Вклучен алармот и во Њујорк: Опасниот вирус е откриен во канализацијата

Додека полиото се шири низ нашите заедници, едноставно нема ништо поважно од вакцинирање на нашите деца, предупредија здравствените власти


 

Здравствените власти во Њујорк ги повикаа сите кои веќе не го сториле тоа да се вакцинираат против детска парализа откако вирусот беше идентификуван во канализацијата.

„Наодите од канализацијата покажуваат дека вирусот се шири локално“, објави во петокот Одделот за здравство на Њујорк.

Во соопштението се додава дека полио може да доведе до парализа и смрт. Одделот за здравство на Њујорк ги повика оние што живеат во градот да се вакцинираат против вирусот сега, ако веќе не го направиле тоа.

„Додека полиото се шири низ нашите заедници, едноставно нема ништо поважно од вакцинирање на нашите деца за да ги заштитиме од овој вирус, а ако сте невакциниран или нецелосно вакциниран возрасен, изберете да се вакцинирате сега“, рече комесарот за здравство на Њујорк, д-р. Ешвин Васан.

Веста за вирусот пронајден во канализацијата доаѓа неколку дена откако детската парализа за прв пат беше откриена во околниот округ Њујорк со ниска стапка на вакцинација, што е прв случај на полио во САД од 2013 година, според Insider.com.

Деновиве беше објавена и веста дека вирусот на полио се шири во Велика Британија. Во последните шест месеци, за прв пат по 40 години, вирусот беше откриен во 116 примероци од отпадни води во осум лондонски области:

Аларм во Велика Британија: Се појави вирус кој се сметаше за искоренет, загрозени се малите деца – Независен Весник (nezavisen.mk)