Претседателот на Шри Ланка избега на Малдивите, гневот не стивнува


  КОЛОМБО, Шри Ланка – Претседателот на Шри Ланка побегна од земјата рано во средата, само неколку часа пред да вети дека ќе се повлече под притисок на демонстрантите лути поради економскиот хаос што предизвика сериозен недостиг на храна и гориво. Но, кризата што ја зафати островската држава со месеци беше далеку од завршена: илјадници […]

Македонскиот процесор „КаСис“ склучи договор со финтек компанијата „Рубикон“ од Албанија


Единствениот македонски процесор „КаСис“ АД Скопје склучи договор со финтек компанијата „Рубикон“ од Албанија за соработка во доменот на персонализација на чип картички, виртуелни картички, е-commerce и опслужување на мрежа на ATM-и. „Овој договор е потврда дека ‘КаСис’ е прв избор и сигурен партнер не само на банките и е-трговците туку и на финтек компаниите […]

Големи шумски пожари во Франција, во тек евакуација (видео)


Пожарникарите се борат против големи шумски пожари на францускиот југозападен брег на Атлантикот, затоа што сушата и топлотниот бран створија идеални услови за ширење пожари. Шумксите пожари во областите Ландирас и Тесте-ду-Буч проголтаа околу 450 хектари земја. Од Бордо можење да се види голем столб црн чад, пренесе Франс инфо. #incendie #gironde #landiras pic.twitter.com/Q5HPZEujha — […]

За да се заштеди, Австрија препорачува туширање, а не капење


Граѓаните да се тушираат, а не да се капат. Тоа е една од препораките на австриското Министерство за енергетика со цел граѓаните да заштедат енергија. „Руската агресија на Украина нè носи пред нови предизвици. Поболно од кога и да е, ја чувствуваме долгогодишната зависност од рускиот гас и тоа не само по паричниците. За тоа […]

Најавено објавување запечатени документи од судењето на Роман Полански


  САД – Обвинителството во Лос Анџелес вчера објави дека повеќе нема да се противи на објавувањето на запечатените документи во случајот „Роман Полански“, коишто може да откријат несоодветно однесување на американското судство. Џорџ Гаскоњ, окружниот обвинител на Лос Анџелес, рече дека неговата канцеларија „утврдила дека е во интерес на правдата да се согласи да ги […]

Ноќната тура низ МСУ ги откри тајните на полската школа на колаж (фото)


Музејот на современа уметност во Скопје синоќа наликуваше на светските музеи кога посетителите од сите генерации ја имаа ретката можност со личен водич да ги погледнат актуелните изложби и да посведочат на креативната работа на ексклузивните гости на Музејот, полските  уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, едни од најзначајните европски уметници од својата генерација.  Утревечер, […]

Спектакуларните фотографии на телескопот „Џејмс Веб“


  Откако НАСА пред два дена ја објави првата фотографија која ја сними вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“, опишувајќи ја како досега најдлабока и наостра инфрацрвена фотографија на оддалечената вселена, сега објави и дополнителни фотографии. На првата фотографија прикажани се група галаксии наречени SMACS 0723 онакви какви што биле пред 4,6 милијарди години, објави американската вселенска […]

ССМ: Мора да се зачуваат работничките права пропишани во Законот за работни односи


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во соопштение до медиумите во пресрет на денешната седница на Уставниот суд, на која како што е најавено ќе се одлучува за „60 работни часови од Законот за номинирање стратешки партнер“, потсетува дека мора да се зачуваат работниците и работничките права пропишани и загарантирани во Законот за работни односи […]

Костадиновска-Стојчевска:  И „Охридско лето“ е потврда на македонскиот идентитет како дел од европската култура


  – Со години „Охридските лета“ се отвораа или се затвораа со фанфари и со мелодијата по Прличевите болни и тешки зборови од „Илјада и седимстотини шесдесет и второ лето“. Но, и покрај „словото горко, словото жалосно“ од Цариград, ние имавме вера, имавме црква – ниту со декрет нè укинаа, ниту со декрет можеа да […]

Ченто добива парк од половина хектар


Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве интензивно работат на уредување на новиот парк во населбата Ченто, кој се протега на површина од 5.000 квадратни метри, што го најавија градоначалничката Данела Арсовска и директорот на претпријатието, Ангеле Сотировски.    Во паркот што се протега од улицата „Јужноморавски бригади“ до каналот, екипите на ЈП „Паркови и […]

На Кириос „му треба Сигмунд Фројд“, вели Мекинро


Англија- Трикратниот шампион на Вимблдон, Џон Мекинро, изјави во вторникот дека на контроверзниот Австралиец Ник Кириос „му треба Сигмунд Фројд“ за да ги среди „демоните“ во неговата игра. Кириос издлаби понекогаш возбудлив, често контроверзен пат до финалето во Ол Ингланд Клуб каде што загуби во четири сета во неделата од Новак Ѓоковиќ. Во низа испади, […]

Зошто Дејвид и Викторија Бекам го избраа Лопуд во Хрватска за одмор?


