Португалија се „пече“ на плус 40, горат 36 шумски пожари


 

Португалија се најде на удар на топлински бран, а во моментот има 36 активни шумски пожари, соопштија од цивилната заштита.

Можно е пожарите да уништиле меѓу 2.000 и 2.500 хектари земјиште, поради што властите во целата држава прогласија трето, односно највисоко ниво на опасност.

Температури над 40 степени Целзиусови

Топлинскиот бран стигна вчера и се очекува дека ќе трае барем до четврток, со зголемен ризик од зибивање пожари, поради сушите и температурите над 40 степени Целзиусови.

Најпогодени се градовите Оурем и Помбал во средиштето на земјата како и северната општина Рибеира да Пена. Во гасењето на пожарите во тие подрачја учествуваат околу 1.000 пожарникари и припадници на цивилната заштита, со околу 700 во околината на Оурем.

Стигнуваат извештаи за уништени куќи и настрадани животни. ЕУ од Шпанија упати два канадери на помош. Во моментот на гасењето на пожарите во Португалија ахгажирани се 60 канадери.