„Макпетрол“ – 75 години движечка енергија на македонската економија


Лидерот на пазарот со нафта и нафтени деривати „Макпетрол“ оваа година одбележува значаен јубилеј, 75 години од своето основање. Во овие 75 години „Макпетрол“ овозможи сигурен и ефикасен енергетски крвоток во целата држава. Компанијата растеше и се развиваше обезбедувајќи ја потребната енергија за потрошувачите, постојано стремејќи се кон подобрување на своите производи и услуги. „Јубилеите […]

Џ. К. Роулинг доби смртни закани по нападот на Салман Ружди


  Англија– Џ.К. Роулинг во саботата откри дека добила смртни закани по твитот за поддршка на колегата Салман Ружди, кој беше избоден со нож и останува хоспитализиран со тешки повреди од нападот. Авторката на Хари Потер беше меѓу безброј јавни личности кои споделија добри желби со Ружди на интернет – Стивен Кинг и Хилари Клинтон […]

Индексите на азиските пазари во плус, кинеските инвеститори претпазливи, неделен раст на Волстрит


Азиските индекси беа главно повисоки во понеделникот, при што инвеститорите во голема мера ја следеа реакцијата на пазарот на кинеските економски податоци. Пазарите на континентална Кина беа измешани. Шангај композитот благо падна, а Шенжен компонента порасна за 0,33 отсто. Индексот Ханг Сенг во Хонг Конг беше понизок за 0,28 отсто. Австралискиот S&P/ASX 200 порасна за […]

Принцот Хари и Меган ќе ја посетат Британија следниот месец


Англија – Принцот Хари и неговата сопруга Меган ќе ги посетат Велика Британија и Германија во првата недела од септември како дел од нивната работа со добротворни организации, изјави во понеделникот портпаролот на двојката. Двојката му се придружи на кралското семејство на службата за благодарност во Лондон во јуни, како дел од прославата на платинестиот […]

Медиуми: Морисон сам се поставил на неколку министерски позиции


  Информациите дека поранешниот австралиски премиер сам си се поставил на неколку министерски позиции за време на пандемијата од Ковид-19, денеска предизвикаа политички скандал. Неговиот наследник вети брза истрага. Премиерот Ентони Албанезе го обвини поранешниот шеф на Владата, Скот Морисон, за лоши политички потези, откако протекоа информации дека сам се поставил на позиции, меѓу другото, […]

Емилија Тодорова добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник


  Авторката Емилија Тодорова од Сиднеј, Австралија, е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник која ја доделува Агенцијата за иселеништво. Наградата е согласно одлуката од жири комисијата на Струшките вечери на поезијата и ѝ е доделена за збирката песни „Гравитација“. – Од име на директорот Слободан Близнаковски и од […]

Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови


Росана Петревска, портпаролка и лице за односи со јавноста која се етаблираше во светот на комуникациите, заедно со ќерката Лара од бракот со виолинистот Коки (Дуле и Коки) викендов можевме да ја видиме во Охрид каде ја диктира модата. Охрид како туристичка атракција, но и домаќин на гала- настани знае да биде писта на висока […]

„Жито Лукс“ со поддршка во реализација на камп за млади волонтери на Црвениот крст


  Црвениот крст на Република Северна Македонија, општинската организација Гази Баба во период од 29.07.2022 до 31.07.2022 организираше камп за млади на тема „Комуникациски вештини, тим и тимско работење“ во Велестово, Охрид. Станува збор за летен камп за регрутација на волонтери кои во иднина ќе помагаат во хуманитарните пунктови и во активностите на Црвениот крст. […]

МНТ со „Народен непријател“ и „Музичкиот времеплов“ со српски уметници вечер на „Охридско лето“


  Театарска претстава „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонски народен театар и концертот на српските уметници Андрија Минчиќ на кларинет, Тадија Минчиќ на фагот и Никола Цветковиќ на пијано, вечер се на програмата на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во претстава „Народен непријател“ играат: д-р […]

(Видео) Застрашувачка глетка: Водено торнадо во Палиури ги исплаши туристите


  Невремето кое зафати дел од Грција предизвика помали штети, а освен торнадото, а молњите предизвикаа и мал пожар, кој набрзо беше ставен под контрола. Туристите кои одмараа на плажата во туристичкото место Палиури во Грција беа изненадени од огромно торнадо кое брзо се формираше недалеку од брегот, токму пред нивните очи. Глетката беше навистина […]

