Поранешен советник на Трамп откри дека планирал државни преврати во странски земји


  САД – Поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон за Си-Ен-Ен изјави дека тој лично бил вклучен во „планирање државни преврати“ во странски земји. На забелешка на водителот дека не треба да се биде „супер паметен за да се планира државен удар“, Болтон рече дека не се согласува. – Како некој што помогнал во планирањето на државни удари, не овде, […]

Олимпијадата во Париз најверојатно без руски и белоруски спортисти


  Франција– Меѓународниот олимписки комитет (МОК) не ја исклучи денеска можноста на Олимписките игри 2024 во Париз да им биде забранет настап на спортистите од Русија и Белорусија поради инвазијата врз Украина. – Ќе мораме да донесеме одлука за тоа што ќе се случува со секоја од овие две држави, а мојата претпоставка е дека општиот впечаток […]

Сончево со мала до умерена облачност 


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. На југоистокот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж пошироко Повардарие повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степен. УВ=7 Во Скопје сончево со мала до умерена […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 13 јули 2022 година, 189-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 176 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 8 минути, а ќе зајде во 20 часот и 9 минути. Денов трае 15 часа и 1 минута. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Додик: Сам ќе си воведам санкции, да не се мачи Германија


  Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, вечерва напиша за Германија да не воведува санкции против него, тој самиот ќе си ги воведе. „За да не се мачат, од денеска си воведувам санкции. Ниту имам имот во Германија, ниту планирам да одам таму“, напиша Додик на Твитер. Тој оцени дека Германија со својата […]

Шпекулациите за бугаризација се страшила за вознемирување на граѓаните, вели Османи


  Со оваа формулација во рамката, стравовите за јазикот се неосновани. Сега прв пат имаме шанса да го затвориме тоа прашање. Граѓаните имаат право на протести, на критики и на политички активности, но целиот овој анти-наратив е заснован на неточни, погрешни толкувања на францускиот пакет, рече вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во гостувањето […]

Да уживаме во уметноста – Пендаровски го отвори 62. „Охридско лето“


  Да уживаме во уметноста, во благородното и во убавото, порача претседателот на државата Стево Пендаровски на отворањето на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Пандемијата, нагласи тој, две години оневозможи вистинска фестивалска атмосфера и влијаеше врз фестивалската програма, но „Охридско лето“ на достоинствен начин се враќа со квалитетна понуда на музички и сценски настани […]

Заврши протестот против францускиот предлог


По деветти пат под мотото „Ултиматум, не благодарам“ граѓаните денеска пред Собранието го изразија револтот против францускиот предлог. Протестот започна пред Владата, продолжи кон Министерството за надворешни работи каде учесниците побараа оставка од министерот Бујар Османи. На улицата пред зградата на МНР  тие испишаа графити „Македонија не е на продажба“, а потоа се упатија кон […]

Хондурас: Мост кој не води никаде


Мостот „Чолутека“ е мост кој не води никаде, а се наоѓа во Хондурас. Имено, во 1996 година, граѓаните на хондурас го обновиле мостот на реката Чолутека, а тој е дизајниран да може да издржи ураган или некоја друга природна катастрофа. Но, во 1998 година Хондурас бил погоден од ураганот „Мич“, бура од 5-та категорија, поради […]

Европски држави со најмногу автомобили по жител, Македонија на 29-то место


Луксембург е земјата каде на 1.000 жители има најмногу автомобили во Европа. Британскиот осигурителен портал “Confused.com”,  обработи податоци на Еуростат за 2019-та година и направи листа на европски земји по број на автомобили на 1.000 жители. Очекувано, земјата со најголем сооднос на бројот на автомобили во однос на населението е Луксембург, една од најбогатите светски […]

Најдобриот зеленчук за намалување на крвниот притисок


Високиот крвен притисок може да доведе до зголемен ризик од болести на срцето и мозочен удар. За да го намалат крвниот притисок, луѓето го ограничуваат внесот на натриум, вежбаат и јадат намирници кои се здрави за срцето, вклучувајќи зеленчук, пишува хрватскиот „Index“. Зеленчукот е преполн со здрави нутриенти и природно има низок удел на натриум. […]

