Големи шумски пожари во Франција, во тек евакуација (видео)


Пожарникарите се борат против големи шумски пожари на францускиот југозападен брег на Атлантикот, затоа што сушата и топлотниот бран створија идеални услови за ширење пожари.

Шумксите пожари во областите Ландирас и Тесте-ду-Буч проголтаа околу 450 хектари земја. Од Бордо можење да се види голем столб црн чад, пренесе Франс инфо.

Телевизијата јави и за евакуации во неколку окрузи.

Француската метеоролошка служба издаде предупредување за жештини, а денеска се очекува температура до 37 степени Целзиусови.