Венецуела ја прекина испораката на нафта во Европа


  Венецуела ги суспендираше новите испораки на сурова нафта во Европа според договорот нафта за долг и бара гориво од италијанската „Ени“ и од шпанската „Репсол“ во замена за идните карго пратки, објави Ројтерс, цитирајќи три лица директно запознаени со ова прашање. Венецуелската нафтена компанија ПДВСА повеќе не е заинтересирана за договор „нафта за долг“ […]

Иран негира каква било врска со нападот врз Ружди


Иран денеска „категорично“ негираше каква било врска со нападот врз Салман Ружди, британскиот писател и автор на „Сатански стихови“, кој во петокот повеќепати беше прободен со нож на конференција во САД. Семејството на Ружди вчера изјави дека чувствува „големо олеснување“ затоа што тој е тргнат од респиратор. Меѓутоа, според најблиските, тој и понатаму е „во […]

Норвешките власти го усмртија моржот Фреја


  Властите во Норвешка ја усмртија женката-морж Фреја, која привлекуваше големо внимание кај луѓето кај фјорд близу главниот град Осло, откако се процени дека животното претставува опасност за луѓето. Моржот тежок 600 килограми, последниве неколку седмици стана атракција за посетителите и набљудувачите во Норвешка, и покрај предупредувањата од надлежните лица дека луѓето треба да се […]

Национална мрежа против насилство: Дали државата навистина ги штити жените жртви на семејно и родово базирано насилство


  Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска преку соопштение реагира во врска со непостапувањето на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи (МЦСР) на Град Скопје во конкретен случај каде по пријава од страна на жртвата и после четири месеци, до ден денес, не се преземени никакви мерки на заштита. – Последните настани […]

Саудискиот нафтен гигант оствари рекорден профит, 48 милијарди долари за еден квартал


  Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ го собори сопствениот рекорден профит бидејќи во вториот квартал од оваа година оствари профит од 48 милијарди долари. Ова е зголемување од 90 отсто во однос на истиот период минатата година и претставува највисока нето добивка на најголемиот светски извозник на нафта од 2019 година. Во исто време, нето добивката […]

Народната банка го објави Поимникот на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење


  Во рамки на активностите за финансиска едукација, Народната банка изработи Поимник на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење. Со Поимникот, како што информира Банката, е објаснето значењето на околу стотина стручни термини, на едноставен јазик, разбирлив за широката јавност. -Финансиската едукација е една од стратегиските цели на Народната банка. Населението коешто има […]

Халеп победничка на турнирот во Торонто


  Канада – Романската тенисерка Симона Халеп го освои трофејот на ВТА турнирот во Торонто, Канада. Романката синоќа во финалето ја победи Беатриз Хадад Маја од Бразил со 2-1, по сетови 6:3, 2:6 и 6:3. За Халеп ова е деветта титула на ВТА 1000 турнирите и вкупно 24-та во кариерата. Воедно, ова е нејзината највредна титула […]

Реал 14 сезони по ред без пораз во стартното коло од Ла Лига


  Шпанија – Реал Мадрид 14 сезони по ред нема пораз на воведниот натпревар од сезоната во Шпанското фудбалско првенство. Избраниците на тренерот Карло Анчелоти синоќа во 1. коло извојуваа победа со пресврт над Алмерија на гостински терен со 2:1. Последен пат „Кралевите“ го започна шампионатот на Шпанија со пораз во сезоната 2008/09. Тогаш загубија на […]

Истрага на ФБИ дали Алек Болдвин го повлекол чкрапалото кога е убиена Хачинс


  САД– Пиштолот не можел да испука на сетот на Rust ако Алек Болдвин не го повлекол чкрапалото , според форензичкиот извештај на ФБИ до кој дојде ABC News. При тоа беше убиена кинематограферката Халина Хачинс, а режисерот Џоел Соуза беше повреден . Во инцидентот, кој се случи минатиот октомври во Санте Фе, Ново Мексико, […]

Во Скопје 164 казнети возачи, 94 за брзо возење


  На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.   Како што информира Министерството за внатрешни работи, во акциските контроли во […]