Хондурас: Мост кој не води никаде


Мостот „Чолутека“ е мост кој не води никаде, а се наоѓа во Хондурас.

Имено, во 1996 година, граѓаните на хондурас го обновиле мостот на реката Чолутека, а тој е дизајниран да може да издржи ураган или некоја друга природна катастрофа.

Но, во 1998 година Хондурас бил погоден од ураганот „Мич“, бура од 5-та категорија, поради што реката го променила својот тек во потполно друг правец, така што повеќе не поминува под мостот.