазливост за одземање на неговата патна исправа заради опасност од бегство, потврдија за МИА од Основниот кривичен суд Скопје. По утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното […]

Бесплатна филмска проекција за „загревање“ за 13. „МакеДокс“


  Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ вечер организира „дружење за загревање“ за тринаесеттиот „МакеДокс“ во дворот на Музејот на современата уметност (МСУ) – Скопје. На програмата има „размрдување“ со Нино Flooder, музички дел што почнува во 18 часот, и специјална проекција на документарниот филм „Рене“ (Чешка / 2008 / 83’) на режисерката Хелена Тшештикова, […]

Груби: Нема никакви нови барања од Софија


Нема нови, барања, никакви нови документи и други нови очекувања освен постигнатото во добрососедскиот договор и договорот што министерот за надворешни работи Бујар Османи го потпиша неодамна во Софија. Ова го истакна првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, одговарајќи на новинарско прашање околу новите барања кои според […]

ОЈО бара одземање на пасошот на д-р Жан Митрев


 По утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, во […]

Учениците на СОУ „Горче Петров“ во Прилеп ќе ја почнат новата учебна година во реновирано училиште


Министерството за образование и наука континуирано вложува во подобрување на условите во кои учениците се школуваат, како еден од предусловите за квалитетно образование. Во Прилеп, во СОУ „Ѓорче Петров“, завршуваат градежните активности за реконструкција на училишната зграда, со средства од МОН во износ од 12,6 милиони денари или приближно 200.000 евра. Средното училиште, познато по […]

Скулптурата на еврото во Франкфурт оди на аукција, недостигаат пари за одржување


  Скулптурата на еврото е еден од најпознатите симболи не само на Европската унија и нејзината валута, туку и на градот Франкфурт. Сега може да оди на лицитација бидејќи недостигаат пари за одржување. Годишното одржување чини 200.000 евра, изјави Манфред Пол, претседател на Комитетот за култура во Франкфурт, кој е сопственик на скулптурата на плоштадот […]