„Жито Лукс“ со поддршка во реализација на камп за млади волонтери на Црвениот крст


 

Црвениот крст на Република Северна Македонија, општинската организација Гази Баба во период од 29.07.2022 до 31.07.2022 организираше камп за млади на тема „Комуникациски вештини, тим и тимско работење“ во Велестово, Охрид. Станува збор за летен камп за регрутација на волонтери кои во иднина ќе помагаат во хуманитарните пунктови и во активностите на Црвениот крст.
Со организирње ваков летен камп се зајакнаа способностите и капацитетите на младите волонтери кои напорно работеа и ќе работат за доброто на општеството.

Притоа, младите се стекнаа со нови вештини, но ги надополнија и веќе стекнатите, а главен акцент беше ставен на комуникацијата и тимското работење, сѐ со цел полесно остварување на целите на Црвениот крст.
Во организација на кампот со донација на производи се вклучи и „Жито Лукс“ која, како општествено одговорна компанија, традиционално има соработка со Црвениот крст и помага со донации во реализација на најразлични активности на Црвениот крст.