Студио за колор-корекција и монтажа во НУФЦ „Вардар филм“


НУФЦ „Вардар филм“-Скопје  отвори студио за колор-корекција и монтажа по најсовремени стандарди, кое од денеска ќе биде на располагање на филмската фела во земјава. Националната установа со промотивно видео информираше за трансформацијата на запуштен простор во модерно студио. Целата инвестиција – инфраструктурниот дел и  набавката и монтажата на професионалната опрема  изнесува над три милиони денари. […]

Урсула фон дер Лајен ќе им се обрати на пратениците кога ќе расправаат за францускиот предлог


Како што може да се види од информациите на собраниската веб-страница на закажаната  седница за францускиот предлог треба да се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и тоа во 13 часот. Пратениците денеска преку СМС порака биле информирани дека 81. седница на чиј дневен ред ќе биде информацијата за содржината на предлог-преговарачката […]

Албанија четврта во Европа според намалување на бројот на населението


Во извештајот на Евростат за движењето на населението во Европа од 1960 годна, од кога ги објавува овие податоци, се наведува дека во 2022 година, населението на Албанија се намалило на 2,79 милиони жители, што е најниско ниво од 1982 година. Во споредба со раните 90-ти, населението се намалило за околу 15 отсто. Во 1991 […]

Пресуди за дивите копачи и продавачи на културното наследство во предметот „Ниџе“


Предметот со културното наследство познат како „Ниџе“, за кој Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кон крајот на септември минатата година отвори истрага против осум лица, денеска во Основниот кривичен суд заврши со пресуда. Како што информира Јавното обвинителство, откако шестмина обвинети во фаза на оценка на обвинителен акт признаа вина […]

Грковска договара антикорупциска сорабока со Фратини


Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во Рим имаше средба со претседателот на државниот совет на Италија Франко Фратини, со кого разговараа за можностите за соработка во областа на антикорупциските политики, но и во унапредувањето на регулативата за јавните набавки. Вицепремиерката Грковска изрази голема благодарност до претседателот Фратини за […]

На 4 години зголемена казната за возачот кој прегази девојка кај „Сити мол“


Апелациониот суд во Скопје му ја зголеми казната на Јордан Ѓоргиев, кој со своето возило ја усмрти Викторија Николова на пешачкиот премин на раскрсницата кај „Сити мол“. Казната е зголемена за една година, од првичната изречена која беше три години затвор. Причините за зголемување на казната ќе бидат образложени во пресудата. Претходно казната беше изречена […]

Лукашенко тврди дека западните земји планираат да ја нападнат Русија


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека со рускиот колега Владимир Путин разговарал за „плановите“ на Западот да ја нападне Русија. – Неодамна, а и вчера со Путин детално разговаравме за подготвените стратешки планови за напад врз Русија, истакна Лукашенко. Тој додаде дека „плановите“ предвидуваат офанзива „преку Украина и Белорусија“ врз Русија. Лукашенко вчера […]

Владата ги достави до Собранието документите од францускиот предлог


Владата денеска според барањата од вчерашната координација во Собранието, достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба. Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите […]

Двајца починати и 511 нови случаи на Ковид-19


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.489 тестови, а регистрирани се нови 511 случаи на Ковид-19. Во Скопје – 276, Куманово, Кавадaрци и Охрид – по 27, Велес – 23, Битола – 22, Тетово – 17, Прилеп – 15, Штип – 13, Струмица […]

Сликата што ја чекаа астрономите


Има толку многу галаксии овде. Тие светли, шилести точки се блиски ѕвезди, но секој мал овал, секоја блескава дупка е далечна галаксија, вртлива креација преполна со ѕвезди, прашина и планети. Некои од галаксиите во преден план се дел од јатото наречено SMACS 0723, толку масивно што неговата гравитација ја искривува светлината што доаѓа од други, […]

Хрватска официјално примена во еврозоната


Советот за економски и финансиски работи на Европска Унија (Екофин) ги усвои трите конечни правни акти, со кои Хрватска на 1 јануари 2023 година ќе може да го воведе еврото. – Би сакал да му честитам на мојот колега Здравко Мариќ и на цела Хрватска што стана 20. земја што се приклучи на еврозоната. Воведувањето […]