Германија моли за работници: Угостителите бараат итен увоз на работна сила


Угостителската индустрија практично се затвори за време на пандемијата во 2020 година, а во 12-те месеци од јуни истата година, повеќе од 10 проценти од работната сила во индустријата најде работа на друго место. Поголемиот дел од нив отиде во малопродажните синџири. Германските ресторани сега бараат од владата итно да ја олесни имиграцијата на квалификувани […]

Контра ставови и обвинувања на општиот претрес за ребалансот, седницата продолжува утре


Пратениците од власта и опозицијата во попладневниот дел од денешната собраниска седница продолжија да ги спротивставуваат ставовите околу ребалансот на Буџетот, но изнесоа и низа обвинувања едни кон други. СДСМ повтори дека ребалансот е насочен кон справување со економската криза, дека ќе овозможи продолжување на сите мерки за поддршка, посебно за најранливите категории граѓани, како […]

СЗО: Ковид-19 останува глобална вонредна состојба


    Швајцарија – Светската здравствена организација денеска соопшти дека Ковид-19 сè уште е глобална вонредна состојба, речиси две до две и пол години откако првпат беше прогласена. Комитетот за вонредни состојби, составен од независни експерти, во соопштение потенцира дека зголемениот број случаи, постојаната еволуција на вирусот и притисокот врз здравствените услуги во голем број земји […]

Левица: Протоколот ја прави Македонија колонија на Бугарија


Левица тврди дека Протоколот, чија содржина се уште не е објавена официјално,  ја прави Македонија колонија на Бугарија. Според Левица ,Македонија за старт на преговори мора: 1. Да внесе Бугари во Уставот и цело законодавство Со ова, едната крајна цел е во бројот на Бугари во Македонија да влезат сите Македонци со бугарски пасош. Потоа, […]

ЕУ досега замрзна руски имот во вредност од 13,8 милијарди евра


  Чешка – Европската унија досега замрзна имот на руски олигарси, поединци и на компании во вредност од 13,8 милијарди евра. На „црната листа“ на ЕУ, моментално има 98 компании и организации, како и речиси 1.600 поединци поради одредена руска улога во Украина. – Досега запленивме имот на олигарси и на ентитети во вредност од 13,8 […]

МНР со нота побара да продолжи потрагата по исчезнатото момче


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари телефонски разговор со својот грчки колега, Никос Дендијас, на кој беше разговарано за состојбата со потрагата по исчезнатото момче од земјава.   За време на разговорот Османи замоли за продолжување на потрагата и покрај изминувањето на редовниот рок, при што беше информиран од својот колега дека е […]

Илјадници куфери изгубени на германските аеродроми поради недостиг на персонал


 Во екот на сезоната на летни одмори, германските аеродроми го трупаат багажот што не им е предаден на сопствениците поради недостиг на персонал, објавија денеска германските агенции. Само на аеродромот во Минхен, како што јави ДПА, биле депонирани неколку илјади парчиња багаж кои биле изгубени на патот до нивните сопственици. На најголемиот германски аеродром во […]

Излезе од болница Иван кој се спаси од морските длабочини благодарение на детска топка


Триесет годишниот Иван кој од длабочините на Егејското Море кај Халкидики се спаси благодарение на изгубена детска топка, денес се чувствува добро и е отпуштен од болницата Папаниколау во Солун, каде што беше хоспитализиран од неделата напладне, објави грчкиот портал Protothema, Лекарите велат дека тој е во одлична состојба и може да патува, односно да […]

Во Кина црвен аларм – покривите и патиштата се топат


  Кина– Во многу кинески градови владеат високи температури, при што од топлотните бранови се топат покривите на зградите и патиштата, додека непријатното време ги принуди луѓето во подземни засолништа, пренесуваат медиумите во светот.   До вторник во 11 часот, 68 градови – вклучително Шангај и блискиот Нанџинг – објавија црвен аларм, највисок во тристепениот […]