Едно лице од ранетите во вчерашната престрелка во Цетиње е во животна опасност


Едно лице од ранетите во вчерашната престрелка во Цетиње е во животна опасност, соопштија днееска од Клиничкиот центар на Црна Гора. Во таа болница во Подгорица се згрижени четири лица кои се ранети – едно е стабилно, а тројца се на интензивна нега, од кои едно е во животна опасност. Во соопштението се наведува дека […]

Лани во Грција имало речиси половина милион посетители од Северна Македонија


  Со нешто помалку од половина милион посетители, Северна Македонија е на 11-то место меѓу топ 15 земји со најголем број посетители во Грција за 2021 година, согласно анализата на Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Под наслов „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци […]

Состојбата на славниот писател е сериозна: „Нервите му се отсечени, ќе го изгуби едното око“


Славниот писател Салман Ружди беше опериран по крвавиот напад со нож на сцена во Њујорк, тој се уште е без свест, а повредите му се тешки, јавуваат светските агенции. Салман Ружди по операцијата се уште е на респиратор, а неговата состојба се уште не е целосно стабилна, јавува Би-Би-Си. Според неговиот агент „вестите не се […]

Последната фотографија од трагично загинатата актерка откри што правела само 20 минути пред несреќата


Американската актерка Ен Хеч почина на 54-годишна возраст откако беше исклучен апаратот за одржување во живот, една недела по страшната сообраќајна несреќа што ја доживеа во Лос Анџелес, објави Дејли мејл. Тажната вест ја соопшти нејзината пријателка Ненси Дејвис, пренесува Showbiz411. Актерката доживеала мозочна смрт и лекарите изјавиле дека повеќе нема да живее, пишува Daily […]

Вклучен алармот и во Њујорк: Опасниот вирус е откриен во канализацијата


  Здравствените власти во Њујорк ги повикаа сите кои веќе не го сториле тоа да се вакцинираат против детска парализа откако вирусот беше идентификуван во канализацијата. „Наодите од канализацијата покажуваат дека вирусот се шири локално“, објави во петокот Одделот за здравство на Њујорк. Во соопштението се додава дека полио може да доведе до парализа и […]

Во Франција зголемен надзор на католичките цркви на верскиот празникот Вознесение на Богородица


Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин побара од полициските префектури ширум државата да го зголемат надзорот над црквите и мисите в понеделник, на католичкиот празник Вознесение на Богородица, бидејќи се уште постои терористичка закана. „Би сакал вашето внимание да биде особено насочено за време на мисите, собирите, поворките на 15 август“, се вели во […]

Ружди на респиратор по операција, полицијата го уапси напаѓачот


  Британскиот писател Салман Ружди, кој беше избоден неколку пати во вратот и стомакот од напаѓач на сцената за време на предавање во американската сојузна држава Њујорк, е опериран и сега е на респиратор, објави неговиот агент Ендрју Вајли. Тој изјави дека Ружди не може да зборува и дека може да изгуби едно око. „Салман […]

„Спејс Икс“ испрати уште 46 сателити „Старлинк“ во орбитата


  Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Старлинк, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата. Лансирањето  од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи вчера во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити. Мрежата Старлинк […]

Во Црна Гора тридневна жалост поради трагедијата во Цетиње


  Во Црна Гора е тридневна жалост поради масакрот во Цетиње каде вчера беа убиени 11 лица, меѓу кои и напаѓачот. Согласно одлуката која црногорската влада ја донесе синоќа, денови на жалост се сабота, недела и понеделник, 13, 14 и 15 август. По повод тридневната жалост знамињата ќе бидат спуштени на половина копје на сите […]

Манева-Чупоска: Приоритет е ДЛУМ финансиски да закрепне, да се покаже слух кон ликовните уметници


  Приоритет во моментов е финансиски да закрепнеме и искрено се надевам на сериозно освестување од надлежните дека проблемите на ова Друштво мора да се решат. Државата треба да покаже слух кон ликовните уметници, вели новата претседателката на Друштвото на ликовни уметници проф. д-р Јана Манева-Чупоска во интервју за МИА. Манева-Чупоска, која ќе раководи со […]

