Осми ден протести против францускиот предлог


Пред Владата вечерва осми ден под мотото „Ултиматум, не благодарам“ продолжија протестите против францускиот предлог. Засега, протестот поминува мирно. Објектите на Собранието и на Министерството за правда се обезбедени од полициски кордони. Учесниците на протестот со македонски знамиња и предводени од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица се движат од Владата кон Министерството за правда до Собранието како […]

МНР: Повторно се појавија неточни информации за содржината на Протоколот


Министерството за надворешни работи соопшти дека во јавноста повторно се појавија неточни информации за содржината на Протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, кој треба да претставува записник од предвидената Заедничка меѓувладина комисија која произлегува од Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година.   -Во јавноста е пласиран текст на бугарски јазик, кој […]

Поранешниот шеф на Ф1, Еклстоун, ќе биде обвинет за даночна измама во Британија


Англија (АП) – Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон, ќе биде обвинет за измама со лажно претставување по владината истрага за неговиот имот во странство, соопштија во понеделникот британските обвинители. Главниот обвинител Ендрју Пенхал рече дека по прегледувањето на доказите од даночната служба, властите одобриле обвинение против Еклстоун поради неговото непријавување на средства во […]

Град Скопје донесе одлука за ослободување од надоместок за изградба на нова детска градинка во Бутел


На денешната 13-та седница на Советот на Град Скопје, е донесена одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на нова градинка во Општина Бутел. Со оваа одлука инвеститорот Општина Бутел се ослободува од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште кон Градот Скопје, за изградба на нова […]

Во Франција 108 починати и 18.605 хоспитализирани пациенти од Ковид-19 за 24 часа


  Франција– Епидемијата на Ковид-19 се враќа во Франција веќе неколку недели, така што денеска се регистрирани 108 смртни случаи од вирусот, според најновите податоци на Јавното здравство во Франција. Во моментов се хоспитализирани 18.605 пациенти, од кои 176 се во критична состојба. Бројот на откриени нови случаи ќе биде соопштен подоцна во вечерните часови, јави […]

Поради високите температури во Лондон се запали дел од железничка пруга


Железнички пруги се запалија рано денеска на мост во Лондон, што резултираше со делумeн прекин на сообраќајот, а настанот се вели дека е резултат на топлотниот бран и високите температури. Британските медиуми објавија дека искра ги запалила пругите во Батерси, населба во јужниот дел на Лондон, откако целата земја ја зафати топлотен бран. Стив Вајт, […]

Радев: Бугарија категорично ја поддржува Црна Гора на патот кон ЕУ


Претседателот на Бугарија Румен Радев, кој е во посета на Црна Гора, изјави дека Бугарија категорично ја потврдува поддршката за европскиот пат на Црна Гора, пренесува БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, по средбата со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во историската престолнина Цетиње, Радев изјави дека Црна Гора е најнапредната земја во […]

Кривична пријава против 26-годишник за фрлање „молотови коктели“ кон полицијата пред Собранието


Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Ф.(26) од Скопје, осоомничен  за сторени две кривични дела – „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ и „предизвикување општа опасност“. -На 5 јули 2022 околу 21 часот, за време […]

Руте: Војната во Украина може да трае долго, Западот да продолжи да ја поддржува земјата


Војната во Украина може да трае долго, но Западот треба да продолжи да ја поддржува земјата на сите можни начини, изјави холандскиот премиер Марк Руте за време на посетата на Киев. „Оваа војна може да трае подолго отколку што очекувавме и се надевавме. Но, тоа не значи дека ќе останеме со скрстени раце и ќе […]

Јапонците му оддаваат почит на Абе, утре ќе биде неговиот погреб


Голем број луѓе пристигнуваат во храмот во Токио за да му оддадат почит на некогашниот јапонски премиер Шинѕо Абе, чие убиство ја засени изборната победа на владејачката партија со која доминираше. Премиерот Фумио Кишида, кој има шанса да ја зацврсти сопствената моќ по успехот на изборите, како и американската министерка за финансии, Џенет Јелен, беа […]

