Бесплатна филмска проекција за „загревање“ за 13. „МакеДокс“


 

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ вечер организира „дружење за загревање“ за тринаесеттиот „МакеДокс“ во дворот на Музејот на современата уметност (МСУ) – Скопје.

На програмата има „размрдување“ со Нино Flooder, музички дел што почнува во 18 часот, и специјална проекција на документарниот филм „Рене“ (Чешка / 2008 / 83’) на режисерката Хелена Тшештикова, која е почесен гостин на овогодинешнето издание на „МакеДокс“. Проекцијата е планирана за 21 часот, а влезот е бесплатен.

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје. Фестивалската програма ќе се прикажува на четири локации: во Куршумли-ан, плато на Музеј на Македонија пред Куршумли-ан, МКЦ и „Europe House Скопје“.