ДПМ одбележува 75 години постоење


Фото: Б. Грданоски

На платото пред градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија вечерва ќе се одбележи 75-годишнината од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.

Настанот ќе биде во два дела. Предвидено е излагање за историјатот на ДПМ и актуелните предизвици и работни активности на Друштвото, по што ќе следи поетско читање од страна на повеќе членови на Друштвото. На настанот ќе се обратат директорот на библиотеката Стефан Марковски, членови на Претседателството и членови на Друштвото.

Организатор на настанот е библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија. Настанот се одржува во склоп на манифестацијата „Гевгелиско културно лето 2022“ под покровителство на Општина Гевгелија.