Украина ги напаѓа руските сили на окупираните делови на јужна Украина
Украина покрена ракетни напади од долг домет врз руските сили во јужна Украина и уништи магацин со муниција, соопшти некзината војска, додека Русија продолжува да го бомбардира истокот на земјата. Во нападот на Нова Каховка во герионот Херсон загинаа 52 лица, соопшти укрианската војска.
Властите на градот кои ги постави Русија велат дека најмалку седум луѓе загинале, а околу 70 се повредени, јави руската новинска агенција Тас. Ударот следи откако Вашинготн на Украина ѝ испорача напредни мобилни топовски состави ХИМАРС за кои Кивер вели дека нивните сили ги користат се поуспешно.
Ројтерс не можел независнод а ги провери информациите од боиштето. „На темел на резултатите од нашите ракетно-топовски сили, непријателот изгуби 52-ца, хаубица Мста-Бе, минофрлач и седум оклопни и други возила, како и магацин со муниција во Нова Каховка“, објави украинското воено заповедништво.
Проруски функционеи велат дека во нападот се убиени и цивили. Подрачјето е од стратешка важност поради пристапот до Црното Море, некогаш успешно земјоделско подрачје и положбата северно од крим кој е анектиран од Русија.
Уште многу луѓе има под урнатините
Видеоснимките објавени на социјалните мрежи покажувааѕ огромна огнена топка како експлодира кон ноќното небо. Сликите кои ги објавија руските државни медиуми покажуваат пустош прекриена со урнатини и остатоци од згради.
Функционер на локалната управа кој ја поддржува русија вели дека Украина употребила ракети ХИМАРС и дека уништени се магацини каде имало шалитра, хемиско соединение коие може да се употреби за изработка на ѓубриво, но и на барут.
„Има уште многу луѓе под рушевините. Повредените се превезуваат во болница, но многумина се блокирани во своите станови и куќи“, пренесе Тас Владимир Леонтиев, челник на воено-цивилната управа на округот Каховка, кој го постави Русија.
Вели дека се погодени магацини, продавници, аптеки, бензински станици и црква. Украинското министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето за коментар за видот на користено оружје.
Русија продолжи да ја напаѓа источна Украина во обидот да ја преземе контролата над покраината Доњецк и на целиот индустриски регион Донбас. Москва порано овој месец ја зазеде покраината Луганск, кој е дел од Донбас.