Наследникот на Џонсон во партијата ќе се знае на 5 септември


Англија – Името на наследникот на Борис Џонсон на чело на владејачката британска Конзервативна партија треба да биде познато на 5 септември, соопшти синоќа парламентарната комисија одговорна за утврдување на правилата за гласање.

Одборот соопшти дека поднесувањето на кандидатурите ќе биде завршено денеска, а првиот круг на гласање, во кој ќе бидат елиминирани неколку од досега пријавените 11 кандидати, ќе се одржи в среда.

Џонсон, кој на 7 јули поднесе оставка од функцијата лидер на конзервативците, тогаш изјави дека ќе остане на чело на владата до изборот на нов лидер на партијата, кој автоматски ќе стане премиер.