  Хрватска – Познатата двојка Дејвид и Викторија Бекам неодамна ја прославија 23-годишнината од бракот и решија да си се почестат со романтично патување на остров близу Дубровник, па нивното „идилично сместување“ не мина незабележано. Поранешниот фудбалер и модната дизајнерка се одмораат со семејството на островот Лопуд, сместени во луксузен комплекс, наречен „Лопуд 1483“ … Станува […]

Украина ги напаѓа руските сили на окупираните делови на јужна Украина


  Украина покрена ракетни напади од долг домет врз руските сили во јужна Украина и уништи магацин со муниција, соопшти некзината војска, додека Русија продолжува да го бомбардира истокот на земјата. Во нападот на Нова Каховка во герионот Херсон загинаа 52 лица, соопшти укрианската војска. Властите на градот кои ги постави Русија велат дека најмалку […]

Шри Ланка: Демонстрантите упаднаа во канцеларијата на премиерот


 Демонстрантите денеска упаднаа во канцеларијата на премиерот на Шри Ланка додека претседателот побегна од земјата само неколку часа пред да поднесе оставка поради катастрофалната економска криза што предизвика сериозен недостиг на храна и гориво. Во последниве денови, демонстрантите окупираа неколку владини згради барајќи од нивните највисоки лидери да се повлечат. Претседателот Готабаја Раџапакса, неговата сопруга и двајца телохранители се качија на авион на […]

Новата подваријанта на короната „Кентаур“ брзо се шири и ги загрижува виролозите


Виролозите изразија загриженост за појавата на уште една омикронска варијанта која забрзано се шири, а веќе пристигна во Велика Британија. Варијантата БА.2.75 на корона вирусот, која ја нарекоа „Кентаур“, првпат беше откриена во Индија на почетокот на мај. Овде, случаите нагло се зголемија оттогаш, очигледно побрзо од оние на високо преносливата варијанта БА.5, која исто […]

Промоција на кампањата  „Со тебе сме – заедно против насилството врз жените и девојчињата“ 


  Кампањата „Со тебе сме – заедно против насилството врз жените и девојчињата“ денеска ќе биде промовирана во Скопје. На промоцијата најавено е обраќање на министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп. 

Опасен топлотен бран зафати делови од Кина, САД и Европа


Англија – Опасен топлотен бран зафати делови од Кина, САД и Европа при што најмалку 86 кинески градови издадоа предупредувања, а температурите се зголемуваат во југозападниот и централниот дел на САД и на Пиринејскиот Полуостров. Кинеските метеоролози предвидуваат дека температурата во некои градови во следните 24 часа ќе достигне 40 степени Целзиусови, пренесува лондонски „Гардијан“. Во Шангај, најнаселениот град во […]

За Бразил Русија е сигурен добавувач на дизел гориво


  Бразил– Бразил сака да купи што е можно повеќе дизел гориво од Москва, изјави бразилскиот министер за надворешни работи Карлос Франка во Обединетите нации. Франка ја окарактеризира Русија како стратешки партнер и нагласи дека неговата земја се соочува со недостиг на дизел гориво потребно за земјоделството и возачите. – Затоа баравме многу сигурни добавувачи на дизел, а Русија е една од нив, […]

ДПМ одбележува 75 години постоење


На платото пред градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија вечерва ќе се одбележи 75-годишнината од основањето на Друштвото на писателите на Македонија. Настанот ќе биде во два дела. Предвидено е излагање за историјатот на ДПМ и актуелните предизвици и работни активности на Друштвото, по што ќе следи поетско читање од страна на повеќе членови на […]

Премиера на краткометражниот филм „Синиот час“ на Синедејс


  Во рамки на фестивалот на европски филм „Синедејс“ вечерва во МКЦ парк кино ќе се одржи премиера на краткометражниот игран филм „Синиот час” по сценарио и во режија на Ана Јакимска. „Синиот час” е копродукција на Кавал филм од Скопје со Круг филм и Филмс за нас. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за […]