Едно лице убиено, петмина ранети во пукотница пред кафеана во Канзас


Едно лице е убиено, а петмина се ранети во пукотница пред кафеана во Канзас, каде како обезбедување работеле полицајци кои не биле на должност. Пукањето се случило во неделата вечерта околу 23 часот по локално време по неред во еден бар, соопшти полицијата во Мисури. Тројца полицајци кои не биле на должност работеле како обезбедување, […]

Словенија го воведе првото ниво на предупредување поради намаленото снабдување со гас


Словенечката Регулаторна агенција за енергетика денеска го објави првото од четирите нивоа на рано предупредување за можни потешкотии во снабдувањето со природен гас, а Владата реагираше со низа препораки за можна заштеда на енергија преку рационално регулирање на температурата во државната администрација и јавниот сектор. Министерот за инфраструктура Бојан Кумер, кој утре ќе го придружува […]

ЕУ во 2021 година имала 172.000 жители помалку во споредба со 2020 година


Бројот на жители во Европска Унија лани, втора година по ред бележи пад поради последиците од пандемијата со Ковид-19, покажуваат податоците на Европската агенција за статистика – Евростат. Во денеска објавениот извештај на Евростат се наведува дека вкупниот број на жители во 27 земји-членки на ЕУ за една година е намачен за 172.000 луѓе. На 12 јануари 2021 година ЕУ имала 447 милиони […]

Португалија се „пече“ на плус 40, горат 36 шумски пожари


  Португалија се најде на удар на топлински бран, а во моментот има 36 активни шумски пожари, соопштија од цивилната заштита. Можно е пожарите да уништиле меѓу 2.000 и 2.500 хектари земјиште, поради што властите во целата држава прогласија трето, односно највисоко ниво на опасност. Температури над 40 степени Целзиусови Топлинскиот бран стигна вчера и […]

Чешка сака кандидатите за ЕУ да имаат предности, а не само титула


Чешка, која го презеде претседавањето со ЕУ на почетокот на јули, активно размислува за подобрување на процесот на проширување, а еден од фокусите, според официјалните претставници во Прага, е да му даде на кандидатскиот статус некои предности, освен само титула и бирократски процеси, објави „Фајненшл тајмс“ (ФТ). Идејата е од ситуација „сѐ или ништо“ чекалната на ЕУ да […]

Спасовски: На огласите за полициски службеници да се пријавуваат кандидати од ромската, српската, турската и од сите други етнички заедници


На огласите за вработување на полициски службеници да се пријават кандидати од ромската, српската, турската и од сите други етнички заедници порача Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање зошто во ОВР Берово нема вработени полициски службеници од ромската заедница. -За Берово е значајно да имаме полицајци Роми и ова некаде биде […]

Русите под жесток оган кај Керсон, само во еден ракетен напад загинаа 12 офицери


  Се смета дека 12 руски офицери биле убиени само во еден ракетен напад додека вооружените сили на Украина нанесуваат загуби на окупаторските војски со оружје доставено од Америка. Цел на нападот бил команден пункт на аеродромот „Чорнобаивка“, во близина на окупираниот јужен град Керсон, и се шпекулира дека убиле најмалку еден генерал и еден […]

Пет настани оваа недела кои ќе влијаат на светската и европската економија


Политичката и економската ситуација во светот е во застој со недели, а инфлацијата од година во година расте или стагнира при рекордни нивоа во Соединетите Американски Држави и во Европската унија. Резултатите од статистичките извештаи што ќе бидат објавени оваа недела ќе го одредат расположението на инвеститорите на краток и среден рок, додека земјоделците ширум […]

Советот на Европа може да го суспендира членството на Турција


 Европскиот суд за човекови права денеска соопшти дека Турција не ја спровела пресудата, со што се бара ослободување од затвор на Осман Кавала, со предупредување дека турските власти продолжуваат да одат во насока што може да доведе до суспензија на Турција од Советот на Европа. Комитетот на Советот на Европа, што го надгледува спроведувањето одлуки […]

Во изминатите три дена нови 524 случаи на Ковид-19, пријавени се четири починати лица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во период од 8 до 10 јули направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 524 нови случаи на Ковид-19, од кои 29 се реинфекции.   Оздравени се 463 пациенти, а нема пријавени починати лица во изминатите три дена. Регистрирани се четири починати лица во период од 28 јуни […]