„Твитер“ соопшти дека не прекршил ниту една од своите обврски од купопродажниот договор со Маск


„Твитер“ соопшти дека не прекршил ниту една од своите обврски од договорот за преземање со извршниот директор на „Тесла“ и на „Спејс Икс“, Илон Маск, кој се откажа од купувањето. Маск во петокот објави дека се откажува од намерата да ја купи компанијата за 44 милијарди долари, тврдејќи дека „Твитер“ не открил важни информации, како […]

Две жртви во неколку напади на познат синџир продавници во Калифорнија


Две лица загинаа, а тројца се ранети во грабежи на шест продавници на американскиот ланец „7-Eleven“ (7-11) во Јужна Калифорнија. Локалните власти соопштија дека трагаат по еден напаѓач. Нападите беа извршени во период од околу пет часа на 11 јули (7-11), денот кога националниот бренд ја слави својата годишнина. Вчера беше 95-годишнината на брендот и продавниците нудеа бесплатни пијалаци. […]

Бугарите реагираат за малиот број билети доделени на ЦСКА за натпреварот со Македонија ЃП


 Во денешните изданија на бугарските медиуми се појавија реакции околу малиот број билети доделени на софискиот клуб за натпреварот со Македонија ЃП во Конференциската лига на УЕФА. Имено, клубот од Ѓорче Петров натпреварот како домаќин ќе го игра на „Петар Милошевски“ во центарот на ФФМ. Според правилата на УЕФА, обезбедени се 5 % од капацитетот […]

Со ист ТАГ уред низ Македонија, Србија и Албанија: Од септември електронска патарина на Отворен Балкан


Правните служби на три компании за наплата на патарина во Србија, Северна Македонија и Албанија работат на подготовка на договор за експлоатација на електронската наплата на патарина на Отворен Балкан, а потпишувањето се очекува на почетокот на септември, изјави за Танјуг, Зоран Дробњак, директор на Патишта на Србија. Според него, комплетниот развој на системот за […]

Меган Маркл го продава домот во ЛА за 1,8 милиони долари


САД– Да, добро прочитавте: Поранешниот дом на Меган Маркл во Лос Анџелес е на пазарот за неверојатни 1,8 милиони долари. Пространата куќа со четири спални соби и три бањи се простира на 2.262 квадратни метри . Има грандиозна надворешност со масивни прозорци обвиткани во железни безбедносни решетки со прекрасен влез со столбови што одговара, добро, […]

СДСМ го поддржа францускиот предлог


  Централниот одбор на СДСМ синоќа го поддржа процесот за отпочнување на преговорите за полноправно членство на земјава во ЕУ согласно Предлог – преговарачката рамка за пристапни преговори со Унијата од последниот европски предлог од 30 јуни 2022 година, предложен од француското претседателство.   – Водејќи се од државните и национални интереси, највисоките стратешки цели […]

Најбогатиот Украинец ја предава целата своја медиумска империја на државата


Украина – Најбогатиот Украинец Ринат Ахметов синоќа изјави дека ја предава целата своја медиумска империја на државата, како дел од законот кој има за цел да го намали влијанието на олигарсите врз економијата. – Оваа недела Медиа Груп Украина (Media Group Ukraine) ќе и ги предаде на државата сите украински лиценци за нашите телевизиски канали и печатени медиуми. […]

40 возбудливи вечери, над 1000 уметници- почнува 62. „Охридско лето“


  Со настап на четворицата италијански тенори Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, под диригентската палка на маестро Лоренцо Бицари од Италија, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет вечерва ќе биде отворено 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во […]

Наследникот на Џонсон во партијата ќе се знае на 5 септември


Англија – Името на наследникот на Борис Џонсон на чело на владејачката британска Конзервативна партија треба да биде познато на 5 септември, соопшти синоќа парламентарната комисија одговорна за утврдување на правилата за гласање. Одборот соопшти дека поднесувањето на кандидатурите ќе биде завршено денеска, а првиот круг на гласање, во кој ќе бидат елиминирани неколку од досега […]

Без вода дел од скопско Тафталиџе


Поради дефект на ф-100 милиметри на улица „Копенхагенска“ број 4, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „Софиска“, „Стокхломска“ и „Његошева“ во скоспката населба Тафталиџе. Водоснабдувањето, како што информираат од РЦУК Скопје, ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување со санација на дефектот. 

