Халеп победничка на турнирот во Торонто


 

Канада – Романската тенисерка Симона Халеп го освои трофејот на ВТА турнирот во Торонто, Канада.

Романката синоќа во финалето ја победи Беатриз Хадад Маја од Бразил со 2-1, по сетови 6:3, 2:6 и 6:3.

За Халеп ова е деветта титула на ВТА 1000 турнирите и вкупно 24-та во кариерата. Воедно, ова е нејзината највредна титула од турнирот во Рим 2020 година.

По успешниот настап во Канада, Романката која во минатото беше прв светски рекет, од денес е шеста на светската ранг-листа на ВТА, односно бележи прогрес за девет позиции.