Кичевчанецот што го бркааа четири дена за тест немал мајмунски сипаници


Кичевчанецот кој го „бркаше“ цела Македонија бидејќи четири дена одбиваше да се тестира на мајмунски сипаници,   нема мајмунски сипаници. Веста ја објави 24 Вести повикувајќи се на извори од Комисијата за заразни болести.  
 
Со тоа завршува сапунската опера во која покрај јавноста, се вклучија и политичките партии , иако здравствените кругови посочуваа дека оваа болест не е ковид и нема место за таква паника и реакции.
 
Епизодата со кичевчанецот потсети на иста таква сапунска опера пред некоја година кога цела Македонија ја чекаше кокошката што беше пратена во странство за да се испита дали има птичји грип, што исто така ќе покажа како неточно.