Сончево со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 31 степен. УВ – индексот ќе изнесува осум. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната […]

Ѓоковиќ на балкон во Белград: Тој инает го симболизира духот на нашиот небесен народ


  Луѓе од Белград и од цела Србија во голем број му приредија свечен пречек на новиот, стариот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ. Платото пред Стариот дворец беше претесно за да ги прими сите кои сакаа да се поздрават со најдобриот српски тенисер досега, сопственик на 21 Грен слем титула, од кои седум на Вимблдон […]

Европа се топи на 43 степени (Галерија)


  Европа силно страда бидејќи температурите се искачуваат до над 43 степени Целзиусови предизвикувајќи суша во Италија, како и шумски пожари во Португалија и Шпанија. Континентот се пече на екстремни температури, бидејќи дури и стереотипниот британски летен дожд е нарушен од жива од над 31 степени. Намалувањето на врнежите во Италија за 45 отсто, во […]

„Твитер“ загуби 2 милијарди долари: Повлекувањето на Маск ги турна акциите во пад од 7 отсто


Акциите на „Твитер“ паднаа за 7,2 отсто на 34,17 долари утринава на тргувањето во 6:40 часот по ET, пред официјалното отворање на Волстрит, откако Илон Маск се повлече од договорот за купување на компанијата за 44 милијарди долари. Компанијата е на пат да загуби околу две милијарди долари од пазарната вредност, откако Маск се откажа […]

Германија и Чешка потпишаа декларација за надминување на зависноста од руските енергетски извори


Германија и Чешката Република во понеделникот потпишаа декларација со која ветуваат дека ќе ја надминат зависноста од руските енергетски извори и ќе ја забрзаат транзицијата кон зелена енергија, во време кога намалените испораки на руски гас ја загрозуваат безбедноста на снабдувањето низ Европа. Во понеделникот започна ремонтот на најголемиот гасовод од Русија до Европа, поради […]

Барел нафта под 105 долари, трговците стравуваат од ширење на Ковид-19 во Кина


Цените на нафтата паднаа под границата од 105 долари на меѓународните пазари во понеделникот, бидејќи стравувањата од ширење на Ковид-19 во Кина и падот на побарувачката повторно се разгореа кај трговците, надминувајќи ја ограничената понуда. На лондонскиот пазар цената на барелот беше за 2,08 долари пониска од претходното затворање и изнесуваше 104,94 долари. На американскиот […]

Сè повеќе земји во развој се соочуваат со можен банкрот


Има три работи кои би можеле да доминираат во вестите во наредните месеци: енергетската криза во Европа, падот на вредноста на различни видови средства и низата банкротства во земјите во развој и натамошниот колапс на берзата. Инфлацијата ќе остане важна тема, но во моментов е многу тешко да се предвиди насоката и силата на нејзиниот […]

Хитроу во последен момент откажа летови за 10.000 патници


Во понеделникот, лондонскиот аеродром Хитроу нареди откажување на десетици летови кои требаше да превезуваат околу 10.000 патници. Откажани се 61 лет, бидејќи аеродромот во западен Лондон вели дека не може да прими толку многу патници. Од авиокомпаниите е побарано да не префрлаат патници на алтернативни летови закажани за понеделник. Неисправност во системот за багаж на […]

Во Африка повторно се појави најсмртоносниот вирус за кој нема лек


Две лица во Гана починаа од екстремно смртоносниот вирус марбург, па здравствените институции се подготвуваат за потенцијална епидемија. Лекарите рекоа дека пациентите развиле симптоми како што се дијареа, треска, гадење и повраќање. Претставникот на Светската здравствена организација во Гана, Френсис Касоло изјави дека здравствените служби се на терен и ја истражуваат ситуацијата и подготвуваат одговор […]

Казнети 262 мотоциклисти, одземени девет мотоцикли


 Санкционирани се 262 возачи на мотоцикли за направени прекршоци во периодот од 4 до 10 јули во рамки на засилена акциска контрола на територијата на државата.   -Од нив, 182 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 45 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема […]