Уапсен жител на Василево, се сомничи за обљуба врз малолетничка од Радовиш


Полицијата вчера го лишила од слобода С.И. (21) од село Василево, струмичко. Тој е осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка од Радовиш.

Според соопштението на СВР Струмица, лицето било задржано во Полициската станица во Струмица, а за настанот бил запознаен и јавен обвинител од ОЈО Струмица.

Во соопштението се додава дека во текот на денешниот ден осомничениот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основниот суд во Струмица.