Во Штутгард започна процесот против „Мерцедес-Бенц“ за измама на потрошувачи


Во регионалниот суд во Штутгарт денеска започна процесот против „Мерцедес-Бенц“ поради сомнение за свесно мамење на потрошувачите односно со манипулирање на податоци за количеството штетни материи во издувните гасови. Федералната канцеларија за заштита на потрошувачи го обвини „Мерцедес-Бенц“ за свесна манипулација со дизел моторите со што извршено е кривично дело свесна измама на потрошувачи, кои […]

ЈО поднесе обвиненија за инцидентите на протестите во Скопје против францускиот предлог


  Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведената претходна постапка, денеска до надлежниот Суд поднесе обвинителни предлози против вкупно 12 лица за учество во инцидентите за време на протестите во Скопје против францускиот предлог за отпочнување преговори со Европската унија, од кои девет се обвинети за кривично дело „учество во толпа“, а три лица се гонат […]

Косана Мазнева е нов директор на „Комунална хигиена“


Денес за нов директор на јавното претпријатие „Комунална хигиена’ Скопје е назначена Косана Мазнева. Мазнева има повеќе од 15 години искуство, од кои како раководител на сектор природа во Министерство за животна средина и просторно планирање, одговорен инженер и советник за животна средина во АД „Електрани на Македонија“ и поранешен пратеник во два мандата. Високо […]

Германија ја зајакнува кибербезбедноста


Германија – Поради војната во Украина, германското Министерство за внатрешни работи презеде нови мерки за поголема кибербезбедност. Како што беше презентирано на прес-конференција, новите мерки вклучуваат воведување централен систем за видеоконференции за јавната администрација, кој би одговарал на највисоките безбедносни стандарди. Во Федералната служба за безбедност на информатичката технологија (БСИ) ќе се формира платформа за размена на информации за […]

Трајанов бара поширок партиски консензус околу заклучоците за преговарачката рамка


Ставот на Демократскиот сојуз е дека треба да се обезбеди поширок консензус во однос на предлог-заклучоците во врска со францускиот предлог од сите партии во Собранието, и од власта и од опозиција, изјави денеска на прес-конференција претседателот на партијата, Павле Трајанов. Како што напомена Трајанов доколку „не се создаде единство околу оваа преговарачка рамка“, тогаш […]

Руска амбасада: Русија не се меша во внатрешните работи на која било држава


 Русија не се мешаше, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава, вклучително и Северна Македонија, се вели во реакцијата објавена од Руската амбасада во Скопје во однос на изјавите на претседателот Стево Пендаровски во интервју за ТВ 21 на 8 јули и за весникот „Етнос“ на […]

Продолжува дезинсекцијата против ларви и возрасни форми на комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 14.07.2022 година (четврток) ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци. Исто така, на 16.07.2022 (сабота) година ќе започне авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, додека на 18.07.2022 (понеделник) година ќе започне терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Прскањето ќе се врши според […]

Ракетата „супер хеви“ повторно експлодира при тестирањето: Што вели Маск?


„Спејс икс“ долго се подготвува за прв орбитален лет со „старшип“, но тој значаен чекор повторно може да биде одложен. Бустерот „супер хеви“ дизајниран за „старшип“ експлодира на постројката на компанијата „Спејс икс“ која се наоѓа на Бок Чика во Тексас, а снимката од инцидентот се појави на социјалните мрежи. Бустерот се запали додека компанијата […]

Ноа Кирел претставничка на Израел на Евросонг во 2023


    Израел – Израел ја избра поп-ѕвездата Ноа Кирел како претставничка на Изборот за песна на Евровизија во 2023 година. Ноа Кирел (21) е една од најпознатите актуелни израелски поп-пејачки, со нејзините хитови „Pouch“, „Million Dollar“ и „Tikitas“. Таа не е само пејачка и танчерка, туку е и ТВ-водителка и топ-моделка. Била дел и од […]