Потпишување на договор за новата инвестиција „e.GO” во ТИРЗ – Тетово


  Во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово денеска ќе биде потпишан договорот за новата германска инвестиција „e.GO”. Ќе се произведуваат електрични возила, а со оваа нова инвестиција се очекува да се отворат 3.000-4.000 нови работни места. – Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за […]

Ако државата не ни помогне, можно е населението да остане без леб, велат мелничарите


  По лавината реакции во јавноста околу поскапувањето на лебот, мелничарите велат дека и сегашната цена не е доволно висока доколку се земат предвид сите зголемени трошоци. Ако Владата не им помогне, предупредуваат дека е можно да дојде до целосно колабирање на дејноста и населението да остане без леб. Како што истакнува за МИА претседателот […]

Дваесет и една година Рамковен договор


  Со доделувањето на сертификати за учесниците на Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ од страна на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби вчера во Маврово, започна овогодишното одбележување на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава […]

Директната помош на САД за шесте земји од Западен Балкан може да изнесува околу четири милијарди долари


Помошта што се подготвува во Конгресот на САД за развој на Западен Балкан е вредна околу четири милијарди долари, а е предвидена за економски реформи, потесна економска интеграција со ЕУ и заштита на културните разлики. Доколку биде изгласана, Владата на САД ќе може да нуди техничка помош на државите кои треба да развијат национални стратегии […]

Радев: Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција има сериозна регионална и геополитичка димензија


Претседателот на Бугарија Румен Радев оствари средба со сопственикот и раководството на грчката градежна компанија која го гради гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција и раководството на проектната компанија, јави дописникот на МИА од Софија. Според Радев, меѓусистемската гасна врска меѓу Бугарија и Грција е објект со силна регионална и геополитичка димензија. И овој објект […]

ФБИ нашло купишта доверливи документи во куќата на Трамп


Агентите на ФБИ, кои во понеделникот го претресоа домот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго, отстранија 11 комплети доверливи документи, вклучително и некои означени како строго доверливи и наменети да бидат достапни само во специјални владини установи, извести The Wall Street Journal. Агентите на Федералното биро за истраги зеле околу 20 кутии со предмети, […]

Еколошка катастрофа: Десет тони риба затруени во река во Полска


ВАРШАВА – Илјадници мртви риби се пронајдени покрај реката Одра што тече меѓу Полска и Германија, а властите од двете страни на границата предупредуваат на еколошка катастрофа. Тоа се претвора во политички проблем за полската владејачка партија Право и правда (ПиС), бидејќи опозицијата ја обвинува дека ги игнорирлаа раните сигнали за загадување на реката. Премиерот Матеуш […]

Кичевчанецот што го бркааа четири дена за тест немал мајмунски сипаници


Кичевчанецот кој го „бркаше“ цела Македонија бидејќи четири дена одбиваше да се тестира на мајмунски сипаници,   нема мајмунски сипаници. Веста ја објави 24 Вести повикувајќи се на извори од Комисијата за заразни болести.     Со тоа завршува сапунската опера во која покрај јавноста, се вклучија и политичките партии , иако здравствените кругови посочуваа дека оваа […]

Реакции по обидот за убиство на Салман Ружди во Њујорк


Полицијата на американската држава Њујорк соопшти дека британскиот писател со индиско потекло Салман Ружди се здобил со убодна рана во вратот, откако денеска беше нападнат на сцена. По нападот тој со хеликоптер бил пренесен во локална болница. Напаѓачот е во полициски притвор. Според репортерот на Асошиетед прес, кој бил во зградата на институцијата Чаутаука во […]

„Њујорк Тајмс“: Дали Русија ја користи Србија да поттикне конфликт на Балканот


Дали Русија ја користи Србија за да создаде раздор во Европа и да создаде нови конфликти меѓу земјите од поранешна Југославија, со цел да го оттргне вниманието на НАТО од војната во Украина, тоа е прашањето на западните дипломати за кое пишува денешен „Њујорк Тајмс“. Весникот наведува дека стравувањата од руското влијание врз Србија се зголемени […]